Двајцата пациенти кои утринава беа транспортирани од болницата во Бугарија, пристигнаа во болницата во Скопје.
Тие ќе бидат сместени на Клиниката за пластична хирургија.
Министерот Филипче, истакна дека се работи за 16-годишно девојче и еден повозрасен пациент.
Другите петмина преживеани, ќе бидат транспортирани во следните денови.
Посочи дека пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат на натамошен домашен третман.
-Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче.