ШОКАНТНО: СДСМ КРАТОВО ТВРДИ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРАТОВО НАРЕДИЛ РУШЕЊЕ НА ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ЗА ДА СЕ ВРАТИ НАРОДОТ ВО КАФУЛЕТО НА СИЛЕКС?!
ШОКАНТНО: СДСМ КРАТОВО ТВРДИ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРАТОВО НАРЕДИЛ РУШЕЊЕ НА ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ЗА ДА СЕ ВРАТИ НАРОДОТ ВО КАФУЛЕТО НА СИЛЕКС?!
Екодебата во резиденцијата на ЕУ: Како да го заштитиме биодиверзитетот?
Екодебата во резиденцијата на ЕУ: Како да го заштитиме биодиверзитетот?
СРБИЈА СЕ ВРТИ КОН ЗАПАД - АНА БРНАБИЌ ГО НАПАДНА ПУТИН: ОВА ШТО РУСИЈА И ГО ПРАВИ НА УКРАИНА Е НЕПРАВДА И НАСИЛИЕ!
СРБИЈА СЕ ВРТИ КОН ЗАПАД - АНА БРНАБИЌ ГО НАПАДНА ПУТИН: ОВА ШТО РУСИЈА И ГО ПРАВИ НА УКРАИНА Е НЕПРАВДА И НАСИЛИЕ!
„Никогаш не сум се срамел повеќе од својата земја“ Руски дипломат во ОН поднесе оставка поради инвазијата врз Украина
„Никогаш не сум се срамел повеќе од својата земја“ Руски дипломат во ОН поднесе оставка поради инвазијата врз Украина
(ФОТО) Ковачевски на папата му подарил бројаница со охридски бисер и филигран, плоча од Влатко Стефановски…
(ФОТО) Ковачевски на папата му подарил бројаница со охридски бисер и филигран, плоча од Влатко Стефановски…
Подготовки во Соборниот храм за утрешната литругија на поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ
Подготовки во Соборниот храм за утрешната литругија на поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ
Кирил Петков го претстави планот како ќе падне ветото за Македонија
Кирил Петков го претстави планот како ќе падне ветото за Македонија
Спасен коњ од напуштен објект во Дебар Маало – згрижен во ЗОО Скопје
Спасен коњ од напуштен објект во Дебар Маало – згрижен во ЗОО Скопје

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ, ЗАМЕНИК ШЕФ НА АДОРА БИЗНИС ГРУПАЦИЈА: По големите инвестиции во банкарскиот и енергетски сектор, и по објектот на Златибор Србија каде срушивме рекорди за постигнати цени по метар квадратен, имаме амбициозни планови за враќање на домашната градежна сцена

Разговор за годишното издание на престижниот „Економист“ со Душко Чифлиганец, заменик претседател на „Адора бизнис групација“.

Во 2021 година, која беше година на пандемијата на ковид-19 и на големи предизвици, градежниот бренд „Адора инженеринг“ се „закрупни“ во „Адора бизнис групација“. Зошто се одлучивте на овој потег?

Пред неколку години почнавме со диверзификација на нашето корпоративно портфолио со инвестирање во стратешки компании, дел од домашниот секундарен пазар на хартии од вредност. Во периодот што следуваше, почувствувавме добар елан во берзанското вложување и со тоа ги интензивиравме нашите инвестиции и позиции во неколку клучни домашни компании.

Минатата година, во Белград, ја креиравме нашата ќерка-компанија Adora Living Solutions, која е претставник на нашиот градежен бренд во Србија. Постојат уште неколку компании што се во наша семејна сопственост, инволвирани во различни бизнис-сфери и географски региони.

Така што, поради растечкиот број на компании, кои работат под наша сопственост и менаџмент, и нашите тогашни идни планови за нови деловни проширувања, логично беше и одлучивме да се претставиме како Адора бизнис групација, со цел полесна комуникација и идентификација на сите компании што се под капата на нашата матична Адора инженеринг. Името суштествено не менува ништо.

Неодамна, корпоративното портфолио на „Адора“ се прошири со инвестиција во топлинската енергија, со купување на градските топлани Исток и Запад. Енергетиката е од највисок интерес за граѓаните и државата, што за Вас значи овој нов бизнис-предизвик?

Ова деловно проширување е дел од нашата долгорочна корпоративна стратегија за креирање на стратешки диверзифицирано портфолио во неколку клучни економски и стопански гранки.

Покрај финанскиот сектор, каде што сме солидно позиционирани како единствен квалификуван акционер со 14,99 % сопственички удел во Комерцијална банка АД Скопје, односно во најголемата македонска банка, енергетскиот бизнис е исто така област, која во „Адора“ подолго време наназад ја следевме и анализиравме различни проекти и можности за влез во истата.

Повеќе фактори влијаеја врз нашата одлука за влез во регулираното производство на топлинска енергија за главниот град Скопје.

Пред сè, како што веќе и соопштивме на јавноста, сметавме дека овој бизнис кој во минатото поминал низ многу тешкотии, заслужува да биде во рацете на компанија со домашен капитал.

По темелни физибилити-студии, увидовме дека бизнисот во иднина има голем простор за развој, модернизација и унапредување, што секогаш е најголем мотиватор за нас во „Адора“.

Секако, моменталните неприлики на пазарите на енергенсите, конкретно, цената на природниот гас, кој е главен влезен параметар во чинењето на производството на топлина, е на рекордно високо ниво и создава огромна комплексност во бизнисот.

Меѓутоа, веруваме дека во текот на 2022-та година, ситуацијата ќе се нормализира и ќе можеме да започнеме со евидентни иницијативи, кои ќе имаат позитивни дејства во бизнисот.

Во минатогодишното издание за „Економист“, го најавивте Вашиот пионерско-иновативен хотелско-резиденцијален проект на Златибор. Сега српските медиуми веќе излегоа со вести дека Вашиот проект урива ценовни рекорди на еден од најконкурентните пазари на недвижности во Европа. Како напредува проектот и што може да очекуваме во 2022 г. од „Адора“?

Проектот влегува во завршна фаза и треба да ги отвори вратите за посетителите на пролет 2022-ра година. Морам да кажам дека во Адора овој проект го оценуваме како многу успешен, пријатно сме изненадени од начинот на кој сме прифатени како странски инвеститори и пред сè како луѓе, од страна на српскиот народ и српските локални и државни институции.

Проектот влезе од фаза на планирање во реализација, целосно во склоп на сите позитивни законски норми, во рекордно брзо време, благодарение на високата институционална ефикасност. И од нивото на продажбата и високото ниво на конкурентност, пред сè во сферата на квалитетот, сме исто така многу задоволни и горди.

„Адора“ сè уште има цврста желба да инвестира во нашата држава и во 2022 година.

По неколкугодишна спреченост и неможност поради институционални бариери, односно таканаречениот мораториум, имаме амбициозни планови за враќање на домашната градежна сцена, со иновативни проекти во кои ќе бидат интегрирани последните решенија во светот на архитектурата и недвижностите.

Доколку сакате да го набавите годишното издание на престижниот „Економист“, кое четврти пат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на „Колор медија плус“, кликнете ТУКА (или побарајте го на сите поголеми продажни места низ државата).

loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch anime online Bleach (Dub)

GoGoAnime Naruto: Shippuden (Dub) Episode 495

gogoanimeio GoGoAnime One-Punch Man

The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 16

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 12