Неделен извештај на тековни работни активности на екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје
Екипите на ЈП Улици и патишта – Скопје, во текот на изминатите денови работеа на реконструкција на пешачките патеки на булеварот Борис Трајковски, каде што екипите ги работат почетните земјани активности и на пешачката патека на улица Љубљанска кај „Сити Мол“ каде е асфалтирана дел од пешачката патека, а ќе се реконструира и останатиот дел во насока од булевар Партизански Одреди до булевар Илинден.
Деновиве продолжи и реконструкцијата на пешачките патеки во градскиот парк во просторот позади Луна паркот.
Екипите извршија интервентна санација на булеварот ВМРО и улица Загребска каде што имаше поголеми оштетувања на асфалтот, а во тек е и санација на бетонските жардињери на булеварот Партизански Одреди. Поставување на заштитни столбови имаше на булеварот Јане Сандански со улица Фрањо Клуз, на булеварот Трета Македонска Бригада и на улица Бутелска.
Обележување на хоризонталната сигнализација на булевар Кузман Јосифовски Питу и на крстосницата булевар АСНОМ и улица Беласица кај „Ист Гејт Мол“ и обновена вертикалната сигнализација.
Одговорните екипите за одржување на светлосната сигнализација покрај секојдневните санации на недостатоците на семафорите, деновиве ги поставија и новите одбројувачи на семафорите на крстосницата булевар Босна и Херцеговина со улица Кемал Сејфула.