Венко Филипче
Имавме конструктивна средба со претставниците на здруженијата на пациенти. Хронично болните до 23-ти септември треба да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За ова ќе бидат пуштени дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта. Ако дотогаш овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.
Мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти – оние кои навистина треба да седат дома заради комплексноста на одредена хронична болест или влошување на состојбата, а притоа да се избегне злоупотреба на системот.