СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
СТАРИОТ ПРОЛУПАЛ - МИЛЧИН: Лошо е што имаме Албанец за министер за надворешни, ако се постигне договор со Бугарија, ќе има војна во земјава меѓу Македонците и Албанците?!?!
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Џафери на средба со Петков: „Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде во интерес на регионот“
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа е нивно право и никој неможе да им го ускрати
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
СДСМ: Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
ОПШТА ПАНИКА ВО ВМРО ДПМНЕ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА: НА ИСТА МАСА ГИ СЕДНАА БОЦЕВСКИ, ГЕРОВСКИ И МИЛЧИН ЗА ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОЊА ОД КЛЕТИТЕ БУГАРИ
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
Ахмети по средбата со Петков: Македонците да знаат дека ДУИ никогаш нема да повлече потег што ќе го загрози нивниот идентитет
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати
НИКОЛОВСКИ ИМ ПОРАЧА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Нема партиски поделби, од секој вработен барам максимален ангажман, чесна и одговорна работа, професионален однос, висок интегритет и испорака на резултати
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата
Од четврток постудено и снег особено во северо-западниот дел на државата

ЕВЕ КОИ МУ ПОМОГНАА НА МИЦКОВСКИ: РАЗОЧАРАНИ МАТЕРИЈАЛИСТИ КОИ НЕ ДОБИЈА ФУНКЦИЈА И РЕШИЈА ДА СЕ ОДМАЗДАТ НА СДСМ И ЗАЕВ!!!

– Бени не стана директор на МКЦ затоа што многу уметници се посомневаа во неговите капацитети за таа функција и кренаа глас, Шилегов се премисли и ги послуша уметниците, Бени се налути и реши да му се одмазди на СДСМ и на Петре Шилегов, иако годишно уназад 10 години добива од СДСМ десетици илјади евра за пеење на митинзите и сестра му е директорка на театар Комедија, и ако малце почекаше ќе се најдеше некоја функција и за Бени, но тоа е малце за апетитите и его манијакалноста на Бени кој се умислил дека е водачот на Ролинг Стоунс не му текнува дека тие десетици илјади на митинзите не се собираат заради него туку заради лидерот на СДСМ, Зоран Заев…

– Торте барал од Заев функција заради големиот удел кој го имал во Шарена Револуција и заради тв настапите во 2015-та каде се борел за промени и за СЈО, но Заев не му дал функција поради личните проблеми со некои пороци на Тортевски, јавноста во Скопје ги знае, не е фер тука да ги набројуваме… Торте лут решава да му се одмазди прави партија лае секој ден на твитер и беше ѕвезда во тв дебатите со Шилегов.

– Геро сака да биде шеф за медиуми во владата на Заев или барем директор на МИА или МТВ, ништо од тоа не му даваат, само уредник на два медиума, Плусинфо и Слободен Печат. Геро мисли дека тоа е премалку за величина како него и решава да му се одмазди на Заев со креирање невидена паника и хистерија, газдите на Слободен Печат по неколку молби и закани кои не се услишани решаваат да му дадат отказ, за што тој лично ќе го обвини Заев и од тогаш менува страна и станува најблизок на Камчев и ВМРО ДПМНЕ а во колумните на порталот фрла невиден гнев и личен анимозитет спрема Заев, иако тој ги реализираше сите барања на Геро кои ги имаше пред промената на власта – демократија, владеење на право, мафијаши на робија, договор со Грција, влез во НАТО, храбри преговори со БУхарија за влез во ЕУ, реформи, владеење без популизам и национализам…

– Бишевац оди на Бихачка и моли пак да биде пратеник, тоа било многу убаво, тој беше пратеник после затворањето на А1, некаде од 2011 до 2014та… Но во СДСМ му предложиле да се активира и да почека смена на власта и ќе добие некоја функција но Бишевац инсистирал да биде пратеник… Потоа оди во ВМРО ДПМНЕ и таму добива нешто утешително и решава да му се одмазди на Заев затоа што не добил фунција и сега го враќа режимот кој ја затвори А1 и го пикна Рамковски на 10 години робија…

– Љупчо Палески – Палчо, некаде во 2015-та оди на состаноци во СДСМ и од Заев бара да ја добие СДСМ градска на Скопје и ветување за директорска позиција во некое големо претпријатие, Заев вели дека не може тоа да му го вети и овозможи, овој нервозен решава да му се одмазди, менува страна и станува најголем вмровец, иако пред тоа 20 години беше медиска тупаница на СДСМ и правеше весници заедно со Бранко плус му дадоа и зграда дивоградба во сред Скопје, познатата зграда ТИФАНИ, а во еден од весниците кои ги издаваше самиот призна дека е албанец православец по потекло, значи како Денко Малески затоа и презимето му е такво, Палески, но тој сега е најголем македонец и фрла дрва и камења по Заев затоа што му се одмаздува што не го стави директор…

– Максо во Куманово, разочаран што не му е овозможено да биде лидер на СДСМ, лидер да стане преку ред злоупотребувајќи ја градоначалничката фотеља која му е дадена од СДСМ, сег аго руши СДСМ за да се докопа до фотељата, која ќе му беше дадена ако не ја злоупотребуваше, значи човекот е камиказа, оди на се или ништо, руши се пред себе, гази по лешеви и по својата матична партија за да го освои она што го сака или да го задржи она што мисли дека му е од мајка му дадено…

– Стевчо Јакимовски, таман пред падот на Грујо против кој и он се бори 10 години, менува страна затоа што не сака по никоја цена да ризикува да се оддели од фотељата на градоначалник на Карпош, многу згради се тоа многу станови, многу милиони евра, над 25 милиона евра буџет, еднаш лично во Камник ми се фалеше како да се откаже од тие милиони само поради некакви принципи?!?! Сега он во Карпош пак го враќа режимот на власт…

– Ана Петровска поради големи амбиции и превласт во ДОМ и изгубена позиција во владата откако беше избркана од ДОМ, сега плукаше во Шилегов со цел да им се одмазди и на СДСМ и на ДОМ и да помогне да се врати режимот… Иако самата е свесна дека како екологист, Шилегов е милион пати подобар за еколошко Скопје и здраво Скопје од кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, но тоа не и е важно…

– Љупче Златев е кадар на СДСМ, учесник на многу конфреренции на сорос на СДСМ и на други невладини, но откако не успеава брзо да изгради некаква политичка или новинарска кариера, менува страна преку ноќ и станува ученик на Миленко па Ефтов па Латас и на крај самиот си се скрасува со свое радио и портал, задоволен што станал некој и нешто, тоа што сега плука по социјал демократијата му служи на мафијата и што враќа режим не му е важно…

– Софија Куноска, жената смртно ја мрази Радмила Шеќеринска, незадоволна што не напредуваше во СДСМ како кадар на Бранко и некои финансиски моќници во државата, реши да се одмазди на партијата која од актерка ја направи политичарка, но очигледно она имала поголеми амбиции па сега ја плука својата партија дење ноќе иако партијата ги бележи најголемите успеси во својата историја, по славната ера на Киро Глигоров пред 30 години…

– Солза Грчева, од тотален анонимус, обичен професор на УКИМ, една од неколку иљади како неа, станува славна кога решава да се води по своите амнбиции и интереси и да го саботира бојкотот на СДСМ против режимот на Грујо, за полека полека бесрамно да стане најголема вмровка и најголема Груевка, како Стевчо на пример, тотален бесрамен трансфер без образ и без совест, иако се што има во политиката му должи на СДСМ…

– Бранко Црвенковски, гневен што СДСМ после него наместо во пепелта или во калта или во стагнација бележи историски успеси а Заев е примен од светски великани како голем државник, бесен од его и суета решава да му се одмазди на Заев и да проба пак да се врати на Бихачка. Големи се шансите во таа операција да му помага и Пендаровски кој себе си се гледа како иден лидер на СДСМ.

– Владе Милчин, која иронија, човекот 30 години беше шеф на ФОндација Отворено Општество, а сега помага земјава пак да биде заробена од мафијата и од Груевистите и веројатно и да навлезе во тешки конфликти и војна, само затоа што не стана министер за клутура, позиција која си мислел дека му следува како еден од водачите на отпорот. Но во СДСМ решија да ги дадат тие позиции на коалициони партнери и други уметници, си мислеле на Бихачка дека платата од 3000е месечно што ја зема Милчин и што ја земаше уназад 30 години му е доволна како богатство и сатисфакција, но изгледа ги потцениле аптетитие на Милчина. Он веројатно си замислил дека милионите долари што ги подели Сорос Фондација се од негов џеб а не од џебот на Џррџ Сорос па мислел дека му следи и вратка за таа великодушност.

