Европската комисија ги исплати првите рати на програмите за макро-финансиска помош (МНР) до 🇽🇰Косово, 🇲🇪Црна Гора и 🇲🇰Северна Македонија.
Комисијата во име на ЕУ потпиша Меморандум на Разбирање со Северна Македонија за да се отвори патот за исплата на 8️⃣0️⃣ милиони евра макро-финансиска помош.
Поточно, меморандумот вклучува девет услови поврзани со зајакнување на фискалното управување и транспарентност, борба против корупцијата, зајакнување на надзорот на финансискиот сектор, подобрување на деловното опкружување и справување со невработеноста кај младите.