Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!

ЕУ ОРГАНИЗИРАШЕ ДЕБАТА ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИ: Сите политики на национално ниво мора да придонесуваат до зачувување на шумите

Сите политики на национално ниво мора да придонесуваат до зачувување на шумите

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска во Клубот на пратеници ја одржа четвртата сесија на Работната група 5- Животна средина (Поглавје 27) на тема: „Заштита на природата преку одржливо управување со шумите“ во организација на Европското движење.

Дијалогот во кој учествуваа сите засегнати страни, почнувајќи од креаторите на политиките, поточно претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Министерството за Животна средина и просторно планирање, претставници на академските кругови, но и претставници на Национални шуми, Центарот со управување со кризи, и повеќе граѓански здруженија и експерти. Сесијата ја отвори националната координаторка и претседателка на Европското движење, Милева Ѓуровска.
Таа се заблагодари за присуството на претставници од министерствата од двете засегнати министерства, што уште еднаш потврдува дека природата не треба да сеа дели на ресори, туку дека е потребен заеднички пристап кон проблемите. Со оглед дека ова е последната сесија од вториот циклус, се заблагодари на сите кои присуствувале на досегашните сесии, со надеж дека сите овие дискусии и препораки придонеле и им помогнале на институциите. „Парадигмата дека шумите се нашето најголемо богатство е пред изумирање, бидејќи моментално нашите шуми се нападнати и во опасност“ рече таа и се повика на директивата 995/2010, каде е посочено дека мора ригорозно државите да се борат со дивото сечење на шумите.

Следна збор зема Христина Оџаклиеска, заменик министер за Животна средина и просторно планирање, која посочи дека одржливото управување со шумите е клучно, бидејќи ги намалуваат природните катастрофи и помагаат при одржување на екосистемите. Одржливото пошумување може да ја зголеми апсорпцијата на јаглерод моноксид, што директно помага за намалување на загадувањето. Според Оџаклиеска, „одржливото пошумување и обновување на деградираните шуми може да ја зголеми апсорпцијата на CO2, истовремено подобрувајќи ја отпорноста на шумите и промовирајќи ја циркуларната био-економија, при што основно е да се почитуваат еколошките принципи кои се погодни за одржување на биолошката разновидност“. Потенцираше дека сите политики на национално ниво, мора да придонесуваат до зачувување на шумите. Единствениот начин да се заштитат природните ресурси е со прогласување на заштитени подрачја.

Заменикот министер од Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Абдулшуќур Абедини, најпрво ја поздрави иницијативата за собирање на сите релевантни чинители на едно место. „Доколку сакаме да ги постигнеме целите предвидени во зелениот договор, заштитата на шумите е од клучно значење. Политичките рамки, инвестициите треба да го овозможат ова, преку интегриран пристап се клучни“ – рече тој.
На ова се надоврза и Амбасадорот Дејвид Гир, кој посочи дека оваа тема е многу важна за Македонија, бидејќи 30% е покриена со шума. Тој ги посочи шумите како клучни за спречување на поплави, помагаат за развој на туризмот и го намалуваат загадувањето. Токму затоа е клучно да се менаџира соодветно со истите. Зелениот договор е клучна политика на ЕУ, а зачувувањето на шумите е во центарот на таа политика. Ја посочи и заложбата да се посадат 3 милиони дрва до 2030 во ЕУ, како во руралниот, така и во урбаните делови.

Амбасадорот Хенрик Маркуш се заблагодари на присутните, кои ги смета за клучот во евроинтеграциите на земјата, бидејќи ова се темите кои се клучни и вредни за дискусија. Посочи дека го нема експертското знаење кое го имаат другите учесници, но се повика на своето лично искуство од велосипедизмот. Според него, шумите се преубави и смета дека мора да се работи на нивно зачувување. Сепак, смета дека мора да се работи на туризмот и на зголемување на бројот на луѓето кои ќе ги посетуваат шумите и дека не треба да се чуваат овие работи како тајна. Како најголем проблем го посочи несоодветното работење со отпадот. Се осврна и на дивата сеча, која според негови информации е политизирана, од причина што доколку се забрани сечата, партиите ќе изгубат гласачи, што според него е неприфатливо.

###
Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД.

loading...

go88 info Tải Go88 | Go88.com - Thiên đường giải trí online quên tên đăng nhập go88

sunwin pro plus apk sunwin nạp tối thiểu bao nhiêu tool tài xỉu sunwin cho android