КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!

ФАТЕН ЖИВ КАКО ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ- АРБЕН ТАРАВАРИ ЛАЖЕ КАКО ВМРОВЕЦ: НИШТО НЕ Е ИНВЕСТИРАНО ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО?!?!

– Ништо не е инвестирано во јавното здравство овие 4 години, срамота а оваа влада се преставува како левичарска…

Арбен Таравари лажеше без око да му трепне на Куртон Алфа. Еве што велат фактите на терен, почнуваме од болницата во градот каде тој е градоначалник, Гостивар:

И покрај предизвикот со пандемијата не запревме со инвестициите во здравството. Реновиравме болници и цели одделенија, ги реновиравме сите интерни одделенија во Скопје и обезбедивме нови операциони сали. Само во болницата во Гостивар се реновираше хируршкото одделение, се реновираа операционите сали, се купи нов апарат за рендген, а за нецели два месеци за првпат во историјата на градот и оваа болница, Гостивар конечно ќе добие апарат за магнетна резонанца. Нема потреба да се патува во Скопје или во било кој друг град.
Се помалку млади лекари сакаат да заминат во странство. Младите приватни специјализанти работеа без пари, сега се тие платени 30 000 денари, а сега ќе добијат средства за дежурства ќе бидат и здравствено осигурени.

Дотраените бараки на амбулантите по повеќе од 50-60 години ги заменуваме со нови, модерни и енергетски ефикасни. 🙌Ова е проект кој е реализиран согласно стратегијата за реформа на примарното здравство што предвидува поголем број на услуги на примарно ниво со цел на пациентите да им се пружи услуга блиску до нивните домови и помало оптеретување на болниците.
✅9 замени и поставување на комплетно нови објекти на местото на старите руинирани амбуланти во населбите Бутел, Влае, Ѓорче Петров 2, Тафталиџе, Козле, Лисиче, Аеродром, Автокоманда и амбуланта Карпош. ✅1 нов објект на територија на општина Кисела Вода.
10 Комплетно нови амбуланти со:
✔️Нов внатрешен распоред, поставеност на чекалните такашто ќе се спречат гужвите;
⌚Соодветна уреденост на партерниот дел на влезот со клупи за чекање;
🧩Добро осмислен стретешки концепт за подобрување на услугата во примарната здравствена заштита;
⚕️Соодветни услови за пружање здравствена услуга на пациетите во различни делови од градот.

Денес, заедно со г-дин Ерик Мејер, шеф на Мисија на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, во моментот вршител на работите на амбасадата на САД и г-ѓа Сехе Чунг, заменик конзул, направивме обиколка на лабораториите во ИЈЗ кои беа обновени со нивна донација. Дискутиравме за моменталната состојба предизвикана од вирусот КОВИД-19, го разгледавме процесот на вакцинација, актуелните случувања со кризата во Авганистан од здравствен аспект и зајакнување на соработката помеѓу нашите држави. Постојаната поддршка од амбасадата на САД, како и идните можности и натамошни перспективи во насока на зајакнување на здравствениот систем во Република Северна Македонија се од особена важност за граѓаните.

✔️Гасификација на ЗД Пробиштип, замена на кровната конструкција и комплетно реновирање на просториите и влезот во Итната Медицинска помош.
👉Со реализација на овој проект преку донација од страна на Владата на САД, сега ЗД Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот.
🇺🇸🇲🇰Благодарност за заложбите и посветеноста од страна на генерал-мајор Грегори Најт и вршителот на должност амбасадорот на САД Ерик Мајер, поради кои овие, за нашиот народ многу значајни проекти, навремено се реализираат. Искрено верувам дека нашата заедничка и импресивна соработка ќе продолжи и во иднина. САД е наш најголем и најважен стратешки партнер, кој од самиот почеток на пандемијата со ковид широкоградо ги даде своите донации во форма на заштитна опрема, медицинска опрема и заеднички реализиравме многу крупни проекти. 🙌Се радувам на секоја измината и идна наша соработка.

Денеска е среќен ден за Флора Гаши 🙏
Лекот „Калидеко“ пристигна и е дистрибуиран на Клиниката за детски болести. ✔️
Обезбедени се пациентите со ретката болест цистична фиброза, кои се носители на III -klasa CFTR “gatting” мутација, за период од една година.
✅Во редовна комуникација со Здруженијата на пациентите со ретки болести, од 2017 година па наваму постигнавме многу. Со новиот ребаланс на Буџетот за 2021 година за третман на пациентите со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, што е значително повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 214 милиони денари. Зголемен е и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести. Сите тие се бесплатни за овие пациенти.

После 60 години за прв пат во ОБ Гевгелија е направена нова операциона сала со најсовремена опрема. 🙏
Ова е само едно од низата реновирања кои беа направени во изминатите две години во оваа болница. До крајот на годината оваа болница ќе добие апарат за компјутерска томографија, што многу ќе го олесни пристапот за вакви испитувања. Ќе продолжиме со зголемување на платите благодарение на оваа Влада и премиерот Зоран Заев, 30 милиони евра во изминатите три години се вложија во зголемување на примањата на здравствените работници во нашата земја. Драго ми што се повеќе млади доктори патот не го гледаат надвор од нашата земја и сакаат да работат тука во нашите здравствени установи.

Влогот во здравствениот систем е влог во здравјето на граѓаните. Жените од Шуто Оризари после долг период добија матичен гинеколог и ординација која комплетно ја опремивме. Отворивме пункт за тестирање за корона вирус, како и вакцинален пункт за Ковид 19. Поликлиниката доби дополнително двајца метични лекари. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на пациентите и за квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат.

Поликлиниката во Шуто Оризари ќе добие медицинско возило за брза помош и ќе обезбеди плати за две лица од Ромска националност кои ќе бидат ангажирани во период од две години. Со оваа поддршка ги јакнеме капацитетите на Ромската заедница преку редовни здравствени прегледи, преку едукација за важноста на прегледите, преку правото за вакцинација, со цел да им се олесни пристапот до здравствена заштита и да развијат навики за грижа на сопственото здравје. Со фондацијата отворено општество Сорос потпишавме два меморандуми, за „Спроведување на ургентни интервенции во поликлиниката Шуто Оризари“ и меморандум за„Промовирање на развојот на претприемништвото на Ромите во Република Северна Македонија“. Целта на соработката за развој на претприемништвото е да ги поддржи постојните бизниси и да вложи дополнителни финансиски средства за потикнување и развој на реализирање на нови бизнис идеи кај Ромското население со цел подобрување на социо-економскиот статус во општеството.

Со инвестиции во здравството граѓаните ги добиваат потребните здравствени услуги во своите градови. Со новата SPECT-CT гама камера во КБ Битола и со апарати за магнетна резонанца, компјутерска томографија, пациентите кои имаат потреба од овие испитувања нема веќе да патуваат во Скопје. Граѓаните не само од Битола туку и од овој регион ќе ја користат експертизата на лекарите кои со години работата во битолската болница.

Со здружението Хепар денеска на светскиот ден за борба против хепатит потпишавме Декларација за усвојување и воведување на стандарди за превенција, рана дијагностика и лекување на ова заболување. Пациентите сега за прв пат имаат и терапија која е воведена на КИБФС и на Клиниката за гастроентерохепатологија. Станува збор за една патологија која бара мултидисциплинарен пристап,ова не е нешто што може да го реши еден лекар специјалист или може да се реши со еднодневно или краткотрајно лекување на пациентите. Ова е патологија која пациентите ја носат практично целиот живот и квалитетот на животот им зависи од тоа каква терапија ќе примаат, дали се тоа модерни лекови, дали е тоа современа терапија.
Нашата заложба е овозможување најсоодветна и навремена дијагностика, терапија и следење на состојбата и исходите од лекувањето на пациентите, се со крајна цел да им се овозможат најдобри опции на пациентите во рамки на постоечката здравствена рамка.

Пред само неколку месеци, млада пациентка повторно застана на нозе откако и беше заменето малигно коскено ткиво со здраво коскено ткиво од починат донор. 👍
Ваков тип трансплантација за прв пат беше извршена кај нас. Години наназад од буџетот беа одвојувани околу половина милион евра за десетина пациенти, кои што годишно имаа потреба да се лекуваат надвор од земјата. Лекувањето најчесто беше во медицинските центри во Германија и Австрија.
Денес благодарение на достапноста на туморските импланти, а сега и на кадаверичната трансплантација, на Клиниката за Ортопедски болести може целосно да се изврши отстранување на туморот, а потоа и целосна реконструкција на афектираниот екстремитет. За ова му честитам на целиот медицински тим, директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Трајовски, д-р Јахија, раководител на Клиника за Ортопедија и проф. д-р Самарџиски, раководител на Оддел за ортопедска онкологија со коскено зглобна трансплантација. На Клиниката за ортопедски болести годишно се оперираат околу 150 случаи на малигни неоплазми на различни делови од мускулно скелетниот систем. Од почетокот на годинава до сега се оперирани 16 пациенти. Најголем дел од коскените саркоми се дијагностицирани кај пациенти на возраст помеѓу 10 и 20 години, односно деца и адолесценти. Месец јули е посветен на борбата со остеосарком. Продолжуваме да ги унапредуваме условите во македонското здравство со цел подобра грижа за пациентите.

