Министерот за здравстви д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите вели дека не станува збор за приватизација на брза помош, туку политики спин.
-Не станува збор за приватизирање на брзата помош, тоа е политички спин. Зошто? Затоа што во законот сега јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа, а фактичката ситуација на терен е дека итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватни установи. „Неуромедика“ има брза помош. „Жан Митрев Клиник“ има транспорт, „Никоб“ почнува сега. Ние само го озаконуваме тоа што фактички на терен се случува. Приватниот транспорт кој сега граѓанинот го повикува, го плаќа од сопствен џеб и така ќе продолжи тоа. Фондот за здравство нема да ги преземе тие обврски. Граѓаните нема да имаат никаков трошок кој досега го немале. Ние сега го ставаме во закон, она што со години наназад на терен се случува. Каде е тука приватизацијата?, изјави за „Слободен печат„ министерот за здравство Венко Филипче.
-Што да направам сега јас што Неуромедика има итна медицинска помош, да ги затворам? Утре ако некоја приватна итна помош направи сообраќајна незгода, кој ќе одговара за тоа, кога не се законски регулирани, додаде Филипче.