ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ИДНАТА ВЛАДА НА КОВАЧЕВСКИ: Спасовски останува, Маричиќ и Николовски ротираат, кој ќе влезе во новата влада?

По промената на лидерската позиција во СДСМ, се подготвуваат одредени промени во раководството на партијата, кои ќе се рефлектираат и врз составот на идната влада што треба да се предложи и избере по оставката на се уште актуелниот премиер Зоран Заев.

Како што веќе објави Фокус, новиот партиски лидер Димитар Ковачевски на Централниот одбор во среда ќе го предложи Миле Зечевиќ за нов генерален секретар на СДСМ, по што следува екипирањето на поширокото партиско раководство.

Инаку, ваков епилог следува откако Зечевиќ се откажа од првичната намера да влезе во трка за партиски лидер, по што му се приклучи на Ковачевски, така што двајцата сега ќе ги предводат социјалдемократите.

Досегашниот генерален секретар на партијата, Љупчо Николовски, според неофицијални информации, најверојатно ќе седне на министерското столче во одбрана, кое веќе најави дека ќе го ослободи Радмила Шеќеринска.

Се обидовме да стапиме во контакт со Николовски, но тој не одговори на нашето прашање дали се точни информациите дека треба да стане нов министер за одбрана.

Упатените објаснуваат дека Николовски бил во комбинација за министер за одбрана уште при формирањето на актуелната влада, меѓутоа тој стана вицепремиер за антикорупција откако се уште актуелната министерка се предомисли од намерата да замине за амбасадор во САД.

Сега, за нов македонски амбасадор во САД се споменува поранешниот амбасадор и министер и актуелен вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, чија позиција, според партиски извори, веројатно ќе ја зазеде секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда Бојан Маричиќ.

„Засега не би сакале ништо да коментираме на оваа тема, одлуката е во рацете на идниот мандатар“, ни изјавија од кабинетот на Маричиќ.

Во дел од медиумите пак излезе името на Петре Шилегов како нов министер за транспорт и врски, меѓутоа тој остана недостапен да ги прокоментира ваквите написи, додека од СДСМ велат дека станува збор за шпекулација.

Актуелниот министер за транспорт Благој Бочварски на оваа функција е релативно краток период и за да го презеде раководењето на ресорот го прекина мандатот како градоначалник на Штип, поради што, според одредени извори, не се очекува негова смена, дотолку повеќе што нема соодветен друг ресор каде би ротирал.

Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче порача дека заедно со Заев се повлекува од раководството на СДСМ и од министерската функција во здравство, која ќе ја преземе Беким Сали од најновиот владин коалициски партнер – Алтернатива.

Покрај него, и министерката за образование Мила Царовска најави дека нема да учествува во новата влада, а сознанијата говорат дека промени се очекуваат во Министерството за култура (Ирена Стефоска), а не се исклучуваат и во Министерството за труд и социјала (Јагода Шахпаска).

Што се однесува до Министерството за внатрешни работи, се очекува Оливер Спасовски да продолжи да раководи со ресорот, од причина што, според партиски извори, се оценува дека среде мандат не треба да се прават промени во специфичен ресор.

Како идни членови на владата се споменуваа и заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП Сања Лукаревска и членот на партискиот извршен комитет Нина Фити, меѓутоа нема официјална потврда на ваквите информации.

–Не е точно! – кусо одговори Лукаревска, на нашето прашање дали во идната влада треба да заземе министерска или вицепремиерска функција?

ИЗВОР ФОКУС.МК

loading...

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao DARLING in the FRANXX

Attack on Titan Season 3 Part 2

anime to watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

free anime online JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

My Hero Academia (Dub) Episode 6