Трансплантацијата е зрак на надeж за пациентите, нивните семејства и општеството. На 23 мај, во ек на пандемија со ковид-19 ја изведовме првата трансплантација на срце и испишавме историја во кардиохирургијата.
Вчера, во организација на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска одржавме заедничка панел дискусија „Органодарителство – состојба и предизвици“ за подигнување на јавната свест за дарување на органи и развој на трансплантацијата во нашата држава.
Покрај претседателот и првата дама присуствуваа и Националниот координатор за трансплнатација на органи и ткива доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и координаторите за трансплантација на сите тимови. Само преку отворен пристап, преку споделување на информации, како и со споделување на успешните приказни можеме да ја подигнеме свеста.