(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа
(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа
(ВИДЕО) МЕНАЏЕР ЗА ПРИМЕР: ЖИВКО МУКАЕТОВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ АЛКАЛОИД КОЈ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
(ВИДЕО) МЕНАЏЕР ЗА ПРИМЕР: ЖИВКО МУКАЕТОВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ АЛКАЛОИД КОЈ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
(ВИДЕО) „АЛКАЛОИД“ слави 85-години јубилеј: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските!
(ВИДЕО) „АЛКАЛОИД“ слави 85-години јубилеј: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските!
(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ПОРТАЛИ И НОВИНАРИ ЈА ИЗВРТУВААТ ДЕНЕШНАТА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ, СЛУШНЕТЕ ЈА САМИТЕ И ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА НЕ СЕ ТОЧНИ МАНИПУЛАЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ПОРТАЛИ И НОВИНАРИ ЈА ИЗВРТУВААТ ДЕНЕШНАТА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ, СЛУШНЕТЕ ЈА САМИТЕ И ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА НЕ СЕ ТОЧНИ МАНИПУЛАЦИИТЕ
(ВИДЕО) Влада: Премиерот беше прецизен, банално е прашањето дали нема поспособен од него во СДСМ, а не прашањата за несреќата и моралните оставки
(ВИДЕО) Влада: Премиерот беше прецизен, банално е прашањето дали нема поспособен од него во СДСМ, а не прашањата за несреќата и моралните оставки
ШОКАНТНО: ГРУЕВСКИ И ВМРО ДПМНЕ СПРЕМАЛЕ АТЕНТАТ НА ЗАЕВ ВО 2018-ТА, САД ДОЗНАЛЕ И ГО СПРЕЧИЛЕ АТЕНТАТОТ СО ЗАКАНА КОН НАРАЧАТЕЛИТЕ ДЕКА ЌЕ ОДГОВАРААТ!
ШОКАНТНО: ГРУЕВСКИ И ВМРО ДПМНЕ СПРЕМАЛЕ АТЕНТАТ НА ЗАЕВ ВО 2018-ТА, САД ДОЗНАЛЕ И ГО СПРЕЧИЛЕ АТЕНТАТОТ СО ЗАКАНА КОН НАРАЧАТЕЛИТЕ ДЕКА ЌЕ ОДГОВАРААТ!
(ВИДЕО) Премиерот Зоран Заев и министерката Шахпаска на 75 години од основањето на Сојузот на пензионерите: Пензискиот фонд е стабилен, а пензиите растат и се исплаќаат редовно
(ВИДЕО) Премиерот Зоран Заев и министерката Шахпаска на 75 години од основањето на Сојузот на пензионерите: Пензискиот фонд е стабилен, а пензиите растат и се исплаќаат редовно
ДЕМАНТ ОД ДЗС: АПАСИЕВ ЛАЖЕ, бројките за наводни одбивања да се попишат се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста
ДЕМАНТ ОД ДЗС: АПАСИЕВ ЛАЖЕ, бројките за наводни одбивања да се попишат се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ И НЕГОВИОТ ТИМ СЕ ЕДНА ОД ПОСВЕТЛИТЕ ТОЧКИ ВО 2020-ТА ГОДИНА – ЕВЕ ШТО СЕ СРАБОТИЈА ЗА НАШИОТ ГЛАВЕН ГРАД!

НОВ КОНЦЕПТ ЗА ТРЕТМАН НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД

Над 400 нови контејнери во текот на Јануари беа поставени по улиците и булеварите на Скопје. Со новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје веќе не ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град.

НОВ ПАРК ВО Opstina Kisela Voda

Февруари меѓу другото го одбележа и започнувањето на уредувањето на нов парк меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода. Новиот парк е на површина од околу 16.000 квадратни метри и во него се засадени околу 200 висококвалитетни дрвја, кои веќе оваа пролет треба да развијат крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија. Реновираната трим патека долж пругите е надополнета со зимзелен дрворед со садници повисоки од седум метри чии сенки ќе бидат совршен сојузник на рекреативците во летниот период.

НОВ СТЕРИЛИЗАТОР ЗА ТРЕТМАН НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД

По неколкугодишна борба, депонијата Дрисла се врати од приватни во градски раце и Градот повторно целосно ги контролира политиките за отпадот во Скопје. Веднаш се изврши набавка на нов стерилизатор за третман на медицински отпад, со иновативен систем, целосно автоматизиран, како и висока технологија и квалитет. Со ова се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицинскиот отпад кој претходно завршуваше на „Дрисла” како обичен отпад и претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето.

ПРОШИРЕН БУЛЕВАРОТ АСНОМ

Целосно е реконструиран и проширен булеварот АСНОМ на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот „Близнак“. Проширениот булевар во Аеродром има по три сообраќајни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и средишно зеленило. Забрзано се гради и новиот мост на Вардар, на булеварот АСНОМ, кој ќе ги поврзе општините Аеродром, Гази Баба и Центар со модерно булеварско решение.

15КМ НОВИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Целиот Голем Ринг е опкружен со вело патеки и вело ленти споени со главните вело рути од градот. Велосипедската инфраструктура се прошири до населбата Маџари на исток и скопската обиколница на север. Ослободивме јавен простор за непречено и безбедно движење на велосипедистите. Градевме нови и обновивме многубројни велосипедски патеки по должината на градските улици и булевари – некои велопатеки се оформени на тротоарите, а некои се спуштени на коловозот. Инвестирајќи во велосипедските патеки, годинава успеавме да надминеме 15 километри новоизградени велосипедски патеки во нашиот град.

ПОМОШ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

Градот Скопје помогна за преуредување на Клиничкиот центар во екот на пандемијата од Ковид 19. