Поранешниот премиер на Австрија Себастијан Курц остана без пратеничкиот имунитет.
Австриската парламентарна комисија му го одзеде а единствено формално прашање е донесувањето на одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет
На шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот премиер Себастијан Курц, австриската парламентарна комисија му го одзеде пратеничкиот имунитет.
Имено, укинување на имунитетот на шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП) побара Обвинителството за економски криминал и корупција.
Се води истрага против Курц поради проневера и поткуп.
Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата. По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, велејќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања.