Макрон во посредничка улога меѓу Скопје и Софија: Освен со Ковачевски разговарал и со Радев
Макрон во посредничка улога меѓу Скопје и Софија: Освен со Ковачевски разговарал и со Радев
ЈАКИМОВСКИ ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ: ГЛУПАВО Е ДА СЕ ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА, ТОА Е СВЕТСКИ ФЕНОМЕН ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА И ВОЈНАТА
ЈАКИМОВСКИ ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ: ГЛУПАВО Е ДА СЕ ОБВИНУВА ВЛАДАТА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА, ТОА Е СВЕТСКИ ФЕНОМЕН ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА И ВОЈНАТА
(ВИДЕО) СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ШТОМ БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАСПАЛИЈА ПО СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, ЗНАЧИ ПРЕМИЕРОТ НЕ ИМ ПОПУШТА, ДОБРО ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ДРЖАВАТА
(ВИДЕО) СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ШТОМ БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ РАСПАЛИЈА ПО СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, ЗНАЧИ ПРЕМИЕРОТ НЕ ИМ ПОПУШТА, ДОБРО ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ДРЖАВАТА
Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Зидојче цајтунг: Србија и Бугарија му вртат грб на Путин
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов, кој освои трето место на натпревар по математика иако живее многу тешко во тешка сиромаштија
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции и успешно справување со кризата
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето
Северна Македонија тапка во место според годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето

ЕКО ФАНАТИЦИТЕ СЕГА НЕКА КУПАТ СТАНОВИ НА МЛАДИТЕ БРАЧНИ ПАРОВИ: „Вртоглав“ раст на цените на становите, нема ДУП-ови за нови градби, поскапена изградбата

Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а според одредени градежници, цената може да стаса и од 2.000 евра. Во услови на голема побарувачка, како што велат, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години.

„Вртоглавиот“ раст, како што го квалификуваат носителите на бизнисот со недвижности, се должи на повеќе фактори: немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.

Салим Хасани, претседател Групацијата на градежништво при Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека порастот на цените на становите во Скопје е резултат на повеќе фактори, кои имаат директно и индиректно влијание. Како поважни ги набројува немањето доволни локации за градење во атрактивните зони, блокирањето на неколкуте ДУП-ови во некои општини во претходниот период, како и неносењето нови ДУП-ови за формирање нови локаци по општините.

Сето ова, вели, влијае на намалување на новите градби и зголемување на цената на локаците што директно влијае на цената на становите. Како друга директна причина е порастот на цените на градежните материјали и енергентите, каде што порастот е од 20 до 100 проценти, а исто така имаме пораст и на цените за работната сила. Сето ова збирно ги покачи цените на становите за околу 30 проценти, вели Хасани за МИА.

Понудата е поголема во зоните каде што во поранешниот период имаше повеќе локаци за градба, како што се општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Чаир…

– Се нудат квалитетни градби со подобар дизајн и современи материјали во однос на претходните градби. Додека побарувачката на нови станови е голема особено во Центар, Карпош и Аеродром. Но, не заостанува и во другите општини, како што се Гази Баба, Кисела Вода, Бутел и Чаир. Претежно се бараат мали станови со добра организација и поглед, посочува Хасани.

Градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет, посочува, работеа со позитивни биланси. Поголемиот развој, порачува тој, зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

– Сè помалиот број на локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење, изјави Хасани.

Поскапуваат становите и на атрактивните и на локациите со помала трансакциска активност

Од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија посочуваат дека прогнозите на градежните компании се остваруваат, цените на становите од почетокот на годината бележат евидентен раст, особено во подрачјата што се сметаат за атрактивни локации. Растот на цените на становите, како што велат во изјава за МИА, се должи на повеќе фактори, во најголем дел на поскапувањата на градежните материјали, меѓутоа и на генералното поскапување на услугите, репроматеријалите и другите добра.

– Побарувачката е голема, со оглед дека недвижностите се покажаа како сигурна инвестиција за време на коронавирус-кризата. Граѓаните го препознаа инвестирањето во недвижностите како креирање додадена вредност во нивните буџети особено во време на тивка инфлација, поради што сметаме дека побарувачката нема да опадне и недвижностите ќе бидат атрактивни и во следниот период. Понудата во одредени подрачја е очекувано намалена поради мораториумите за градење изминатите години, велат од Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите.

Се залагаме, посочуваат, за подигнување на квалитетот на градбите, па во таа насока сметаме дека и граѓаните треба да се стремат кон купување на квалитетни градби и квалитетот да ја одредува цената, со цел да не настане ситуација во услови на намалена понуда на станови на одредени подрачја, цената да ја одредува исклучиво зголемената побарувачка за градби на атрактивни локации.

