Комична анкета на куртон анкетарот Влајко кој се обидува со ПР инженеринг и весела математика да ги спаси ВМРОВЦИТЕ со надувани бројки и со бришење од политичката карта на големи партии со десетици иљади гласачи на свое конто како НСДП, ЛДП, ВМРО НАРОДНА, ДОМ, ДС, ГРОМ, ДОСТОИНСТВО, ИНТЕГРА, партиите на Турците, Власите, Ромите, Србите итн итн… Практично над 100 000 гласови од малите партии се додадени на контото на ВМРО ДПМНЕ во очаен обид да се засили позицијата на Мицковски во очајниот обид да исценира политичк криза.
Еве што склепал куртон Влајко:
ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ, покажува анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива.
За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто.
Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.