ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
(ВИДЕО) ОХРИД Е ДОМАЌИН НА ГОЛЕМА НАТО ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ ПРИ ЦИВИЛНИ КАТАСТРОФИ: Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји и е прва НАТО вежба во Република Северна Македонија од ваков размер

ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ
ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ КАЈ БРАЌАТА - АМЕРИКАНЦИТЕ НАСИЛА ЌЕ ЈА ВНЕСАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Каракачанов вели дека САД ќе добие пријатели во Скопје, ама ќе загуби во Софија
ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ КАЈ БРАЌАТА - АМЕРИКАНЦИТЕ НАСИЛА ЌЕ ЈА ВНЕСАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Каракачанов вели дека САД ќе добие пријатели во Скопје, ама ќе загуби во Софија
УЛТРА МОДЕРНИ СТАНОВИ ПО ЦЕНИ ОД 1.250 ДО 1.350 ЕВРА ПО КВАДРАТ: East Gate Living гради 10 згради кај Скопски саем
УЛТРА МОДЕРНИ СТАНОВИ ПО ЦЕНИ ОД 1.250 ДО 1.350 ЕВРА ПО КВАДРАТ: East Gate Living гради 10 згради кај Скопски саем
СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА ИСТ ГЕЈТ: НАД 220 ПРОДАВНИЦИ ОД КОИ 80 СОСЕМА НОВИ БРЕНДОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР!
СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА ИСТ ГЕЈТ: НАД 220 ПРОДАВНИЦИ ОД КОИ 80 СОСЕМА НОВИ БРЕНДОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКИ ГОВОР НА БАЈДЕН ВО ООН: ДЕМОКРАТИЈАТА ЌЕ ПОБЕДИ, НЕ САКАМЕ НОВА СТУДЕНА ВОЈНА СО РУСИЈА И КИНА, НИКОГАШ НЕМА ДА ГИ ОСТАВИМЕ НА ЦЕДИЛО НАШИТЕ ПАРТНЕРИ АКО НЕКОЈ САКА ДА ГИ ОКУПИРА ИЛИ МАЛТРЕТИРА, ВОЈСКАТА ЌЕ ЈА КОРИСТАМ КАКО ПОСЛЕДНО РЕШЕНИЕ!

БРАВО - СО ГРАНТ ОД ВЛАДАТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 450 000 ЕВРА, ТЕТОВО СЕ ОПРЕМИ СО 4 КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ, 2 МЕТЛАРКИ И 150 КОНТЕЈНЕРИ
БРАВО - СО ГРАНТ ОД ВЛАДАТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 450 000 ЕВРА, ТЕТОВО СЕ ОПРЕМИ СО 4 КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ, 2 МЕТЛАРКИ И 150 КОНТЕЈНЕРИ

ЕУРОМАКС РИСОРСЕС: Донирана комора за Ковид – 19 тестирање во Центарот за јавно здравје Струмица

Струмица, 8 октомври 2020 – Центарот за јавно здравје во Струмица се опремува со комора со која ќе прави брза анализа на земените тестови за Ковид – 19 во својата лабораторија. Ова практично ќе значи дека примероците за тестирање нема да се праќаат во акредитираните лаборатории во Скопје, туку лабораторијата во Струмица самостојно ќе може да изработи околу 100.000 тестирања за целиот регион. Набавката на комората е донација од Еуромакс ресоурцес, меѓународната компанија која го развива проектот за рударскиот мега-комплекс Иловица – Штука.
Центарот за јавно здравје Струмица е една од најстарите здравствени институции во земјава која ги опслужува жителите на општините Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село и околните села. Според директорот на Центарот, Петре Витанов донацијата ќе овозможи значајно да се скрати времето на чекање на резултатите од земените брисеви.

„Центарот ја поседува опремата за докажување Ковид – 19, но недостигаше оваа таканаречена ламинарна комора за процесот да го реализираме во нашата лабораторија. Од таа причина, изминатиот период сите лабораториски испитувања за Ковид – 19 траеја по неколку дена бидејќи примероците се испраќаа во Институтот за јавно здравје во Скопје. Донацијата од Еуромакс ресоурцес ќе овозможи побрзо да им одговориме на оние кои чекаат резултати од тестирањето, што ќе значи и побрзо да се преземаат мерки за превенција и заштита на здравите и спречување на ширење на вирусот“, рече директорот на Центарот за јавно здравје – Струмица, Петре Витанов.

Ова е втора донација на Еуромакс Ресоурцес во здравствениот сектор во Струмица, откако минатиот месец и во оваа општина беше регистриран раст на бројот на заразени со корона вирусот.
Директорот за корпоративни комуникации и односи со јавност, Живко Груевски вели дека приоритет останува заштитата на здравјето на населението и на здравствените работници.
„Најавивме продолжување на донаторските активности во струмичкиот регион и денес сме тука со таа цел. Како општествено одговорна компанија веруваме дека со населението треба да се гради партнерски однос и соодветно да помогнеме за подобрување на животот во регионот и пошироко. Нема тука да застанеме. Напротив, компанијата веќе изгради став дека согласно нашата обврска кон локалната заедница ќе одвојуваме наменски фонд од по еден милион евра годишно за финансирање на повеќе локални проекти во првите две до три години по започнување со интензивна изградба на проектот. Ова би биле сосема нови и различни проекти за заедницата од оние големи инфраструктурни зафати кои се дел од нашиот генерален Проект. Развојот на регионов е еден од приоритетите и на Еуромакс“, рече Груевски.

Минатата недела Еуромакс донираше заштитни маски и скафандери во Здравствениот дом – Струмица.
Еуромакс Ресоурцес, инвеститорот на мега проектот „Рудник на можности“ опстојува на определбата Иловица – Штука да биде модерен рударски комплекс, изграден и управуван согласно највисоките европски и светски стандарди. „Рудникот на можности“ значајно ќе влијае и врз домашната економија , и тоа според постојните проценки на годишно ниво ќе овозможи раст на бруто домашниот производ за 3% и ќе се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна Македонија. Досега во проектот се инвестирани над 50 милиони евра, а првата фаза на изградба треба да чини околу 340 милиони евра. Комплексот во периодот на изградба и подоцна ќе вработи околу 1000 лица, од кои половината ќе бидат директно вработени во рудникот. Преку соработници и снабдувачи за потребите на рудникот, ќе се ангажираат и дополнителни 2700 лица.

loading...

AnimeKisa: Bleach: The Sealed Sword Frenzy anime episode Full online free at https://animekisa.in anime websites

ANIMEFLIX: Jigoku Youchien anime episode 12 online free at https://animeflix.nl animeflix hunter hunter

Girls & Panzer: Saishuushou Part 2 (https://animebee.to/m/akeb) Episode Full

RahXephon (Dub) Episode 26

Oyaaa: https://oyaaa.net/AnimeFreak

Confengine: https://confengine.com/user/gogoanimelol