ЕВЕ ЗОШТО СЕ ГИНЕ НА УЛИЦИТЕ, ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ: Со ноќен радар фатени и казнети 384 возачи за брзо возење

Во текот на изминатата вечер (25/26.06.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи. Од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 264 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.