Минималната плата нема да се зголеми наскоро поради енергетската криза
Минималната плата нема да се зголеми наскоро поради енергетската криза
Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да одат на факултет и да научат што е инфлација
Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да одат на факултет и да научат што е инфлација
ФРЧКО: ПЛАЧЕЊЕТО НА ДИМИТРОВ ШТО НЕ ДОБИ МИНИСТЕРСКА ФОТЕЉА Е ПАТЕТИЧНО И ТАЖНО, ЧОВЕКОТ НЕ ЗНАЕ ДОСТОИНСТВЕНО ДА ПАДНЕ, ЦЕЛ ЖИВОТ ТАТКО МУ И МАЈКА МУ ГО ГУРААТ И ГО МЕСТАТ
ФРЧКО: ПЛАЧЕЊЕТО НА ДИМИТРОВ ШТО НЕ ДОБИ МИНИСТЕРСКА ФОТЕЉА Е ПАТЕТИЧНО И ТАЖНО, ЧОВЕКОТ НЕ ЗНАЕ ДОСТОИНСТВЕНО ДА ПАДНЕ, ЦЕЛ ЖИВОТ ТАТКО МУ И МАЈКА МУ ГО ГУРААТ И ГО МЕСТАТ
ШТО МИСЛЕШЕ, ШТО МИСЛЕШЕ: Сиљановска Давкова жали што влегла во политика, ама си ги лечи маките со пратеничката плата од 1000 евра
ШТО МИСЛЕШЕ, ШТО МИСЛЕШЕ: Сиљановска Давкова жали што влегла во политика, ама си ги лечи маките со пратеничката плата од 1000 евра
ОРДАНОВСКИ: Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“
ОРДАНОВСКИ: Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“
Ковачевски - Бомгартнер: Скопје и Париз испишуваат ново поглавје на соработка која рефлектира со прва инвестиција од 270 милиони евра за соларен парк
Ковачевски - Бомгартнер: Скопје и Париз испишуваат ново поглавје на соработка која рефлектира со прва инвестиција од 270 милиони евра за соларен парк
(ВИДЕО) ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ЗАЕВ НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ЗА ОВАА ЗЕМЈА ОД СИТЕ ЛИДЕРИ ЗАЕДНО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ
(ВИДЕО) ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ЗАЕВ НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ЗА ОВАА ЗЕМЈА ОД СИТЕ ЛИДЕРИ ЗАЕДНО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ
БРАВО - Бектеши, Мустафаи и Симеска Димоска ја промовираа новата лабараторија за испитување на квалитет на мазут: Резултатите од анализа на мостри за мазут ќе се добиваат за два часа, опремувањето на лабараторијата чини 24 милиони денари

ЕБОР не се откажува од Бас рапид транзитот

Трамвајот на тркала, или како што му е оригиналното име Bus Rapid Transit (БРТ), може да стане само желба на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Новата градоначалничка, Данела Арсовска, уште на првиот брифинг со новинарите децидно кажа дека БРТ нема да има, бидејќи победил нејзиниот концепт, бесплатниот автобуски превоз.

Таа цврсто застана зад ставот тој став, но рече дека ќе има состаноци со претставниците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) бидејќи во април годинава беше потпишан договор за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.

„Фокус“ стапи во контакт и со ЕБОР, од каде што потврдија дека имале воведен состанок со новата градоначалничка. Одговорот нема конкретни и децидни информации дали овој проект ќе продолжи или не, но од она што може да се протолкува се чини дека ЕБОР не се откажува од Бас рапид транзитот.

– Ќе ги продолжиме разговорите со градоначалничката за програмата Зелени градови на ЕБОР и нејзината реализација во Северна Македонија. Неодамна, банката двојно го зголеми износот на програмата Зелени градови, од 2 милијарди евра на 4 милијарди евра, како знак за силна определба дека справувањето со урбаните еколошки предизвици во земјите каде што имаме активности е клучен приоритет на ЕБОР.

Очекуваме ова зголемено алоцирање средства да отвори нови можности за сите градови-членки на програмата Зелени градови, која во моментов брои 52 града, се вели во одговорот што од ЕБОР го испратија за „Фокус“.

Понатаму во одговорот од ЕБОР го споменуваат акцискиот план на зелени градови за Скопје, а токму во овој акциски план, меѓу приоритетите, е воведувањето БРТ.

– Тоа ја вклучува и можноста за справување со стратешките цели и приоритети кои се идентификувани во Акцискиот план на зелени градови за Скопје. Заедно со Градот ќе продолжиме да се ангажираме во имплементацијата на приоритетите идентификувани во Акцискиот план на зелени градови, додаваат од ЕБОР.

Ако се погледне Акцискиот план на зелени градови за Скопје во делот подобрување на квалитетот на јавниот превоз и инфраструктура стои воведување на БРТ систем со подобрена автобуска инфраструктура.

Арсовска не донела се уште конечна одлука за БРТ превозот, па и институциите и сите вклучени во проектот немаат конечен одговор за кредитот од 70 милиони евра.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

stream anime online AniWatch Josee, the Tiger and the Fish

aniwatcher AniWatch Komi Can’t Communicate

watch subbed anime Naruto: Shippuden (Dub)

AniWatch Horimiya (Dub) Episode 5

AniWatch Death Note