Анализирано според локации, побарувачката за недвижности за време на пандемијата се одвива како и претходно. Според последните објавени податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, најголем обем на трансакции, вклучувајќи и најголем број продадени станови има во главниот град, поконкретно во општините Центар, Карпош, Аеродром. Цените се движат во зависност од побарувачката и на поатрактивните локации повисоки се цените за квадратен метар.

Цените на становите во подрачјата со помала трансакциска активност исто така растат иако, како што велат од Здружението, тоа не зависи од побарувачката, туку поради порастот на цените на градежните производи, услугите, суровините… едноставно изградбата е поскапа.

Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори посочува дека деловната активност во полето на високоградба во последните четири години има тренд на постојан пад што се должи на ограничувачките фактори кои предизвикаа сериозни, материјални и нематеријални штети за компаниите поради мораториумот за градба и суспендирањето на деталните урбанистички планови. За да има подобрување во позитивна насока, укажува, неопходно е да се почитуваат законите, пред се Законот за градење и Законот за урбанистичко и просторно планирање, што ќе придонесе за креирање на позитивна бизнис клима за развој и инвестиции.

– Растот на цените на становите достигнува и до 40 отсто, а тој се должи на повеќе фактори, меѓу кои главно учество имаат порастот на цените на градежните материјали, трендот на зголемување на платите во градежниот сектор кој влијае на зголемување на цената на крајниот производи, како и на ограничување на понудата, што се јавува како последица на мораториумите за градење и суспендирањето на деталните урбанистички планови, изјави Јакимовски за МИА.

Пазарот на недвижности, дополнува, подолго време има негативен тренд за потрошувачите, заради ограничувачките фактори за кои веќе зборувавме. Градежниот сектор е подготвен да го промени трендот, со цел да се излезе во пресрет на потребните на граѓаните, доколку се создадат услови за да може да почне со засилена деловна активност, потенцира Јакимовски.

По драстичниот пад кај закупите, позитивно придвижување по стартот на студентската година

Пандемијата најмногу ги погоди закупите на недвижности каде што беше забележан драстичен пад, особено кај закупите на деловните простори, но и кај закупите на други недвижности. Падот во голема мера се должи на промените во начинот на живот и работа на луѓето, намалување на обемот на миграции на студенти, работници и други лица со место на живеење различно од местото каде што ги вршат секојдневните активности како резултат на сè поголемата употреба на технологијата во процесот на работа и учење, односно замената на физичкото со онлајн присуство.

По почетокот на студентската година, според информациите од агенциите на недвижности, не се забележува драстичен пораст на трансакциите што се однесуваат на закупите, меѓутоа споредено со претходните месеци може да се каже дека има одредено придвижување во позитивна насока.

На пазарот на недвижности во третиот квартал годинава, според базата на Регистарот на цени и закупнини, се регистрирани 9.231 трансакција, од кои 7.277 продажби на недвижности и 1.954 закупи на недвижен имот.

Евидентирани се 7.277 купопродажби во вредност од 284.558.000 евра. Регистрираните 5.833 продажби се во вредност од 209.570.000. Имало и 13 лицитации со вредност од 200.000 евра, 1.265 купопродажби на инвеститор во вредност од 72.96.000 евра, како и 166 откупи од РСМ во вредност од 1.807.000 денари.

Споредбено по месеци од овој квартал може да се забележи дека најголем број трансакции има во јули, кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.463 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во август, и тоа 2.516, додека во септември се регистрирани 3.252 трансакции.

Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број купопродажби се регистрирани во јули, 2.754, а најмногу закупи се евидентирани исто така во јули, 709.

Во третото тримесечје годинава имало за 2.676 повеќе купопродажби во однос на истиот период лани.

Од регистрираните 1.954 закупи на недвижен имот, најмногу, 740, се закупи на деловни простории во вредност од 523.222.000 евра. Потоа следуваат закупите на стан 573 со вредност од 120.720.000 евра, на куќи, 259, од 55.224.000 евра, на дворно земјиште, 238, со вредност од 11.243.000. Регистрирани се и 27 закупи на индустриски објекти во вредност од 134.436.000 евра.

Најмногу нови дозволи за градба во Полошко, најмалку во Пелагониско

Последните официјални податоци за издадени одобренија за градење се за септември годинава кога биле издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Најголем број одобренија се во Полошкиот регион, 66, по што следуваат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46… Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 квадратни метри. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40…

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија во септември годинава изнесува 3 833.718.000 денари, за 16,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. На 195 (61,3 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на останатите 123 (38,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

loading...

online anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

english dubbed anime AnimeFreak The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

My Hero Academia Season 5

Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

watch animes Fairy Tail

tải go88