Пишува: Саше Ивановски Политико
Мицковски со потсмев го искоментира новиот директор на РЕК, човекот го нарече хармоникаш во обид да го деградира и оцрни.
Многу ме погоди оваа изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Не затоа што сум близок со новиот директор на РЕК, човекот не го ни познавам.
Се работи за тоа што се препознав во изјавата на Мицковски. И јас како човекот кој беше мета, во животот по дипломирањето на озлогласениот скопски ЕТФ на УКИМ морав да работам се и сешто во животот.
Немав врски, имав лошо услови при студирањето па не бев десеткаш, и морав да работам и келнер и кувар и да помагам на градилишта и што ли уште не во животот…
Но работев и во банка како инженер баш по струката но потоа од приватни причини морав да заминам за САД, тоа е друга приказна, но она што е важно е што и јас и човекот кој Мицковски го плукаше и многу други луѓе сме се мачеле во животот за чесно да си го заработиме парчето леб.
Тоа Мицковски никогаш нема да го разбете, затоа што студирал кај тате, дипломирал кај тате и веднаш се вработил кај тате. И таму и ден денеска работи. Додека беше и директор на ЕЛЕМ сомнително стана газда и на хидроцентрали.
Значи се што добил во животот е на готово, дури и партијата му ја дадеоа на поклон. Тој никогаш за ништо не се измачил!!!
Затоа со потсмев сега се шерети со хармоникашот, демек тој е под него, ш категорија на граѓанин, не е дел од елитата, не е од семејство со педигре, не бил дел од некаква професорска династија…
Мицковски е емоционален инвалид, тој нема разбирање за 90% од македонскиот народ, тој никогаш не ја споделил таа човечка мака на нас обичните.
Тој дури и не разбира што е тоа втора работа, сите во земјава до 4 работат едно после 4 работат друго, до 4 се инженери или банкари или учители или што било после 4 се музичари поштари дилери на разни осигурувања или што ли не, сите работат од утро до мрак за чесно да си го заработат она што им треба стан, да отплатат кредит, да заштедат, да си купат кола итн итн…
Мицковски тоа не го разбира и нема да го разбере никогаш, наследил куќа од тате во Влае од 400 квадрата, наследил работно место на машински, партијата му ја дадоа на поклон, тој е еден лигуш татино синче размазено што не е кадарен и способен да биде добар политичар и државник затоа што е елитист, дете од високото друштво, арогантен копук без грам осет и чувство на емпатија за измачениот народ.