Со оглед на неатрактивноста на каматните стапки за штедење и на инфлаторните притисоци, дали има тенденција луѓето да ги префрлаат парите во други, повисоко приносни инструменти?
Ако во оваа анализа се впуштиме од аспект на состојбите на депозитите на населението во Комерцијална банка, тогаш не може да се забележи прелевање, односно намалување на депозитите. Заклучно со септември оваа година депозитите на населението бележат годишен пораст од 9,9%, кој е континуиран и покрај намалувањето на каматните стапки. Сепак, во делот на брокерското работење може да се забележи зголемен интерес за вложување во странски хартии од вредност. Со оглед дека Комерцијaлна банка е над 60% сопственик во друштвото за управување со фондови КБ Публикум инвест, а со тоа го следи и работењето на ова друштво во областа на инвестициските фондови, можеме да забележиме дека и во овој сегмент има раст и дека фондовите сѐ повеќе се инвестициска алтернатива.
Дел од интервјуто на финансовата директорка на Комерцијална Банка, д-р Маја Стевкова Штериева за весникот Капитал.мк