Втор ден по ред Александар Николоски од уста не ме вади
Кога ВМРО – ДПМНЕ нема понуда, нема кандидат кој поминува на терен, ќе треба да измислуваат лаги за мојата фамилија и моето работно искуство.
Јас сум горд на 14 годишното работно искуство во приватниот сектор. Признавам. Политиката не ми е сѐ во животот. Научен сум да работам, да управувам компанија со 120 вработени луѓе, каде што сите се еднакво вреднувани.
Да, коосновач сум и на Sherpa Horse Riding – пример за успешен бизнис, кој ја зголемува туристичката понуда на Галичник и Македонија.
И од ова треба да се срамам?
Спремен сум ова знаење и искуство да го применам и во локалната самоуправа.
А, аеродромци најдобро знаат колку го сакам Аеродром.
П.С. Јас нема да навлегувам ниту во фамилијата на Николоски ниту на Муцунски. Сите имаме фамилии, деца и мора да задржиме елементарно ниво на култура. Граѓаните тоа го ценат.“