Заев на Форумот Делфи во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ
Заев на Форумот Делфи во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ
(ВИДЕО) Заев на средба со министерот за надворешни на Португалија Силва: Амбицијата на Португалија првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време на нејзиното претседавање со ЕУ е единствено исправна

(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!

ЕДЕНЕ ЛОШ ДОКТОР ЌЕ УНИШТИ ИМИЏ НА ЦЕЛО МАКЕДОНСКО ЈАВНО ЗДРАВСТВО ВО КОЕ 24/7 ЛАВОВСКИ СЕ БОРАТ НАД 10 000 ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ КАДАР: Родилка од Дебар доживеа хорор во болница – Ми извадија три здрави органи без да ми кажат

Јелдз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајчник. За оваа состојба во која се наоѓа, таа бара Лекарската комора на Македонија да му ја одземе лиценцата на директорот на струшката болница и гинеколог што ја оперирал, д-р Мухамед Асани.

Доктор Асани, пак, вчера за „Слободен печат“ изјави дека операцијата ја извршил совесно. Случајот стигна и до Лекарската комора на Македонија, откако Министерството за здравство наложи оттаму да спроведат стручен надзор.

Сѐ почнало на 27 август минатата година кога Веапоска се породила и на свет донела женско бебе.

– Дотогаш бременоста ми беше супер, немав никакви проблеми. Договоривме датум да ме оперира. Само што се разбудив од операцијата, ме фатија големи стомачни болки. Ми рекоа немој да паничиш, ова не е ништо, ме боцнаа со инјекции против болка. Ме оставија така четири дена со болки. По неколку денови синот на директорот ми вели да се спремам да си одам дома. Јас му реков дека не разговара со некоја необразована жена, туку со медицинско лице и дека знам дека не сум добро. Стомакот ми беше толку отечен, што бремена бев помала отколку откако се породив. Чувствував дека целото тело ме боли по операцијата. Одбив да одам дома, освен ако не сакаат со кревет да ме извадат од болницата. Дојде татко му, ми рече, оди дома ќе си јадеш топли супички, ќе ти помине. Му велам, докторе, не сум за дома. Анализите што ми ги направија утрото беа катастрофа. Крвта ми одеше надолу. Сепак, ме отпуштија и му реков на сопругот, дојди земи ме, носи ме некаде во Скопје, не сум за дома – раскажува Веапоска.

Сопругот дошол да ја земе, а таа не можејќи да стои на нозе, ги замолила сестрите да ѝ помогнат да го подготви бебето за заминување.

– Дојде да ме зема маж ми, сестрите ми рекоа да си го спремам бебето, а јас не можев да стојам на нозе. Ми велат, зошто глумиш. Во тој момент се покажа дека не глумам, затоа што паднав во шок, се тресев цела, пискав, плачев. Му се јавив на сопругот, барај доктор, му реков, јас умирам. Му рекле на сопругот дека ништо не ми било, тоа ми било од колкот. Откако паднав во шок, ме ставија во сала, ми извадија матка, бубрег, јајчник и ме пратија речиси умрена во Скопје. Не знаев ништо, подоцна разбрав на приватен преглед во „Систина“ дека имам еден јајчник. Можете да замислите каква бев – раскажува вознемирената Веапоска за „Слободен печат“.

Таа најмила адвокат од Скопје и решена е да ја бара правдата дури и до судот во Стразбур доколку во Македонија не успее.

– Во отпусното писмо од Струга не пишува што ми е извадено. Само дека сум се породила со царски рез, дека поради тешкотии по четвртиот ден од операцијата, ме пратиле за Скопје. Не пишува дека ми се вадени органи. На барање на сопругот, ги испративме овие органи на патологија и резултатот покажа дека сѐ во ред. Значи, извадени ми се здрави и прави органи, на 28-годишна жена. Ова не му се прави ни на куче, а камоли на човек. Барам лекарската комора да му ја одземе лиценцата – додава медицинската сестра.

Меѓутоа, откако се породила и паднала во шок, сагата за младата родилка не завршила тука. Била препратена за Скопје, каде што снимките покажале внатрешни крвавења.

– Имам цела документација од матичен лекар дека никогаш немам боледувано од бубрег, дека никогаш не сум имала проблеми со песок или камења. Тетка ми е сведок дека ни побараа мито кога се породив. Ме имаат пуштено за Скопје умрена. Ова е сигурно лекарска грешка и нема како да се покрие. Но, никој не реагира. Барам да си даде отказ или да му се одземе лиценцата, а јас кривично ќе го гонам на суд. Ако нема тука правда, ќе го носам до Стразбур. Иако работев осум години како медицинска сестра и се имам борено за животот на пациентите, сега самата при стапнување во болница добивам панични напади – раскажува Веапоска.

Од Лекарската комора уште нема резултати за извршен стручен надзор во струшката болница каде што доктор Асани е директор.

Министерството за здравство вчера информираше дека предметот е испратен до Лекарската комора за стручен надзор, по што јавноста ќе биде детално информирана.

loading...

4Anime 4anime online: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 17

AniWatch aniwatch me: High-Rise Invasion Episode 12