Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

ФАКТОР.МК – ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА ЗА АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: ГРАДЕЖНИКОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ВРЕДНИ АКЦИИ ВО БЛОК ТРАНСАКЦИЈА!

Нова блок трансакција вредна 5 милиони евра за 1,6 отсто од акциите на „Комерцијална банка“. Станува збор за блок со кој по цена речиси идентична со последната пазарна цена се купени акции во најголемата деловна банка. „Фактор“ дознава дека купувач на акциите е Фатмир Етеми, претседателот на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“, а продавач на акциите е „Супертрејд“ компанијата за трговија на големо со моторни горива.

„Комерцијална банка“ е акцијата која се бара на Македонската берза за хартии од вредност. Вчера во блок трансакција беа истргувани 35.637 акции по цена од 8.675 денари за акција. Прометот е 5 милиони евра, а цената на акцијата е речиси идентична како и пазарната цена (т.е. во класично тргување) која изнесуваше 8.750 денари за една акција.

Засега официјално не е познато кој вложи 5 милиони евра во акции на најголемата деловна банка во земјава. „Фактор“ дознава дека купувач на акциите е актуелниот претседател на Надзорниот одбор Фатмир Етеми, сопственик на градежната компанија ЗСФ ком, а продавач е „Супертрејд“ компанија за трговија на големо со нафтени деривати.

Како и да е, ова е уште еден доказ дека и на овие пазарни цени акцијата на таа банка е поатрактивна и носи поголем принос од каматите што ги дава на депозити.

Од друга страна тоа што Етеми кој стои зад успешната градежна компанија ЗСФ КОМ купува акции во банката е уште еден сигнал за инвеститорската јавност, но и потврда плус за самата компанија која на ваков начин го доградува рејтингот. Пред пандемијата или во 2019 година ЗСФ имаше приходи од 7,6 милиони евра и профит од 2,6 милиони евра. Во годините претходно, цело време, компанијата беше и остана една од лидерите на градежниот пазар, а тој еден од клучните играчи на пазарот. Етеми порано беше и пратеник, но сега е насочен кон бизнисот, а судејќи по овие потези тоа многу добро го прави.

Инаку не се исклучува можноста дека овој блок значи дека веќе е извесно оти наскоро ќе има дивиденда која беше запрена со одлуката на централната банка. Дури не се исклучува можноста за позитивен исход по жалбата на претставници на „Комерцијална банка“ до судот со која беше оспорена надлежноста на централната банка да носи вакви одлуки.

Наскоро ќе видиме дали некоја од овие опции е причина за големите истргувани количества акции во „Комерцијална банка“. Но факт е дека акцијата на оваа банка е број еден материјал за тргување на Македонската берза за хартии од вредност. И доколку се случи некој да ја превземе или да ја припои „Комерцијална банка“ берзата ќе се најде на голем предизвик да обезбеди достојна замена за најтргуваната акција зашто во спротивно ќе се соочи со голем пад на прометот и проходите кои ги генерира тој промет.

Сведоци сме дека уште еден член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ во последно време беше многу активен во купувањето акции во таа банка. Тоа е Чифлиганец кој преку неговата „Адора инженеринг“ купуваа акции во континуитет. И претседателот на надзорниот одбор Фатмир Етеми пред неколку дена купи над 4.000 акции во кои вложи 614.000 евра. Сите овие акции се купени на пазарни цени.

Во иднина тргувањата со акциите на „Комерцијална банка“ ќе треба да се следат со особен интерес затоа што во последниот период имаше многу јасни сигнали за изразита консолидација во корпоративната сопственичка структура на најголемата домашна банка.

loading...

nạp tiền go88 qua momo

Sunwin – Ông Hoàng đổi thưởng, đẳng cấp game bài đại gia cách tải sunwin cho iphone sunwin mod