Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

ЕВЕ ЗОШТО ВМРО ДПМНЕ ГО БЛОКИРА СОБРАНИЕТО: Обвинителството со нови докази за „Талир-2“, ВМРО-ДПМНЕ не плаќало данок на имот пет години

Со цеде и документи, обвинителот Љубомир Лапе, утрово на Основниот кривичен суд во Скопје му предложи дополнување на доказите во судењето за предметот „Талир 2“, кое се однесува на противзаконската градба на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, објави денеска истражувачкиот портал Призма.

Меѓу четириесетината докази, се најдоа и решенија од Град Скопје за данок на имот за седиштето на партијата. Според листата докази што на судот му ја предал обвинителот Лапе, ВМРО-ДПМНЕ, дури годинава платило данок на имот за седиштето на партијата за периодот од 2017 до 2021 година.

Обвинителот, во листата докази предложи и царински декларации за набавениот инвентар во Белата плата.

На денешното судење, дополнителни докази предложи обвинетиот Кирил Божиновски, кој во тоа време бил генерален секретар на партијата.

Следното рочиште за „Талир-2“ е закажано за 17 мај.

Во судскиот процес „Талир-2“ обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои се товарат за злоупотреба на службената положба. Обвинителството ги гони поради тоа што овозможиле градежната компанија „Бетон“ од Скопје да го изгради седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во период кога оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, што е во спротивност со Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Обвинетите спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра. Инаку, овој судски процес се суди уште од 2019 година.

loading...

dow go88

download sunwin pc tool tài xỉu sunwin cho android sunwin cho ios