– Петар Атанасов, беше заменик министер за образование, но ова за него е премалце, он сонува да биде министер по секоја цена, па откако Заев не му го дава тоа место, дава отказ како мало дете, крева паника и плаче и сега му е десна рака на Максо во Куманово?!?! Еј за некого заменик министер е нешто неважно, какви неблагодарници, само да се почека скромно па некогаш во некој иден состав може да се стане и министер но само треба да се има скромност и тронка благодарност, но некои луѓе се оперирани од таа работа, мислат само на себе па ако треба се ќе уништат околу себе со невидена леснотија…

– Зоран Буревесник, рекетар како рекетар мора да рекетира некој што е на власт и што има добра плата за да може нешто да му извлече. ВМРОВЦИТЕ се сите набутани по затвори и утепани, иако имаат уште пари, ама па они нема од што да се срамат немаат чест, политичарите кои имаат чест и што да бранат се овие од СДСМ и нормално рекетарот Божиновски удри по нив со ред лаги ред вистина со цел да и исплаши и да им земе некоја пара и затоа човекот што беше симбол на борбата против режимот сега е симнбол за враќање на режимот на власт, што има везе, пари се во прашање, јебеш идеали, за иделе гину будале…

– Јоци беше со ВМРО ДПМНЕ, па едно време смени страна и стана дел од отпорот против режимот, после пак смени страна и беше со ВМРО ДПМНЕ, па пак смени страна и беше една година на страна на СДСМ за сега пред некој месец пак да е на страната на ВМРО ДПМНЕ, оваа убедливо води во промени на страни, алал да и е на женскава… Изгледа она тера по принципот кој ќе фрли и залепи пара на чело, нема друго објаснување за овие неверојатни трансвери…

Еве ова се само мал дел од дечките кои беа дел од отпорот но решија да го ПРЕДАДАТ, ИЗДАДАТ, ПРОДАДАТ за грст грошеви или пак за пуста одмазда затоа што не си ги оствариле личните амбиции, небаре се боревме за преврат за лично да си ги наполниме џебовите а не да се избориме за слобода правда мир иднина интеграција соживот безбедност стабилност просперитет на цела држава… Изгледа некој се борел за личен профит и само на тое мислел додека крваревме и патевме во битката со режимот и мафијата.

Разбирлива е разочараноста на Зоран Заев ако се случи СДСМ да биде поразен и меѓудругото и поради паниката на овие но и многу други анонимуси во СДСМ кои ќе го вратат режимот затоа што лично не си ги наполниле џебовите па го обвинуваат раководството на СДСМ дека биле заборавени… Не може Заев да постави 200 000 директори или шефови или да ги набута во администрација или да им даде фирми и тендери, се боревме не за да го симнеме Курто и да се качиме како Мурто, се боревме земјава да ја средиме, и ако гласаме за тоа тогаш СДСМ заслужува преодна оценка, позитивна оценка, но изгледа многумина го оценуваат СДСМ според тоа колку се офајдиле личено од функции, тендери, парички заработени не со труд туку поради заслуга, не бива така другари, тоа не е во ред.

И јас уште немам свој стан немам нова кола, возам стара кола 15 години и уште не е исплатена до 2025-та ми е кредитот за неа, уште имам долгови и блокирани сметки и се борам со извршители, жена ми е небвработена, да живеам многу подобро од порано, но никогаш не мислев дека се бориме за да се обогатиме, се бориме за да ги тргнеме неправдите, заблудите, омразата, диктатурата, да донесеме слобода, мир, спокој, а потоа кој колку може нека печали нека прави фирми фабрики нека се бави со она што го бива и нека се бори за опстанок и просперитет, но за тоа нека не го обнвинува Заев, тој не е фарао кој треба со торби пари да носи по членството, за тоа треба сите да се испотиме, не да чекаме СДСМ да не нарани па ние да бидеме задоволни и да гласаме…

п.с Во една комуникација со дел од луѓето на Бихачка разбрав дека дел од првите луѓе во штабот на Данела Арсовска се пребегани активисти од седиштето на СДСМ на Бихачка кои не добиле функции какви што се надевале па сега Данела ги прибрала и им ветила нешто подобро, и овие од еден во друг штаб преку ноќ?!?!?! Цццц тешко на оваа земја со такви политички активисти…

loading...

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime websites Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

ANIMEFLIX Tokyo Revengers Episode 21 - Uncen

ANIMEFLIX Hunter x Hunter (2011)

watch anime dub ANIMEFLIX One Piece

ANIMEFLIX Pokémon Journeys: The Series