КОНДОВСКИ: Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови
КОНДОВСКИ: Битола ќе добие современа противпожарна заштита по теркот на модерните европски градови
Шилегов: Распишан тендерот за БРТ, Скопје е првиот град во регионот со ваков систем за јавен превоз
Шилегов: Распишан тендерот за БРТ, Скопје е првиот град во регионот со ваков систем за јавен превоз
ШИЛЕГОВ: БЕГАЊЕТО ОД ДЕБАТИ НА АРСОВСКА Е НАВРЕДЛИВО ЗА СКОПЈАНИ
ШИЛЕГОВ: БЕГАЊЕТО ОД ДЕБАТИ НА АРСОВСКА Е НАВРЕДЛИВО ЗА СКОПЈАНИ
ШИЛЕГОВ ГИ ПРИФАТИ БАРАЊАТА ЗА ВОДНО ОД ИНИЦИЈАТИВАТА „ГО САКАМ ВОДНО“
ШИЛЕГОВ ГИ ПРИФАТИ БАРАЊАТА ЗА ВОДНО ОД ИНИЦИЈАТИВАТА „ГО САКАМ ВОДНО“
ДИК: Нема да има редици за гласање како во првиот круг, фингерпринт-уредите ќе бидат побрзи
ДИК: Нема да има редици за гласање како во првиот круг, фингерпринт-уредите ќе бидат побрзи
ШИЛЕГОВ: Со 280 илјади евра ќе се „дислоцира и мултиплицира“ зеленилото кое ќе се уништи за БРТ
ШИЛЕГОВ: Со 280 илјади евра ќе се „дислоцира и мултиплицира“ зеленилото кое ќе се уништи за БРТ
ШИЛЕГОВ: ЗОШТО АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА ДЕКА НЕМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
ШИЛЕГОВ: ЗОШТО АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА ДЕКА НЕМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ ЌЕ ГО ИМА ПРВИОТ АКВАРИУМ ВО РЕГИОНОТ
ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ ЌЕ ГО ИМА ПРВИОТ АКВАРИУМ ВО РЕГИОНОТ

ЕВЕ ШТО НАПРАВИЈА МОРАТОРИУМИТЕ НИЗ СКОПЈЕ: За три месеци цената на становите отиде во „вис“, некои се продаваат и за 2000е квадрат!

Историски раст на цените на недвижнините за едно тромесечје. Во вториот квартал годинава недвижнините пораснале за дури три проценти, раст каков што не е регистриран од 2010 година. Тогаш поскапувањето за три месеци било 5,2 проценти, но во сите квартали наваму имало или пад или многу помало зголемување на цените. Ако се анализира на годишно ниво, цената на недвижнините се зголемила уште подрастично во однос на истиот период лани – за дури 4 проценти. Градежниците веќе најавија значаен раст на цените, ама никој не предвиде дека само за три месеци становите и куќите ќе поскапат толку. Како клучна причина за поскапувањето се посочува зголемувањето на цената на градежните материјали, но и генералниот регионален тренд на раст на цените во секторот.

1.500 евра за метар квадратен во Карпош, до 2000 во Козле, Тафталиџе и на Водно, исто колку што стасува цената и во Центар – цените се зголемени на терен, а вчера тоа го потврдија и податоците на Народната банка. Фактор ја анализира динамиката на раст. Според најновите податоци, годишниот раст е пет проценти во вториот клвартал, а тримесечниот е три проценти. Во првите три месеци годинава на годишно ниво растот бил помал или 3,1 проценти, а кварталниот е 1,9 отсто.

Во пандемиската 2020 година цените на недвижнините не се зголемија за повеќе од 2 отсто. Во неколкуте години претходно најголем раст имаше во 2019 година. Претходно во 2017 и во 2016 година дури има пад на цените на недвижнините.

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора изјави дека голем број фактори влијаат на продажната цена на станбениот простор, но најмногу растот на трошоците.

„Нашата прогноза за раст на цените во периодот кој следува, од една страна, се заснова на анализа на моменталните трошоци за градба, од која лесно ќе се заклучи дека зголемувањето на минималната плата, поскапувањето на градежните материјали, како и трендот на пораст на цените во секторот, генерално, несомнено ќе доведат до раст на продажните цени на станбено-деловниот простор. Од друга страна, прогнозата се заснова и на анализа на регионалните текови и на трендот на раст на цените на станбениот простор во соседните земји во последните години, со особено изразен раст во Србија и во Бугарија, поради што заклучокот би бил ист. Денес цената на стан во центарот на Скопје, со идентичен квалитет на градба, се поистоветува со цената на стан во центарот на Ниш, помалку чини од стан во Нови Сад, а дури двапати помалку чини отколку стан во центарот на Белград, изјави Серафмовски неодамна во интервју за Фактор.

Според првични анализи и проценки, поради пандемијата за 80 отсто поскапел челикот, за 40 проценти стиропорот, до 30 отсто производите од сувата градба, но растела цената и на другите материјали.

Исто така, цената ја зголемува и големата побарувачка на станови, а градежниците велат дека растот е условен и од мораториумите за градба во некои скопски општини кои траеле предолго. Се предвидува трендот на раст да не запре и во следниот период, особено во местата кои се сметаат за поатрактивни. За нив се зголемил значајно интересот и во пандемија, а најбарани се недвижнини во скопските општини Центар, Карпош и Аеродром.

loading...

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

To LOVE Ru Episode 26

Starity: https://starity.hu/profil/293399-animeflixnl/

Superspringsinternational: https://www.superspringsinternational.com/users/animefreak-ws/