Заев на Форумот Делфи во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ
Заев на Форумот Делфи во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ
(ВИДЕО) Заев на средба со министерот за надворешни на Португалија Силва: Амбицијата на Португалија првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време на нејзиното претседавање со ЕУ е единствено исправна

(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
(ВИДЕО) Заев - Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
НЕВЕРОЈАТНО, ДОЧЕКАВМЕ ГРЦИТЕ ДА НЕ БРАНАТ ОД БУГАРИТЕ НА СМЕТКА НА АЛБАНЦИТЕ: Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) БРАВО - Шестиот пакет мерки вреден 17,8 милиони евра е силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА - Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО, НА ПОНИКВА ВО КОЧАНИ ИМА АВИОНСКА ПИСТА?!?!

ЕВЕ КАКО ГИ ИЗМАМИЛ – Амзовски: „Меѓународен сојуз” требаше да обезбеди земјиште во Карпош по цена од 1.50 до 1.80 евра за кавдрат

– Според договорот, „Меѓународен сојуз” требаше да го обезбеди земјиштето за изградба на старечки домови. Тие ветуваа дека ќе обезбедат да го купиме земјиштето во Општина Карпош по цена од 1.50 до 1.80 евра за метар квадратен, како и промена на ДУП-от, но ништо од тоа не исполнија, кажа бизнисменот Адријан Амзовски сведочејќи на судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Сведокот Адријан Амзовски, кој е еден од сопствениците на фирмата Дрим билдинг Струга, рече дека за проектот дознал преку Александар Димитровски, кој му кажал дека постојат три проекти со Меѓународен сојуз, по еден во Струга и Охрид и еден во општина Карпош, за кој што тие се одлучиле.

-Според договорот Меѓународен сојуз требаше да го обезбеди земјиштето за градба. Ние, откако го потпишавме договорот имавме обврска да платиме 25 отсто или 16,1 милион денари фактура на авторски договор на Јасна Мандиќ. Уплативме 15 милиони денари одеднаш и рестото подоцна. Потоа требаше да чекаме Меѓународен сојуз да обезбеди земјиште, да не ослободи од комуналии, ама од тоа не бидна ништо. После истекот на рокот од 180 дена побаравме да ни се вратат парите, изјави Амзовски.

Сведокот рече дека, од тие пари Бојан Јовановски вкупно му вратил 155 илјади евра, во период од неколку месеци.

-Немавме некој однос ние да се расправаме или нешто. Полека ги враќаше парите, се додека не го притворија. Тогаш беше јасно дека нема да ги врати парите и покренавме граѓанска постапка. Таму си ги побарувам парите и се надевам дека ќе ги вратам, изјави Амзовски.

На состаноците за проектот, сведокот рече дека Јасна и Бојан секогаш биле присутни, а на неколку пати и Фросина Ременски и еднаш или два пати Александар Кирацовски.

– Верував во успешноста на проектот и затоа дадов толку пари. Прво бизнис планот беше добар, земјиштето во Скопје по таа цена и секако пресудно беше присуството на лицата, рече Амзовски.

На прашање од одбраната дали договорот го разгледале негови правници и го потпишал без принуда, сведкот рече да.

На прашање од Јасна Ерцеговиќ, сведокот рече дека заедно со неа и Бојан во Меѓународен сојуз ги креирале роковите за обезбедување на земјиштето за градба.

На прашање од Бојан Јовановски, дали тие како Меѓународен сојуз не можеле да ја диктираат цената на градежното земјиште и се воделе од одредбите на Владата, сведокот рече да.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица,
обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

loading...

ANIMEFLIX animeflix danganronpa: My Hero Academia (Dub) Episode 13

AnimeDao one punch man season 2 animedao: Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 2