Седница на ЦО: Државата навреме презема мерки за одговор на пандемијата и енергетската криза, избрани заменици министри од СДСМ
Седница на ЦО: Државата навреме презема мерки за одговор на пандемијата и енергетската криза, избрани заменици министри од СДСМ
Претставници на Владите на Северна Македонија и Бугарија потпишаа неколку меморандуми за разбирање и декларации за соработка
Претставници на Владите на Северна Македонија и Бугарија потпишаа неколку меморандуми за разбирање и декларации за соработка
МИЛЕВСКИ: Во Софија остваривме средба со пратениците од нашата сестринска либерална партија ДПС, предводени од лидерот Мустафа Карадај
МИЛЕВСКИ: Во Софија остваривме средба со пратениците од нашата сестринска либерална партија ДПС, предводени од лидерот Мустафа Карадај
Малески: Двете влади прават многу вредна работа
Малески: Двете влади прават многу вредна работа
СДСМ: Калеска-Ванчева од првиот ден на мандатот ја напушти адвокатската канцеларија
СДСМ: Калеска-Ванчева од првиот ден на мандатот ја напушти адвокатската канцеларија
Д-р Беќаровски: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш, од инат сол ќе јаде, спасот е само да го поткупиш
Д-р Беќаровски: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш, од инат сол ќе јаде, спасот е само да го поткупиш
Разбиена организирана група на шверцери на дрога, приведени три лица, запленетa марихуана вредна 50.000 евра
Разбиена организирана група на шверцери на дрога, приведени три лица, запленетa марихуана вредна 50.000 евра
ЕВЕ ЗОШТО БЕШЕ ПАМЕТНО ШТО ВЛЕГОВМЕ ВО НАТО: Македонската армија меѓу ТОП10 најслаби армии во светот
ЕВЕ ЗОШТО БЕШЕ ПАМЕТНО ШТО ВЛЕГОВМЕ ВО НАТО: Македонската армија меѓу ТОП10 најслаби армии во светот

ЕРОЛ РИЗАОВ ПРОДОЛЖУВА СО СВОИТЕ УБИСТВЕНИ КОЛУМНИ: Бугарија пак застана на погрешната страна на историјата

ЕРОЛ РИЗАОВ

Од каде на каде ултиматумот веднаш по ветото прерасна во компромис. Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, исплашен од антицивилизациската и антиевропска блокада на прогресот на Македонија, но и од последиците изјавува дека поколенијата и во Македонија и во Бугарија „ќе нѐ осудуваат што нe најдовме компромис“

Ќе остане запишано во историјата и врежано во главите на повеќе генерации граѓани на Македонија, ќе се прикажува од колено на колено, дека Бугарија ја блокира Македонија на европскиот пат. Единствено Бугарија и никој друг од 27 членки на ЕУ ја постави барикадата.

Низ целата своја понова историја Бугарија од крајот на 19 и целиот 20., и еве сега во 21. век, особено кога е во прашање Македонија, застанувала на погрешната страна на историјата. „Најромантичниот дел од историјата на Бугарија“ всушност секогаш е силување. Романтика со сила не бива. Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, исплашен од антицивилизациската и антиевропска блокада на прогресот на Македонија и од последиците, денес, по ветото, изјавува дека поколенијата и во Македонија и во Бугарија „ќе нѐ осудуваат што не најдовме компромис“.

Од каде на каде ултиматумот веднаш по ветото прерасна во компромис!? Од кога тоа уцената е компромис, од кој едната страна, македонската, е осудена на самоубиство.

На патот до Голгота

Некои мудри, учени и добрнамерни луѓе кај нашите комшии уште на стартот на патот до Голгота го поставија прашањето : Знае ли Бугарија што сака од Македонија. Ете, го добија конечниот одговор. Сака да ни го стави на врат глоговиот крст, да не распне на него, да ја спречи европеизацијата на Македонија, да ги понижи Македонците за навек.

Успеaja во тоа, ама само до воскреснувањето на Македонија. Можеа Бугарите во наредните години додека траат преговорите со ЕУ да нѐ блокираат стотина пати, за корупција, за организиран криминал, за владеење на правото, за застој на демократските процеси, за уште дестици работи и да бидат во право. Но, ете сакаа да нѐ понижат, да покажат огорченост за невозвратена љубов кон насилието.

А можеби и не можеа да нѐ стопираат, бидејќи истите тие работи ги имаат на ангро во нивната земја, иако се во европското семејство примени со протекција. Не така одамна тоа го потврдија двајцата крунски сведоци кои замижаа и притиснаа силно за политичка одлука. Беа тоа големите државници, канцеларот на Германија Хелмут Шмит и претседателот на Франција, Жискар Дестен. И двајцата признаа јавно дека примот на Бугарија во членство на ЕУ беше грешка.

И еве ја почуствуваме одмаздата на повторувачот кој крајно арогантно и навредливо ги злоупотреби статутарните одредби на ЕУ.

Не дека не знаевме за бугарското вето и за мотивите на бугарската политика на државниот врв наспроти Македонија. Тоа беше очекувано и сосема извесно, добро подготвено од бугарската политичка и институционална администрација, најавена лицемерно со фанфари дека следува ново ослободување од заблудата дека Македонците не се Бугари, односно дека незавршената работа на првата администрација 1941-1944 ќе се заврши 2020-2030 година со уште еден пораз на вечните наши ослободители кои никогаш не се ослободија од санстефанските комплекси. Да, знаевме за јадец, но сепак веруваме дека ќе надвладее разумот, а уште повеќе интересите и на Бугарија, и на Европа, и на Македонија, и на целиот регион на западен Балкан. Ама надежите се едно, а реалноста со повторување на историјата во ново руво се претворија во фарса на вчудовидување на слободниот свет.

Ех, колку сакав сето тоа да го примиме со „нихилистичка ведрина“, како што нѐ советуваше познатиот белгиски историчар Рејмнод Детрез, објаснувајќи ја бесмисленоста за утрврдување на национална припадност на еден народ, процес еднаков кај сите народи, и на потеклото на македонскиот јазик. Научна вистина еднаква на законот на земјината тежа. Ја покажавме болката и огорченоста во моментите кога Бугарија се исплаши од својата пирова победа над Македонија и над западниот Балкан и над Европа. Тоа добро се виде од збунетоста и пелтечењето на знаменитата Екатерина Захариева, која ја познаваат и децата во Македонија, кога на конференцијата за медиумите со Владо Бучковски, во стилот сакам да кажам не знам да речам, се обидуваше да објасни и да оправда нешто што е необјасниво и несфатливо и за неа самата.

Наместо ведрина, смисла за хумор, малку цинизам и духовност покажавме колку тоа нѐ боли, колку предизвикува горчина и лутина. Не дека не боли, боли, ама можевме убаво да им се насмееме во лице на лажните браќа и сестри. Јас тоа го направив повеќе пати и да ви кажам убаво се чуствував.

Толку за бугарските патриоти и државни историчари кои упорно и во царштината и во комунизмот и сега во бугарската демократија сакаат да го одредат точниот датум на раѓање на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик, или точно кога на нивниот корен израснала накалемена трнлива фиданка.

Бугарите вчера ги описменија сите Словени

Комплексите отидоа до таму што 24 Мај, денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, го бугаризираа и го прогласија за „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“. Со други зборови, вчера од бугарскиот параламент разбравме дека сесловенската писменост е дело на Бугарите. Каква фарса.

Но, да ги оставиме Бугарите да си пишуваат нова историја. Што да правиме со идеите на нашите големи патриоти, кои ги држеа заклучени и во фиока и во умот евроатланските интеграции на Македонија цели 11 години. Како ќе се справиме со творците што го фабрикуваа античкиот идентитет на Македонците, маргинализирајќи го словенското потекло кое сега е главниот адут за создавањето на нацијата и за корените, не само на македонскиот, туку на бугарскиот и на јазиците на сите словенски народи. Нивната „револуционерност“ и лажен патриотизам чинам е поштетен од бугарското вето. Како поинаку може да се толкува бесмислената карикатурална доктрина која ја гладеме и слушаме со повиците за спасување на Македонија, со тоа што секој ден откриваат домашни предавници. Фалангите на Христијан Мицкоски со развеаните знамиња од Александар Македонски тргнаа со педесетина луксузни автомобили и стотина партиски војници да бараат смена на власта. Кога ќе паднела власта ќе се решеле проблемите како што ги решаваа досега.

Еве ја нивната стратегија на разбирлив македонски јазик. Ако почнат преговрите со ЕУ тоа ќе беше предавство на македонските национални интереси и на македонската посебност. Ако не се прифати бугарскиот ултиматум тоа е неисполнување на ветувањата на премиерот Зоран Заев и на владата и успех на ВМРО-ДПМНЕ. Во двата случаи владата треба да поднесе оставка.

Може ли нормален човек да прифати ваква какафонија од примитивна популистичка партиска пропаганда.

loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

anime gogo To Your Eternity

watch anime dub How NOT to Summon a Demon Lord Ω

GoGoAnime One Piece

GoGoAnime My Hero Academia Season 3 (Dub) Episode 19