Денеска го запознав деветгодишниот Никола, голем херој и инспирација за сите нас. ❤️ Тој е донатор на матични клетки за неговата сестра на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки. Процедурата афереза на периферни матични клетки, во која донатор е дете, се изведува за прв пат кај нас на Клиниката за хематологија со помош на Клиниката за педијатрија. Со оваа соработка меѓу двете Клиники се отвора можност и педијатриски пациенти да бидат лекувани со најсофистицирани медицински интервенции. Сега пациентите нема да патуваат во странство, а и децата ќе може да спасуваат животи на членови на нивните семејства. На Клиниката за хематологија, во период од 3 години се реализирани над 150 трансплантации, од кои 6 хаплоидентични трансплантации, 20 трансплантации од несроден донор, најсложени интервенции заради кои во минатото пациентите беа праќани за третман во странски центри. Резултатите од третманот со овие интервенции се идентични со оние од европските центри за трансплантација и се пријавуваат во базата на Европската група за трансплантација на матични клетки (ЕБМТ) во која членува и тимот за трансплантација на клиниката од 2003 година. За оваа заложба, посветеност и екпертиза му честитам на медицинскиот тим предводен од проф. д-р Ирина Пановска Ставридис и на шефот на Одделот за трансплантација на матични клетки, виш научен соработник д-р Александра Пивкова Вељановска.

По цели 70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на Клиниката за ортопедија, при ТОАРИЛУЦ. 👏
На оваа клиника се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите со комплетно нови опремени соби и апартмани, а се создадоа и поубави услови за работа на здравствениот кадар, кои со својата несебична заложба и истрајност низ годините покажаа дека се целосно посветени во грижата и третманот на пациентите.
Во наредниот период следува реновирање на уште една операциона сала и другото крило од Ортопедија. Новото реновирано одделение на клиниката го посетив со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски.

Инвестираме во усовршување на знаењето на здравствените работници преку различни програми на меѓународните школи, семинари и курсеви. 🙌 Само на овој начин можеме да придонесеме до имплементација на различни иновации во областа на здравството. Заедно со професорот и деканот на Европскиот центар за мир и развој од регионалниот Институт за развојни студии, (ЕЦПД-РИРС) д-р Никола Поповски, потпишавме договор за соработка за исполнување и реализација на научно-истражувачката програма и проекти, односно магистерски и специјалистички-докторски студии од областа на здравствените, биохемиските и медицинските науки.

Новата метода во интервентната кардиологија – ТАВИ започна да се изведува на УК за Кардиологија. 🙌 Досега се изведени стотина процедури од овој тип и истите ги изведе стручниот тим во состав од д-р Зимбаков, д-р Бушљетиќ и неколку млади интервентни кардиолози кои се во фаза на интензивен тренинг. Оваа комплексна процедура опфаќа минимално инванзивна нехируршка имплантација на аортни залистоци, кај пациенти кои имаат стеснување на аортниот залисток. Кардиолозите на Клиниката по којзнае кој пат покажуваат дека се стручни и спремни на пациентите да им ја пружат врвната здравствена заштита. Се покажаа и како добри менаџери во делот на третман на пациентите со Ковид-19. Изминатиов период Клиниката доби опрема три ЕХО апарати, бидејќи тие се дел од секојдневната рутина за работа на Клиниката. Респираторни машини што досега ги немаше, специјален мобилен ангиограф, кој служи за една посебна метода за работа во сала за интервенции и во тек е и при крај е постапка со која ќе се набави опрема за воведување на нова метода за третман на срцевите аритми, нешто што е навистина врвна метода насекаде во светот.

Уште еден голем чекор напред за македонското здравство. 🙏 Денеска, заедно со д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, неврохирургот д-р Владимир Рендевски, невролозите од Клиника за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, за прв пат изведовме операција во нашата земја за вградување на стимулатор на нервот вагус кај 36 годишна пациентка.
Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот со што се намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден. Во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија. Министерството за здравство заедно со ФЗО на РСМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија. Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува.

