Макрон и Шолц го повикаа Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал
Макрон и Шолц го повикаа Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал
Состанок на ЗЕЛС по обвинувањата дека општини направиле долг за струја од 30 милиони евра
Состанок на ЗЕЛС по обвинувањата дека општини направиле долг за струја од 30 милиони евра
Римскиот аквадукт во опасност, се гради патека за крос мотори, предупредува О2 иницијатива
Римскиот аквадукт во опасност, се гради патека за крос мотори, предупредува О2 иницијатива
(ВИДЕО) АЈДЕ МИНИСТЕРКЕ ПРЕЗЕМАЈ МЕРКИ: Манастирот Трескавец се распаѓа - Никој не презема мерки за негова заштита и обнова
(ВИДЕО) АЈДЕ МИНИСТЕРКЕ ПРЕЗЕМАЈ МЕРКИ: Манастирот Трескавец се распаѓа - Никој не презема мерки за негова заштита и обнова
(ВИДЕО) Силниот ветар синоќа направи големи штети во Општина Лозово
(ВИДЕО) Силниот ветар синоќа направи големи штети во Општина Лозово
БОМБА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ И ПРАВИ ПРИТИСОК НА ДАНЕЛА, САКА ДА ЈА УПРАВУВА, НО ТАА ДОБРО СЕ ДРЖИ И ПРУЖА ОТПОР!
БОМБА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ И ПРАВИ ПРИТИСОК НА ДАНЕЛА, САКА ДА ЈА УПРАВУВА, НО ТАА ДОБРО СЕ ДРЖИ И ПРУЖА ОТПОР!
МЕДИСКА БОМБА: ИНФОМАКС СЕ СКАРАЛЕ СО МИЦКОВСКИ, ПОЧНАА ДА ГО РЕБРАТ СО ПАЛЧО, НАВОДНО СЕ СКАРАЛЕ ОКОЛУ ФИНАНСИИ
МЕДИСКА БОМБА: ИНФОМАКС СЕ СКАРАЛЕ СО МИЦКОВСКИ, ПОЧНАА ДА ГО РЕБРАТ СО ПАЛЧО, НАВОДНО СЕ СКАРАЛЕ ОКОЛУ ФИНАНСИИ
(ВИДЕО) Заменик народен правобранител, Јован Андоновски: Неколку дена во МОШ БАР се собираа пари за помош на Украина
(ВИДЕО) Заменик народен правобранител, Јован Андоновски: Неколку дена во МОШ БАР се собираа пари за помош на Украина

Филипче на Канал 5: Сите кои тргнуваат од принципите на медицината ги поддржуваат мерките, Уставот гарантира дека јавното здравје е пред се

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, сите релевантни експерти од овие области, кои тргнуваат од принципите на медицината и епидемиологијата стојат позади мерките. Тие се неопходни да се задржи релативно мирната епидемилошка состојба во држатава, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешното гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Овие предлог мерки за кои утре ќе се дисутира на седница на Влада, се и правно оправдани, рече министерот.

-Заштитата на сопственото здравје и здравјето на другите е во Уставот во член 39, во Законот за работни односи во член 32. Уставниот суд веќе има одлучувано по претходни претставки да се толкува уставноста на мерката за задолжителна вакцинација за други вакцини кај децата при прием во градинка. Одлуката на Уставен суд беше дека јавното здравје е пред се – изјави Филипче.

Министерот апелираше до граѓаните да се вакцинираат, рече дека болниците и сега се преоптеретени, инфективните одделенија во државата се преполни. Во Скопје има пренаменети Клиники во ковид одделенија како Неврологија и Дерматовенерологија, па пациентите со невролошки заболувања се препраќаат низ други болници.

-Луѓе заболуваат и од други тешки и битни дијагнози. Граѓаните мора да покажат одговорност, имајќи предвид дека целокупниот систем во овој момент е преоптеретен најмногу со невакцинирани пациенти. Граѓаните мора да водат сметка не само за своите права, туку и за обврските кои ги имаат, а тоа е да го штитат сопственото здравје, здравјето на лицата околу нив, а со тоа и здравствениот систем – изјави министерот.

Анализите на Институтот за јавно здравје не утврдија присуство на делта плус варијантната на вирусот СарсКоВ2, сојот кој е активен во регионот и рапидно се шири.

-Не може да го спречиме вирусот да дојде кај нас, што значи голема е веројатноста и ризикот дека ни предстои еден силен бран. Немаме друг механизам како да се бориме, гледаме како се преполни болниците во сите земји од регионот. Апелирам граѓаните да се вакцинираат.За да постигнеме вакцинација од близу 70% од вкупното население треба да се вакцинираат уште помеѓу 400-450.000 граѓани. Мора да го заштитиме здравствениот систем, а со тоа и државата – рече министерот.

Филипче објасни дека граѓаните кои имаат контраиндикации од вакцините, а тој број е многу мал, нема да треба да се вакцинираат, ниту да прават ПЦР тетсови, туку доволна ќе биде потврда од одреден специјалист дека не може да примат вакцина. Министерот рече дека граѓаните кои ја прележале болеста, после 45 дена треба да се вакцинираат, бидејќи вакцините немаат никакви несакани појави по прележувањето на вирусот.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

loading...