Ова се убијците на ракометарот Тот. Позади овој у розево кошулче, стојат икони. Продуховен верник воден од Бог, а? Ние сме расадник на психопати. Ова се млади луѓе, со родители близу мојата генерација. Каде згрешивме генерацијо моја транзициска? Каде ги испуштивте децата? Во трката за престиж и моќ не ги научивте на емпатија и солидарност. Освестете се.
Има првоодделенци кои во школо кажуваат која марка им се патиките, кој модел на телефон имаат и каква кола возат мама и тато. И знаат за вмро и сдс. Таквото надмено воспитување базирано на конзумеризам и престиж создава убијци. И овие убијци сигурно се така воспитувани. Престижот, материјализмот, конзумеризмот повлекуваат агресија, а не емпатија. Погледнете си ги децата до вас сега во моментов, прашајте се зошто на некој кој штотуку се родил важно му е што носи, што вози тато, колку пари има мама и колку се моќни со нивните работни позиции. Тоа нека ви биде тригер за паника. Воспитувајте додека не е предоцна.
Фејсбук пост на инфлуенсерката Фросина. Ние во Мактел не се соглауваме со нејзината анализа, нашиот коментар е подолу после рекламите.
Инфлуенсерката Фросина Фро темата ја анализира низ призмата на левичарење, демек капитализмот бил крив за тоа што овие биле убијци. Ние во Мактел сметаме дека тоа нема никаква врска, најголеми убијци биле Црвените Кмери и Сталинистите кои биле и најголеми комунисти во историјата на човештвото. Па и Нацистите биле еден вид на комунисти, верувале во јавни компании кои работат без профит за доброто на германската ариевска раса а убивале милиони Евреи и Роми. Така што нема врска дали си левичар или десничар, или си човек или не си.
Според нас се работи за психопатија од раѓање, ментално пореметување, едноставно се раѓаат луѓе на кои центарот за емпатија во мозокот не им е развиен и во еден момент од животот тоа ќе излезе на површина преку финансиски измами и уништување човечки животи или преку измами или преку насилие, едноставно за овие пореметени луѓе останатите човечки суштества се како муви, тотално нешто небитно и потрошна роба. И тука нема врска кој колку пари има и каде растел и кој го воспитувал. Нема спас за овие психопати само затвор бел ден да не видат цел живот да го поминат зад решетки. Некој што мисли дека има право да му скока некому над глава со намера да го убие, тој човек е опасен за околината.