(ВИДЕО) Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество
(ВИДЕО) Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество
Грковска на средба со европратеници: Владата е посветена да изгради општество со професионални институции, насочени кон обезбедување подобри услуги за граѓаните
Грковска на средба со европратеници: Владата е посветена да изгради општество со професионални институции, насочени кон обезбедување подобри услуги за граѓаните
(ВИДЕО) ГОРДЕЈ СЕ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ: ПЕНДАРОВСКИ ВЕДНАШ ДО ШУЛЦ, МАКРОН, БАЈДЕН И СТОЛТЕНБЕРГ НА САМИТОТ НА НАЈМОЌНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО СВЕТОТ!
(ВИДЕО) ГОРДЕЈ СЕ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ: ПЕНДАРОВСКИ ВЕДНАШ ДО ШУЛЦ, МАКРОН, БАЈДЕН И СТОЛТЕНБЕРГ НА САМИТОТ НА НАЈМОЌНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО СВЕТОТ!
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид
СПАСОВ: Не треба да си дозволиме стравот од блокирање од страна на Бугарија да нѐ блокира и да не почнеме разговори за членство
СПАСОВ: Не треба да си дозволиме стравот од блокирање од страна на Бугарија да нѐ блокира и да не почнеме разговори за членство
Шолц и Макрон порачаа: Русија не може да успее во инвазијата врз Украина
Шолц и Макрон порачаа: Русија не може да успее во инвазијата врз Украина
Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор
Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор
КОСТАДИНОВ: Спортот обединува, затоа го помагам спортот во Струмица и во овие тешки кризни времиња
КОСТАДИНОВ: Спортот обединува, затоа го помагам спортот во Струмица и во овие тешки кризни времиња

ЕСМ ПЛАНИРА ДА ПРОДАВА СТРУЈА И НА КОМПАНИИТЕ Цената ќе биде повисока од онаа што ја плаќа ЕВН хоум

АД ЕСМ ќе го засили ископот на сопствен јаглен согласно максималните капацитети што ги има, но побарувачката на електрична енергија е таква што пресметките покажуваат дека и со количините набавен јаглен исплатливо е да се произведува и продава струја, денеска изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

На прес-конференција во РЕК Битола, Ковачевски истакна дека со високите цени на електричната енергија на берзите, кои ќе се задржат и во следните месеци, па и во текот на следната година, поевтино, но и посигурно е да се набави јаглен и да се произведе електрична енергија, отколку струја да се увезува по енормни цени и да се ризикува дали ќе ја има доволно.

– Цените на електричната енергија на регионалните берзи се за трипати зголемени, и од 56 евра за мегават час (MWh) цена што беше до пред неколку месеци, сега цените се движат меѓу 140 и 170 евра за мегават час (MWh) и нема најава дека ќе се намалат. Со нашиот план за ископ на јаглен и производство на електрична енергија, АД ЕСМ има стабилно производство и ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за снабдување на домаќинствата, по цена значително пониска од пазарната, со цел да не се почувствува ценовен шок кај граѓаните. Но, за разлика од домаќинствата, стопанството, стопанските субјекти, се снабдуваат на слободниот пазар, и со оглед на енормниот пораст на цените на берзите нашето стопанство се соочува со опасност од голем ценовен удар на еден од главните енергенси и ресурси кои ги користи, а тоа е струјата – нагласи Ковачевски.

Согласно насоките од Владата на РСМ, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планирано е дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што АД ЕСМ објави меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на трет блок во РЕК Битола, како и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј.

– Со оваа произведена енергија ќе го зацврстиме електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци на енергија, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар и со тоа ќе оствари дополнителен приход за компанијата и за државата. Дополнителната електрична енергија која ќе ја произведеме од јагленот кој ќе го набавиме, ќе ја понудиме на стопанските субјекти по цени повисоки од таа по која ја продаваме на ЕВН Хоум за домаќинствата. Со тоа ќе оствариме приход како компанија и држава, а ќе го стабилизираме и ценовниот шок на кој сега се изложени и уште повеќе ќе бидат стопанаството, но и институциите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар. Набавката на јаглен и зголеменото производство на АД ЕСМ ќе значи и зголемување на бруто домашниот производ, поттикнување на компаниите и бенефит за стопанството, а со тоа и стабилност во државата – предочи Ковачевски.

Тој информира дека во изминатиот период одредена количина јаглен била набавена од Косово и со тој јаглен се произведувала струја во РЕК Осломеј. Тоа, рече Ковачевски, се покажа како успешен процес во постапката за набавка, транспорт и работата на РЕК Осломеј, и даде поттик да реализираме уште една набавка на јаглен за РЕК Осломеј, но и за РЕК Битола.

– Јагленот очекуваме да го добиеме од државите во регионот, објавата завршува следната недела, потоа ќе ги анализираме понудите и доколку тој понуден пакет ги дава резултатите кои што ние ги имаме зацртано во нашиот план и програма, тогаш ќе пристапиме кон набавка на јаглен за производство на електрична енергија – нагласи Ковачевски

loading...

acc go88 GO88 - Thiên đường Game Bài Hoàng Gia lớn nhất Việt Nam go88 mới nhất

nhà cái sunwin ở đâu sunwin không rút được tiền sunwin international logistics co. ltd