ПОРТАЛОТ ФАКТОР КОЈ ВАЖИ ЗА ОМИЛЕН НА ОГЛАСУВАЧИТЕ ТРГНА ВО ЛИНЧ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
ПОРТАЛОТ ФАКТОР КОЈ ВАЖИ ЗА ОМИЛЕН НА ОГЛАСУВАЧИТЕ ТРГНА ВО ЛИНЧ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
(ВИДЕО) Е ОВА Е СТРАШНО: СО НОВАТА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА, МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА ЛАЖНО ВИДЕО СО ЛИКОТ И ГЛАСОТ НА ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ
(ВИДЕО) Е ОВА Е СТРАШНО: СО НОВАТА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА, МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА ЛАЖНО ВИДЕО СО ЛИКОТ И ГЛАСОТ НА ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ
МИЛЕВСКИ: Интересот за самостоен настап на членовите на ЛДП е голем. Досега потврдивме 52 советнички листи низ државата.
МИЛЕВСКИ: Интересот за самостоен настап на членовите на ЛДП е голем. Досега потврдивме 52 советнички листи низ државата.
И ОВОЈ САКА ДРЖАВА ДА ВОДИ - МИЦКОВСКИ ПЛАЧЕ ОД БОЛНИЦА, КАКО ДЕТЕ ИНФАНТИЛНО РАЗГАЛЕНО: ГЛАВАТА МИ ПУКА, МОЖНО Е ДА УМРАМ, АМА АКО ПРЕЖИВЕАМ ИМА ДА СЕ ОДМАЗДАМ НА СИТЕ!
И ОВОЈ САКА ДРЖАВА ДА ВОДИ - МИЦКОВСКИ ПЛАЧЕ ОД БОЛНИЦА, КАКО ДЕТЕ ИНФАНТИЛНО РАЗГАЛЕНО: ГЛАВАТА МИ ПУКА, МОЖНО Е ДА УМРАМ, АМА АКО ПРЕЖИВЕАМ ИМА ДА СЕ ОДМАЗДАМ НА СИТЕ!
ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ НА ЗАЕВ, МИЦКОВСКИ НЕМА ДЕН ДА НЕ БИДЕ МЕНТАЛНО ИЗРЕМЕТЕН, ПОЧНУВА ЖАЛ ДА МЕ ФАЌА ЗА ТАТИНОТО СИНЧЕ ОД ВЛАЕ
ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ НА ЗАЕВ, МИЦКОВСКИ НЕМА ДЕН ДА НЕ БИДЕ МЕНТАЛНО ИЗРЕМЕТЕН, ПОЧНУВА ЖАЛ ДА МЕ ФАЌА ЗА ТАТИНОТО СИНЧЕ ОД ВЛАЕ
(ВИДЕО) КАКОВ ГАФ НА МИЦКОВСКИ, ОВОЈ Е ФИНАНСИСКИ НЕПИСМЕН, МИСЛИ ДЕКА ВО ЕДНО ЕВРО ИМА 100 ФЕНИНЗИ НАМЕСТО 100 ЕВРО ЦЕНТИ?!?!
(ВИДЕО) КАКОВ ГАФ НА МИЦКОВСКИ, ОВОЈ Е ФИНАНСИСКИ НЕПИСМЕН, МИСЛИ ДЕКА ВО ЕДНО ЕВРО ИМА 100 ФЕНИНЗИ НАМЕСТО 100 ЕВРО ЦЕНТИ?!?!
Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда, вакцините ќе пристигнат утре
Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда, вакцините ќе пристигнат утре
И ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА БУДИСТИТЕ, ДАЛАЈ ЛАМА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ОД КОВИД ВО ИНДИЈА
И ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА БУДИСТИТЕ, ДАЛАЈ ЛАМА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ОД КОВИД ВО ИНДИЈА

ФАШИСТ И ОКУПАТОР ЛИ БЕШЕ ВНУКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?

Искрено внимание ми предизвика кумановскиот градоначалник, почитуваниот Максим Димитриевски, со своите изјави во последниот период од време. Борбен, смел и одлучен, како и секогаш влезе во трката за уште еден мандат, но на многу лизгав и опасен терен, кој имам чувство дека не му е до толку познат.

Со целата моја добронамерност, искрено би му сугерирал кога ја користи онаа многу популарна фраза „плочите не ги тргаме”, да биде чесен кон вистината и да провери кои биле негови претходници, градоначалници-кметови на Куманово во тој период 1941-44, па сите ние да размислиме околу темата со фашизмот и окупаторите!

Во периодот 1941-44-та, градот Куманово има тројца градоначалници.
Кумановецот Теодос Џартов, правник по образование. Неговиот живот завршува во периодот од 7-14-ти јануари 1945 година, ликвидиран од новата власт како великобугарин. Јосиф Андонов, лекар по образование, по потекло од штипско семејство, чиј живот исто завршува во периодот од 7-14-ти јануари 1945 година во таканаречениот настан Крвавиот Божиќ, кој сѐ уште е табу тема во Македонија.
Третиот градоначалник на Куманово, навистина нема ништо со Куманово, искрено може да се размислува за „етикетирање” како окупатор.

Милан Гоцев е роден на 2 октомври 1906 година во Кукуш. Син е на Тина Делчева, сестра на Гоце Делчев. Неговата мајка го крстила на нејзиниот брат Милан Делчев, кој исто така е војвода на ВМОРО и загинува во 1903 година.

Милан Гоцев е правник по образование и доживеа длабока старост, почина во 2010 година на 104 години во Софија. Имав чест да поминам едно попладне и да испијам еден чај во неговиот дом на ул. Шандор Петьофи № 45 во 2008 година и иако беше на 102 години, беше неверојатно подвижен и со исклучително бистар и остар ум. Неговата харизма и дар слово искрено го пленија моето младешко срце, слушав со часови, читав и разгледував стотици документи, слики, книги од едно друго време. Никогаш нема да го заборавам тоа попладне и оној жар, кој остави трајни последици кои се отсликуваат и во моето денешно размислување. Нашата комуникација остана се до неговиот последен ден.

Дедо Милан остави богата архива, купишта документи, спомени, писма, фотографии, кои имав чест со сопствени очи да ги видам. Човекот кој се погрижи да ја зачува неговата архива во 2011 година, е мој близок пријател, кој после десетина години од тогаш, во овој момент е еден од највлијателните членови на бугарскиот Парламент, кое како факт е огромна „несреќа” за таквите како Максо и слични на него.

Петар Колев, лидер на Граѓанско Демократска Унија

loading...

Sword Art Online Alicization War of Underworld Part 2 (Dub) Episode 7 at website https://funimationfree.com funimation roku

Boruto: Naruto Next Generations Episode 181 at website https://crunchyrollfree.com get crunchyroll premium free