(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

Филипче: Овој месец очекуваме значајно висок број на вакцини- до почетокот на летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население

Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутрината во Скопје кои најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во уште шест градови низ државата по што се очекува со нив од вторник да стартува масовната вакцинација и да се вакцинираат помеѓу 10 000 и 15 000 лица.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо со кого го проследија доставувањето на вакцините во поликлиниката „Јане Сандански“, најавувајќи дека месецов се очекуваат и други големи количини, уште 600.000 од Кина и 26.000 дози од „Фајзер“. Со тоа, верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население што ќе придонесе за целосно менување на епидемиолошката состојба.

– Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните вакцини од производителот Синофарм од НР Кина и дозволете да изразам голема благодарност за личниот ангажман на амбасадоро Ѕуо, понатаму за луѓето од неговиот тим со којшто комуницираме практично секојдневно целиот овој изминат период и благодарение и на нивното инсистирање оваа пратка сега е во нашата земја. Станува збор за количина од 200 000 вакцини коишто еве веќе веднаш службите ќе ги одработат соодветно во делот на проверка на ладниот ланец, ќе се сместат тука во ладната соба која што беше поставена благодарение на Фондацијата Дајрик делиф.Од тука во текот на следните денови, најдоцна во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови во овие пунктови за масовна вакцинација ширум државата, во Скопје во салата „Борис Трајковски“, а во другите шест градови исто така во спортските сали. Тоа ќе биде во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола и според распоредот на веќе пријавени граѓани. Така ќе биде распределена и бројката на вакцини и процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник, изјави Филипче.

Овие вакцини, прецизираше, што се веќе пакувани во шприцеви и спремни за апликација ќе бидат распределни во големите вакцинални пунктови во сите шест градови во држава и во Скопје согласно бројот на пријавени граѓани според возраста по градови, односно по региони, вакцинацијата ќе започне во вторник. Пунктовите се веќе спремни, луѓето се координираа, станува збор за здравствен кадар не само во тие градови, туку и од околните кои ќе помагаат. Некаде бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10 000 и 15 000 илјади, најави министерот за здравство.

Кинескиот амбасадор Ѕуо истакна дека пристигнувањето на пратката од 200 илјади вакцини „Синофарм“ претставува не само пресвртница во солидарноста меѓу двете земји во борбата против пандемијата, туку и ново поглавје во односите меѓу нашите народи.

-Соработката во имунизацијата е важна во спречување, контрола и победа на епидемијата. Кина вакцините ги прогласи за глобално јавно добро и се вклучи на КОВАКС програмата на Светската здравствена организација. Кина обезбедува итно неопходни вакцини за повеќе од 100 држави и меѓународни организации. Пристигнувањето на кинеските вакцини во Северна Македонија е конкретен чекор од Кина за исполнување на оваа декларација и конкретна акција во градењето заедница за заедничко здравје на човештвото, изјави Ѕуо.

Ни претставува чест, нагласи тој, што кинеските вакцини може да придонесат во напорите за имунизација на луѓето од вашата земја.

-Кина сака да ја зајакне соработката со Северна Македонија во борбата против пандемијата и заеднички да поттикне економско зазадравување за доброто на нашите држави и народи, изјави Ѕуо.

Како што појасни министерот Филипче, во претстојното вакцинирање акцент ќе се стави на граѓаните коишто се веќе пријавени, тие кои веќе чекаат и според возраста и според приоритетот на пријавување, односно оние кои први се пријавиле и веќе чекаат да бидат повикано ако досега не биле повикани ќе бидат повикани според возраста и тоа, како што рече, ќе се одвива насекаде во државата.

Овој месец, информираше министерот, очекуваме да стигнат околу 500 000 дози на вакцината „Синовак“, понатаму 100 000 дополнителни дози коишто доаѓаат како донација благодарение на Министерството за одбрана за време на разговорите на министерката Шекеринска со кинескиот министер за одбрана беше најавена донација од дополнителни 100 000 вакцини „Синофарм“, дополнување на овие 200 000. Значи уште 600 000 вакцини од Кина за 300 000 граѓани, 26 000 дози од вакцината Фајзер преку нашиот директен договор, се уште немаме точен термин за тоа кога и колкава количина ќе стигнат од руските вакцини, рече Филипче.

Станува се понеизвесно е пристигнувањето на вакцините на „АстраЗенека“ имајќи ги предвид случувањата со вирусот во Индија која има донесено забрана за извоз на вакцини, а дел од вакцините на Астра Зенека преку КОВАКС-системот треба да пристигнат и од тамошниот Институт.

-Оние први коишто пристигнаа во нашата земја беа од Јужна Кореја, не знаеме дали се планирани повторно количини од таму или од Индија, тоа може малку да ги искомплицира и одложи работите, меѓутоа остануваме во комуникација и ја пратиме ситуацијата, рече Филипче.

Во шесте сали низ државата и во салата „Борис Трајковски“ има капацитет во фрижидерите да се сместат и вакцините на Фајзер и во здравствените домови.

-Во тие големи пунктови ќе има практично од сите вакцини, следнава недела кинески и вакцини на Фајзер. Нема потреба да се става акцент на тоа да се бира вакцина. Сите се со еднаков квалитет, нема никаква контраиндикација. Каква вакцина има во пунктот во тие часови кога е предвидено да се вакцинираат граѓаните може комотно да ја примат без да бидат загрижени и да размислуваат дали има предност да се вакцинираат повеќе со една или со друга вакцина, рече Филипче.

loading...

KissAnime kissanime page 1: Attack on Titan (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/6KNg) Episode 25

WCOStream paw patrol wcostream: Scum's Wish (https://wcostream.cc/m/P2Ng) Episode 12