Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби, Мицкоски да каже дали го поддржува неговото неодговорно постапување
Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби, Мицкоски да каже дали го поддржува неговото неодговорно постапување
ЗА ДА СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР, ВМРОВЦИТЕ КРШАТ НОЗЕ, ФАЌААТ КОРОНА, ШТО ЛИ НОВО ЌЕ ИМ ТЕКНЕ САМО ДА ЗАСТАРАТ ДЕЛАТА - Миле Јанакиевски со патерици од дома донесен во судница за „Топлик“
ЗА ДА СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР, ВМРОВЦИТЕ КРШАТ НОЗЕ, ФАЌААТ КОРОНА, ШТО ЛИ НОВО ЌЕ ИМ ТЕКНЕ САМО ДА ЗАСТАРАТ ДЕЛАТА - Миле Јанакиевски со патерици од дома донесен во судница за „Топлик“
МЗШВ: Јавните повици се поништени поради неправилности во постапката, се подготвуваат нови повици, земјоделците ќе можат повторно да аплицираат за истите површини
МЗШВ: Јавните повици се поништени поради неправилности во постапката, се подготвуваат нови повици, земјоделците ќе можат повторно да аплицираат за истите површини
(ЕКСКЛУЗИВНО) Ideks.mk ви го пренесува интервјуто на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-дин Бујар Османи, во пресрет на заедничката средба на двете влади во Софија: Им обезбедуваме европска иднина на новите генерации

АРМ изготвува анализи за потенцијално учество во случај на руска инвазија на Украина
АРМ изготвува анализи за потенцијално учество во случај на руска инвазија на Украина
ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, нивните градоначалници се големо разочарување, време е да престанат со лаги на прес конференции
ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, нивните градоначалници се големо разочарување, време е да престанат со лаги на прес конференции
Зеленски ја повика ЕУ да остане обединета против Русија
Зеленски ја повика ЕУ да остане обединета против Русија
НАТО ИСПРАЌА БРОДОВИ И БОРБЕНИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА И БАЛТИЧКИОТ РЕГИОН ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА РУСКА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА
НАТО ИСПРАЌА БРОДОВИ И БОРБЕНИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА И БАЛТИЧКИОТ РЕГИОН ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА РУСКА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА

Филипче: Треба да се вратиме на работните места, ќе живееме со вирусот веројатно и цела 2021 година

Свесни сме дека на почетокот на септември луѓето се враќаат од годишните одмори и почнуваат да работат на работните места – што е еден ризик фактор затоа што е веќе една одредена голема бројка на луѓе во затворена просторија. Се отвораат градинките, се прекина породилното отсуство заради тоа што градинките се отворени и бебињата, малите деца има каде да се згрижат, рече министерот за здравство Венко Филипче за Канал5.

– Комисијата заедно со претставници на Министерството за труд и социјална политика интензивно работеше и направија соодветни протоколи за функционирање на градинките – колку деца да има во групите, како да се запазуваат превентивните мерки. Се намали бројот на деца во групите, се преполови. Има алгоритам како да се постапи во случај ако некое дете појави симптоми за време на престојот во градинката. И во таа смисла, отворањето на училиштата и тоа само со една ограничена бројка на деца, од прво до трето одделение, заради тоа што и тоа е потенцијален ризик фактор гледајќи ги искуствата од други земји. Оние земји кои нагло ги отворија училиштата и сите деца беа во училиште и беа приморани делумно или целосно да ги затворат. Проценувајќи како ќе се одвива епидемијата во месец септември, ние дозволуваме да се отворат училиштата на почетокот на октомври, но само деца со физичко присуство од прво до трето одделение. Понатаму, ако остане се стабилно и мирно, од ноември/декември и други одделенија ќе може да се враќаат со физичко присуство. А до тогаш да следат онлајн настава – рече Филипче.

Во однос на реакцијата на родителите, министерот посочи дека треба да се вратат на работните места, бидејќи тоа се случува насекаде во светот.

– Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година. Мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки, протоколите коишто ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти, компании, фабрики, училишта, градинки итн. Едноставно тоа ќе биде нашиот живот – вели Филипче.

Министерот истакна дека сите настани коишто ќе се одвиваат во есенскиот и зимскиот период и на коишто ќе има поголем број на луѓе во затворена просторија, капацитетот не смее да биде пополнет повеќе од 30 отсто, а на отворено повеќе од 50 отсто.

– Настаните треба да бидат со седење, заради тоа што секогаш кога имаше настани на коишто луѓето стоеја мерките тешко се почитуваа. И секако останатите принципи на дезинфекција, мерење на температура, одржување на дистанцата. На тој начин ние практично ги враќаме во функција нормална сите коишто до сега не функционираа, тука мислам на економски оператори, компании итн. Очигледно е дека е вирусот е тука ние мора да научиме да живееме со вирусот, меѓутоа почитувајќи ги овие мерки – рече Филипче.

Тој изјави дека единствен начин да се заштитиме себеси, најблиските околу нас и кругот на луѓето, на работното место е преку почитување на превентивните мерки.

– Секојдневно имаме нови сознанија за вирусот, нешто ново се открива од анализите, студиите. Меѓутоа принципите за превенција се истите. Да се носи маска, да се одржува дистанца и често да се дезифицираат и мијат рацете. Навистина е поразително што огромен број на граѓани тоа не го почитуваат. Секојдневно гледаме и големи собири, места каде што луѓето не носат маска, не одржуваат дистанца. Мораме да сме свесни дека го штитиме и нашето здравје, меѓутоа и здравјето на навистина ранливите групи на грѓани, кои што се насекаде околу нас – рече Филипче.

loading...

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

free anime online ANIMEFLIX Josee, the Tiger and the Fish

DARLING in the FRANXX

ANIMEFLIX My Hero Academia Episode 9

ANIMEFLIX That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

anime sites ANIMEFLIX My Hero Academia Season 4