Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид
СПАСОВ: Не треба да си дозволиме стравот од блокирање од страна на Бугарија да нѐ блокира и да не почнеме разговори за членство
СПАСОВ: Не треба да си дозволиме стравот од блокирање од страна на Бугарија да нѐ блокира и да не почнеме разговори за членство
Шолц и Макрон порачаа: Русија не може да успее во инвазијата врз Украина
Шолц и Макрон порачаа: Русија не може да успее во инвазијата врз Украина
Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор
Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор
КОСТАДИНОВ: Спортот обединува, затоа го помагам спортот во Струмица и во овие тешки кризни времиња
КОСТАДИНОВ: Спортот обединува, затоа го помагам спортот во Струмица и во овие тешки кризни времиња
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни

ЕК покрена постапка против Унгарија за користењето на средства од европскиот буџет

Постапката е започната со испраќање допис кој е официјално предупредување. Во име на Европската комисија го испратил комесарот за буџет Јоханес Хан, но содржината на писмото не е објавена

Унгарија сега има два месеци да одговори на писмото, а Комисијата потоа има еден месец да го анализира тој одговор

Европската комисија покрена постапка против Унгарија во рамки на новиот механизам според кој користењето средства од европските фондови е условено со почитување на владеењето на правото.

„Идентификувавме прашања кои би можеле да бидат кршење на владеењето на правото и кои влијаат на буџетот на ЕУ“,

рече заменик-претседателката на Комисијата за транспарентност Вера Јурова на прес-конференција, пренесува Хина.

Постапката е започната со испраќање допис кој е официјално предупредување. Во име на Европската комисија го испратил комесарот за буџет Јоханес Хан, но содржината на писмото не е објавена.

Според правилата, постапката може да потрае и до девет месеци. Унгарија сега има два месеци да одговори на писмото, а Комисијата потоа има еден месец да го анализира тој одговор.

После тоа, Комисијата може да предложи суспензија или намалување на плаќањата од европските фондови поради констатираните прекршувања, а конечната одлука ја носат членките на ЕУ со двојно мнозинство. За да биде изречена казна мора да гласаат најмалку 15 земји-членки, со најмалку 65 отсто од населението на ЕУ.

Според извори од Комисијата, постапката е поведена поради сериозна загриженост во однос на унгарското искористување на средствата од европскиот буџет, меѓу другото поради условите за јавни набавки, недоволната контрола и транспарентност во користењето на средствата и недоволната борба против измами и корупција.

Регулативата, која никогаш претходно не била користена, му дозволува на Европскиот совет да усвои, на барање на Европската комисија, мерки како што се суспензија на плаќањата финансирани од буџетот на Унијата или суспензија на одобрување на една или повеќе програми финансирани од буџетот. .

Унгарија и Полска, кои поради таа регулатива би можеле да останат без значителни средства од европскиот буџет, во март минатата година се обратија до Судот на ЕУ и побараа негово поништување, но Судот во февруари годинава го одби нивното барање.

loading...

chơi go88 trực tuyến

Tải Sunwin trực tuyến 2022 - Sumwin đổi thưởng bản mới sunwin apkpure sunwin electric bus