Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој
Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем

Европска Бизнис Асоцијација: ЕУ извештајот нотира дека уште не сме усогласени со ЕУ легислативата за многу области од сферата на бизнисот

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

Почитувани претставници на медиумите,
Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) претставувана од претседателката, д-р Катерина Бошевска и генерална директорка на EOS Matrix Македонија и Делегацијата на Европска Унија претставувана од господинот Freek JANMAAT, раководител на одделението за економски прашања, градење на институциите и прекугранична соработка, на 16 Декември 2021 година во 14 и 30 часот во просториите на Europe House при Делегацијата на Европска Унија, ги презентираа и анализираа со посебен осврт на конкурентноста и развојот на пазарот.

Економските аспекти на објавениот извештај за Северна Македонија од страна на Европската комисија со посебен осврт на конкурентноста и развојот на пазарот.

Фокусот на денешната анализа, а со тоа воедно и најава за фокусот во работењето на Европската Бизнис Асоцијација во наредниот период се кластерите 2 и 3 од реферираниот извештај.
Кластерот 2 се однесува на внатрешниот пазар и подетално разработува прашања поврзани со слободно движење на капитал, материјални добра и работна сила, право на поставување и извршување на услуги, корпоративна законска рамка, интелектуална сопственост, политика на конкурентност, финансиски услуги и заштита на потрошувачите.
Кластерот 3 се однесува на конкурентноста и интегриран раст и подетално разработува прашања поврзани со оданочувањето, вработувањето, царина, економската, индустриската, монетарната, социјалната политика, наука и развој, информативно општество и медиуми, образование и култура.

Генералната оценка според извештајот е дека е потребен поголем прогрес на земјата особено во следната година во областите на кластерите 2 и 3 од извештајот со цел Македонија да ги исполни барањата на ЕУ за функционирање на внатрешните пазари на нејзините земји членки како битен предуслов и огромна важност за развивање на заеднички регионален пазар.
Се уште не е постигнато целосно усогласување или прилагодување на нашата законска легислатива по секој од сегментите во овие кластери со соодветните ЕУ законски концепти (ЕУ acquis) како што се очекуваше или планираше.

Нашата анализа на извештајот покажа дека со цел постигнување на горенаведеното, за овие два кластери, нашата работа треба да се насочи кон усогласување со следниве европски директиви или документи
• ЕУ директива за општа безбедност на производите
• Членовите 34-36 од Повелбата за функционирање на ЕУ
• ЕУ директива 2005/36/ЕЦ
• ЕУ 5та AML директива
• ЕУ acquis за компании, сметководство и ревизија
• ЕУ директива за меѓу-гранични спојувања
• ЕУ директива за годишни финансиски сметки и поврзани извештаи
• ЕУ директивите за заштита на интелектуална сопственост
• ЕУ Директива за финансиско обезбедување
• ЕУ Директива за конечно порамнување
• ОЕЦД стандардите за размена на финансиски информации

Тоа подразбира неколку нови законски решенија
• Закон за услуги
• Закон за признавање на професионални квалификации
• Закон за платни системи и услуги со под-законска регулатива
• Закон за сметководство
• Закон за ревизија
• Закон за пазари на капитал
• Закон за заштита на потрошувачи
• Допрецизирање со подзаконски акти на Законот за општа безбедност на производите
Како и
• Нова хоризонтална стратегија за слободно движење на производите
• Стратегија за акредитација и стандардизација на квалитет
• Портал за електронски услуги за компаниите
• Едношалтерски систем за компаниите, вклучително и регистрација
• Листа на регулирани професии со образложенија
• Електронски даночен систем

Како асоцијација ќе посветиме особено внимание на главата 6– Корпоративна законска рамка од кластерот 2 на извештајот, и главата 16 –Оданочување и 17-Економска и монетарна политика од кластерот 3 каде ќе се фокусираме на препораките на извештајот и со нашата активна работа ќе придонесеме кон нивна реализација.

Ова во главно се однесува на
• поставување и регулирање на правата на сопствениците на компаниите при меѓу-гранични спојувања и делувања на компаниите
• дефинирање и примена на Код на корпоративно управување особено или најмалку за компаниите кои котираат на берзите
• примена и употреба на дигитални алатки во работењето на компаниите
• нова законска рамка за корпоративно сметководство со примена на меѓународните сметководствени и известувачки стандарди за сите компании на пазарот
• дефинирање и усвојување на законска рамка за ревизија
• постигнување целосно електронски даночен систем
• оценка на стратегијата за реформа на даночниот систем
• фискални мерки за поддршка на компаниите

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime stream Naruto (Dub)

ani watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2

watch anime online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

watch subbed anime To Your Eternity

anime sites Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation