Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

ФОКУС: Што мислат Села, Гаши и Касами за програмските определби на Левица за поништување на Преспанскиот договор, за итно отчленување од НАТО, за отповикување на признавањето на Косово?

Политичките партии Алијанса за Албанците, Алтернатива и БЕСА вчера обелоденија дека се дел од иницијативата за ново парламентарно мнозинство предводено ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски денес најави дека, ако премиерот Зоран Заев во понеделник не поднесе оставка до собранието, ќе покренат постапка за изгласување на недоверба на оваа влада и формирање на нова.

Во меѓувреме, лидерите на трите споменати абански партии – Зијадин Села, Африм Гаши и Биљал Касами, одбиваат да одговарат на прашањето дали доколку успејат да ја урнат оваа влада, би соработувале при формирање на нова влада и со опозициската Левица, чии двајца пратеници се клучни, доколку новото мнозинство не го зајакнат и други пратеници?

Ниту еден од тројцата лидери не одговори на прашањето на Фокус дали би им претставувале проблем програмските определби на Левица, која се залага за поништување на Преспанскиот договор со Грција и ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, за отповикување на признавањето на Косово, за итно отчленување од НАТО и за издигнување на билатералните односи со НР Кина итн.

Неформалниот лидер на албанската опозиција, Села, ниту присуствуваше на вчерашната средба во собранието, ниту се огласил во јавноста по веста за ново парламентарно мнозинство. На средбата присуствуваше партискиот генерален секретар Арбен Таравари, кој денес испраќа пораки дека ќе се зголеми мнозинството и ќе се формира нова влада. Паралелно со тоа, нивната АА испрати официјално соопштение, во кое се наведува:

„Политичките партии кои не беа дел од злото што го произведоа хибридниот режим меѓу најкорумпираните во светот, ги надминаа разликите и создадоа ново мнозинство, на кое ќе продолжат да се додаваат прогресивни и храбри луѓе. Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад. Новото мнозинство е најдобриот одговор на повиците на претседателот Џо Бајден, ЕУ и други за борба против криминалот и корупцијата“.

Нивниот коалициски партнер Гаши, кој е лидер на Алтернатива, пак, по вчерашната средба во парламентот изјави дека постигнатиот договор се однесува за изгласување на недоверба на актуелната влада, но не станало збор за формирање на нова влада, за што, според него, дополнително ќе се разговара. Меѓутоа, тој воедно порача дека не би поддржале нова влада која не би била на линија на евроинтеграциските процеси.

– Процесот се одвива заради интерпелација на Владата. Ако се изгласа недоверба тогаш почнуваат други рокови и тогаш почнува процесот за тоа кој ќе биде мандатар, каква влада ќе се состави. Тогаш ќе седнеме пак и ќе разговараме, но е битно да знаете дека Алтернатива нема да биде дел од Влада која би се повлекла од евроалтантските процеси. Мора нашата држава да опстане како членка на НАТО – порача тој.

Сепак, и лидерот на Алтернатива не одговори на нашето прашање како овој негов став за задржување на евроатланскиот курс е компатибилен со програмските определби на Левица за излегување од НАТО? Во меѓувреме, во медиумите се појавија информации дека неговиот сопартиец и колега во парламентот Скендер Реџепи Зејд ја повлекува поддршката за новото мнозинство токму поради учеството на Левица. Засега, тој официјално не ги потврдил ваквите написи.

Ниту лидерот на БЕСА и нов тетовски градоначалник Касами не се огласил по обелоденувањето на новото мнозинство. Всушност, овој процес го водеше партискиот генерален секретар Аријанит Хоџа, кој пред официјализирање на одлуката за ново мнозинство најави дека ќе ја напушти министерската позиција и ќе се залага за напуштање на владата, поради приговорите што ги поднесе во ДУИ за прегласување во Желино, каде кандидатот за градоначалник на БЕСА победи со тесна разлика.

Целата сторија на ФОКУС.МК

loading...

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/