ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари
За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари

(ЕКСКЛУЗИВНО) Ideks.mk ви го пренесува интервјуто на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-дин Бујар Османи, во пресрет на заедничката средба на двете влади во Софија: Им обезбедуваме европска иднина на новите генерации

Скопје, 24 јануари – Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Индекс.мк во пресрет на дводневната посета на Софија на заедничка владина седница зборуваше за очекувањата од оваа посета, за оценката на посетата на бугарскиот премиер во Скопје, политичките капацитети за решавање на спорот меѓу двете земји како и други работи поврзани со политиката во земјава.

Неколку часа пред поаѓањето за Софија, какви се вашите очекувања од посетата и заедничката владина средба?

Целта на целата оваа заложба што ја преземаме е да го деблокираме интегративниот процес во Европската Унија. Интеграцијата во ЕУ е предуслов за секој развоен процес во земјата. Нема добар животен стандард за луѓето без Европската Унија, нема вистинска борба против корупцијата без Европската Унија, нема квалитетни универзитети без Европската Унија, нема запирање на миграцијата без Европската Унија, затоа ние сме тука да се презема сите можни мерки за надминување на овој спор кој стана причина за блокирање на развојот на земјата и европската иднина на оваа земја.

Како ја оценувате посетата на премиерот Петков на нашата земја пред неколку дена?

Мислам дека е многу важно двете ново формирани влади да започнат со ново поглавје на билатералната соработка. Со наметнување на нова динамика која треба да доведе до приближување, зајакнување и продлабочување на билатералните односи меѓу нашите две земји, но и надминување на разликите кои станаа пречка за почеток на преговорите за Европската Унија. Првите сигнали се позитивни, тоа не значи дека отсега може да го прејудицираме епилогот, но знам дека влегуваме со искрен пристап, со голема посветеност да им обезбедиме на луѓето, младите, генерациите кои доаѓаат европска иднина во земјата.

Во 2021 година Бугарија организираше три изборни процеси и конечно ја избра владата. Имаме нова влада и дали мислите дека и двете влади во Софија и во Скопје имаат капацитет да го решат билатералниот спор?

Мислам дека ова е важен предуслов, но не само фактот дека во моментов имаме две влади со целосен легитимитет и легалитет, туку ги имаме и првите оптимистички сигнали за процес кој треба да заврши со надминување на разликите. Досега во овие билатерални разговори што ги направивме ја создадовме платформата врз која ќе ги водиме овие разговори. Изградивме структура и календар на состаноци, работни групи кои не само што треба да ја продлабочат секторската соработка во сите области што ќе донесе директна корист за нашите граѓани и семејства, туку и ќе ги надминеме политичките разлики за да започнеме разговори. Однапред нагласив дека почетокот на разговорите значи развој на државата и европеизација на државата.

Дали верувате дека ќе има потреба од посредување и олеснување на дијалогот?

Мислам дека нашите партнери, нашите меѓународни сојузници, Соединетите Американски Држави, Брисел, но и земјите од Европската Унија секогаш биле олеснувачи на овој процес. Тие се многу заинтересирани Западен Балкан да не остане област надвор од Европската унија и мислам дека ќе продолжат да играат важна улога во олеснувањето на овие разговори, но на крајот ќе мора да седнеме заедно со Република Бугарија. Дури и да се надминат разликите. Се познаваме, блиски сме и верувам дека на овој начин преку директни средби, се разбира, со информирање на нашите меѓународни партнери, ќе успееме да ги надминеме овие разлики.

loading...

english dubbed anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Death Note

animefreaks website Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

AnimeFreak The Daily Life of the Immortal King 2nd Season Episode 3

How NOT to Summon a Demon Lord Ω

My Hero Academia Season 4 Episode 25