ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВОГАШТАНИ ЕДЕН ОД НАЈВРЕДНИТЕ ВО ЗЕМЈАВА: Се чистат депонии, се прават нови улици, се уредува нов парк, се гради канализација со пречистителни станици

Денешниот ден го искористивме за чистење на дивите депонии на патот од с.Рувци кон с.Боротино. Продолжуваме да ги слушаме и исполнуваме барањата и потребите на жителите.

По иницијатива на жителите од населеното место Боротино, активно сме вклучени во процесот за уредување на дворот во црковниот храм.

Во соработка со ЈП Пелагонија извршивме тампонирање на дел од улиците во населеното место Славеј и расчистување на каналите.

Во процес е изградбата на фекална канализација на првиот крак со Пречистителна станица во населеното место Обршани.
Продолжуваме чекор по чекор да ги решаваме проблемите со фекалната канализација во сите населени места ширум целата општина, со решавање на проблемите од ваков тип создаваме услови за заштита на животната средина и подобар живот на населението.

Дел од активностите спроведени во населеното место Пашино Рувци, уредување на зелените површини и чистење на отпадниот смет.

На денешниот состанок со Градоначалникот и Советот на општина Кривогаштани едногласно е донесена одлука за спроведување и кофинансирање на проектот за поставување на урбана опрема во парк во Кривогаштани. Исто така голема благодарност за тимот кој учевствува во проектот Empowering the people of Pelagonija и активно беше вклучен во изработување на овој проект.

Првите денови од пролетта во соработка со вработените од градинката Весело штркче ги искористуваме за разубавување на кругот од градинката.

Денес, денот на пролетта го искористивме за тампонирање на банкините во с. Воѓани. Постепено, чекор по чекор, продолжуваме да ги слушаме и да постапуваме по вашите барања и потреби како жители на општината, без разлика за кое населено место се работи.

Оваа година, како што најави министеркаата, со блок дотации од Министерството за труд и социјална политика во висина од околу два милиони денари, ќе бидат реконструирани дворовите на објектите за згрижување на деца од предучилишна возраст „Весело Штркче“, и на „Јаготка“, во селото Обршани.
Со реконструкцијата на дворовите на градинките ќе овозможиме правилен раст и развој на децата, бидејќи тие ќе си играат со нови реквизити на меки подлоги и песок. На еден од објектите ќе биде поставена и нова заштитна ограда. За посреќна детска игра просторот ќе биде разубавен со зимзелени дрва и клупи.

Успешно ја реализиравме набавката на возило за потребите на двете градинки во општината.
Започнувањето со работа на детската градинка ,,Јаготка” во Обршани, доведе до потреба градинката ,,Весело Штркче” да набави специјално возило за достава на храна и прехрамбени продукти, кое ќе служи на Д.Г ,,Јаготка” за достава на дневни оброци за дечињата кои ја посетуваат.

Ова возило го набавивме со цел непречен и безбеден транспорт на храна, а со тоа се отвора опцијата за целодневна настава за децата од предшколска возраст кои ја посетуваат градинката.
Дечињата заслужуваат најдобри услови, тие се иднината на општина и општина Кривогаштани ќе продолжи со унапредување на условите во сите образовните установи.

Напорната работа и посветеност даваат резултати, а резултатите во овој случај се мотивирани полициски службеници кои посветено ќе ги извршуваат своите надлежности. Од тоа, бенефит имаат сите жители на нашата, а и соседните општини.
Денес ја имавме честа да го имаме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како наш гостин.

Министерот изврши увид во завршените градежно-занаетчиски работи на објектот на Полициското одделение Кривогаштани, кој навистина ги задоволува бараните критериуми за непречено функционирање на полициските службеници и служби, но во интерес и на граѓаните кои ги остваруваат своите граѓански права и должности.
Разговаравме за домаќинското, економично трошење, како на вложените средства, така и во поглед на користењето материјали кои што ќе гарантираат значителна енергетска ефикасност и заштеда, без притоа да се намалува на квалитетот или на сметка на бараните градежни и еколошки стандарди.

loading...

go88 go88.mobi go88 không rút được tiền GO88 - Game bài đổi thưởng uy tín | Link tải game IOS

sunwin đăng nhập