Торакални хирурзи од нашата Клиника ќе испратиме на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови. Ова денеска го договоривме со торакалниот хирург, проф.д-р Волтер Клепетко кој лани го предводеше тимот на хирурзи кои успешно извршија трансплантација на бели дробови на пациентка заразена со Ковид. Ова беше првпат во Европа едно лице заразено со коронавирус да има трансплантација на бели дробови од донор. Со д-р Клепетко договоривме соработка и во други области во хирургијата. Чест ми е што денеска беше мој гостин, за спомен му подарив пеперутка во филигран, со себе да ја понесе традицијата и умешноста на нашите мајстори на филигранството.

По повеќе од 10 години вратен во функција е базенот во Центарот за физикална терапија во болницата Св. Еразмо во Охрид. 🙏
Базенот е единствен во нашата држава во болнички услови за третман на пациенти после изведените ортопедски хируршки интервенции и кој е целосно опремен за изведба на специфична рехабилитациона терапија. Објектот во болницата Св. Еразмо во Охрид уште од 1950 година ги опслужуваше пациентите од сите поранешни УЈ земји, а сега за првпат по долгогодишна руинираност се обновува и става во функција за третман на пациенти. Овој значаен проект е реализиран во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада. Благодарност до швајцарската амбасадорка Н.Е. Сибил Зутер Техада, на Министерот Горан Милевски, за препознавање на важноста да се реконструира овој значаен објект кој сега ќе им служи на сите граѓани од целата држава.

Современа и модернизирана технологија за сите ковид центри низ државата. Станува збор за набавка во рамки на проектот за итно справување со кризата предизвикана од Ковид-19, финансиран од страна на заемот од Светска банка. 17 Ултразвучни уреди веќе се распределуваат, а наскоро ќе стигнат и 17 Мобилни рентген апарати. Оваа опрема е на располагање на здравствените работници за вршење детекција, дијагноза и третман на пациентите заболени од вирусот, како и за останати заболувања.

Реновирана и пуштена во употреба е ургентната амбуланта на Клиниката за гинекологија и акушерство. 👌
Оваа амбуланта дневно опслужува 50-60 жени кои доаѓаат за различни ургентни состојби во областа на гинекологијата. Опремена е со нови ЦТГ апарати, односно апарати со коишто се регистрира срцевата активност кај бебињата, нов стол и сега амбулантата има пријатен амбиент да ја пружа соодветна здравствена услуга. Веќе неколку месеци во функција е и амбулантата за медикаментозен абортус. Со измената во Законот за здравствена заштита, оваа опција сега им се нуди на жените и волјата на жената е ставена на прво место. Кај 150 жени во изминатиот период, согласно индикацијата е избегната оперативната процедура и давањето на анестезијата, што е една значајна придобивка поради тоа што се избегнуваат сите ризици коишто се поврзуваат со оваа интервенција.

Комплетно е реконстуриран и од утрово пуштен во употреба паркинг просторот и пристапот до Клиниката за стоматологија, а направена е комплетна реорганизација на паркот околу Клиниката со нови клупи и зеленило. Заедно со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов направивме комплетна реконстукција и обнова на пристапот, паркинзите и просторот за движење на амбулантни возила и движечки и недвижечки пациенти во Клиничкиот кампус Мајка Тереза. Тројно е зголемен капацитетот за паркирање со новиот паркинг кој лани се постави до Клиниката за Гинекологија и акушерство. Комплетно нов простор е обезбеден и кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кадешто има обезбеден и паркинг до модуларната болница.

Славица е храбра жена чиј животен пат не е лесен. Кај неа уште од дете е дијагностицирано автосомно ресецивно заболување спинална мускулна атрофија. За пациентите како Славица во изминатите години направивме многу. Во тек е постапка за регистрирање на нејзината состојба во регистарот за ретки болести, за да може да го добие лекот Рисдиплам. Овој лек за првпат се одобрува во нашата држава за возрасните пациенти со СМА. Сите пациенти со дијагностицирана спинална мускулна атрофија сега се згрижени со терапија. На Славица и посакувам се најдобро, верувам дека со новите достапни лекови нејзиното здравје значително ќе се подобри.

Реконструкциите и унапредување на инфраструктурата во здравството не запреа за време на пандемијата. Во 41 јавно-здравствена установа имаме инвестирано во опрема или реконструирано оддели во изминатите три години. Во Кавадарци вчера разговарав со здравствените работници кои изразија задоволство од подобрените услови за работа. Особено дадоа поддршка на промените во Законот за здравствена заштита со што ќе се овозможи мигрирање на здравствените работници, онаму каде има потреба и по нивна желба, вон работното време во нивните матични установи.

Вчера во Кавадарци имав чест да ја слушнам инспиративната животна приказната на младиот Блаже Сапунџиев. Тој уште од четири годишна возраст бил на дијализа заради проблеми со бубрезите, се до неговата девета година кога му е пресаден бубрег кој му го донира неговата мајка, Форка. За жал, на 18 годишна возраст, бубрегот откажува и Блаже мора да продолжи со дијализа. Дијализа прима уште десет години до својата 28 година. Во април годинава, Блаже добива нов пресаден бубрег од Верица, девојката која трагично настрада во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство спаси четири животи со донирање на нејзините органи. Блаже денес живее живот без дијализа со своето прекрасно семејство благодарение на органодарителството и хуманоста на семејството на Верица. Во изминативе 15 месеци навистина постигнавме чудо во оваа област. Изведовме четири трансплантации на срце, 12 на бубрези и за прв пат се изведе трансплантација на коскено ткиво.

За пациентите со спинална мускулна атрофија во земјава обезбедена е терапија. ✔
Со ова стануваме една меѓу ретките земји во светот и Европа, со целосна покриентост со терапија за СМА пациентите без рестрикции. Политиките секогаш ги носиме заедно со здруженијата на пацинети поради тоа што сакаме да ги слушнеме вистинските потреби на луѓето кои најдобро знаат каква поддршка е потребна. Во исто време ја вклучуваме науката, со помош на експерти од областа утврдуваме кои се тие иновативни лекови кои се потребни да се донесат, за не само да се спаси нечиј човечки живот туку и да се подобри квалитетот на нечие живеење.

Амбасадата на САД е суштински поддржувач на здравствениот систем. 🇲🇰🇺🇸 Заедно со директорот на Институтот за јавно здравје д-р Шабан Мемети, денес ја пречекавме амбасадорката и направивме обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и во микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија реазлизација и реконструкција беше изведена со донација од САД. Проектот кој започна во 2018 година сега е реализиран и лабораторијата е целосно надградена. Оваа лабораторија ќе служи за менаџирање на било каква криза која во иднина евентуално може да се случи. Благодарност до амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз за заложбите и поддршката во текот на реализацијата на овој проект, но и за целокупната поддршка при справувањето со пандемијата со Ковид 19 вирусот. Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари.

Од месец септември оваа година сите медицински сестри и техничари коишто завршиле високо медицинско школо или специјализација и се стекнале со образование од 180 односно 240 кредити ќе добијат соодветен надоместок за своето образование.

Заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн денеска на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ присуствувавме на пуштање во употреба на новиот лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација. Оваа донација од Германската Амбасада е особено важна за нас поради тоа што годинава за прв пат се направи експлантација на коскени ткива од починат донор и благодарение на тоа на млада пациентка со карцином, дел од малигното ткиво и коска и беше заменето со здраво ткиво и коска од починатиот донор. Благодарност до Германската амбасада и амбасадорката Холштајн што ја препознаваат нашата заложба за постојано подобрување на здравствениот систем и се наши партнери во неколку значајни проекти.

Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата. Ова беше одлучено на денешниот работен состанок заедно со директорите на ФЗО на РСМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети, Претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски и претставниците на Здружението на Медицинските Сестри, Техничари и Акушерки. Драго ми е што ова е еден начин на зголемување на примањата на една категорија на здравствени работници коишто навистина несебично се дадоа себеси во менаџирањето на ковид кризата. Со добра комуникација со синдикатите и здруженијата, продолжуваме и натаму да ги подобруваме условите за работа на сите здравствени работници.

После 70 години постоење, комплетно реновиран е Здравствениот дом во Битола. ⚕️ Активно ги подобруваме условите во јавно-здравствените установи низ целата држава. ✔️

Потсетување и споредба како изгледаше ЗД во Битола, а како изгледа по реконструкцијата.
Граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство, а медицинскиот персонал современи услови за работа.

loading...

Website https://wcostream.cc: Watch Ajin: Demi-Human (Dub) wcostream Episode 13 watch anime

AnimeFreak: Fake (Dub) anime episode Full online free at https://animefreak.ws anime online

Watch anime online for free at ANIMEFLIX my hero academia animeflix

Watch Kiratto Pri☆chan Season 3 Episode 40

Bigpictureclasses: https://www.bigpictureclasses.com/users/animefreakws

Sonicsquirrel: http://sonicsquirrel.net/detail/user/animeflixnl/