Министерот тврди дека сите вакцини се безбедни за граѓаните, и нема потреба граѓаните да бираат која вакцина ќе ја примат, туку да ја примат онаа вакцина која ќе им се падне според редот како се пријавени за вакцинација.
-Нема потреба да се бираат вакцини, сите се со еднаков квалитет. Граѓаните слободно да ја примат вакцината што ќе им биде понудена без да се грижат, ниту треба да мислат да даваат предност на еден вид вакцина пред друг“, рече Филипче.
Тој смета дека и за него би било соодветно да ја прими вакцината која „ќе ја примат најголемиот дел од граѓаните“.
-Соодветно е како личен пример да ја примам вакцината која ќе ја примат најголем број граѓани. Немам лична преференца за тоа која вакцина да ја примам, а ги следам сите светски препораки и студии, рече министерот, додавајќи дека освен за АстраЗенека која кај нас не се дава на помлади од 60 години, нема други препораки за вакцините.
Министерот најави дека овој месец треба да пристигнат, покрај овие 200.000 вакцини од Синофарм, уште 500.000 вакцини од Синовак, а ќе стигне и донација од 100.000 вакцини на Синофарм која ја договорила министерката за одбрана Радмила Шекеринска со кинескиот колега.
Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синофарм“ која во земја пристигна утрото во пратка од 200 000 вакцини, кои се купени со директни преговори со производителот.
– Би сакал да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека кинеските вакцини се безбедни и затоа би сакал да го дадам мојот личен пример. Веројатно тоа би можеле да го организираме и следната недела – рече Филипче.
Министерот за здравство најави дека во наредниот период ќе стигнат уште 500.000 вакцини на „Синовак“, 100.000 вакцини од „Синофарм“, како и уште 26.000 од „Фајзер“.