Денес заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со директорот на бирото за јавна безбедност, Саше Тасевски, со преставникот од Собранието, Дарко Каевски и со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, положивме цвеќе пред бистата на Бобан Трпков и откривме спомен плоча подигната во негово сеќавање.
Нашиот херој, Бобан Трпков, кој беше жител на населбата Драчево, во конфликтот во 2001 година, во одбрана на татковината го загуби животот. Никогаш да не го заборавиме неговото херојско дело.
Никогаш повеќе да немаме конфликти, да живееме во слога, да се разбираме, да не се делиме на верска, етничка и друга припадност, да се дружиме и заеднички да ја развиваме нашата држава.
Да живееме во мир!