* реклами ——————————————————————————————————————————————-
—————————————————————————————————————————————————–
Почитувани,
Министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово се сретна со директорите на ковид центрите од комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје за да се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти. Во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има.
Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло каде ќе можат да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена.
* реклами ——————————————————————————————————————————————-
—————————————————————————————————————————————————–
Вкупно во комплексот клиники Мајка Тереза има околу 350 кревети за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники- Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допоплнителни 110 кревети има во ГОБ 8 Септември и 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство