Нашата држава постигна значителен напредок во дијагностицирање на деменциите, преку примена на проширени невропсихолошки тестови, лабораториски анализи за исклучување реверзибилни деменции, imaging-методи и одредување биомаркери за Алцхајмеровата болест.
Вчера на Светскиот ден посветен на Алцхајмеровата болест, со проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Пендаровски, и Здружението на студенти по медицина – ЗСМ одржавме стручна дебата на тема „Алцхајмерова болест – тивка епидемија на 21 век“. Во Северна Македонија, живеат околу 20.000 лица со оваа болест, а вкупниот број лица со деменции од сите типови достигнува и до 40.000.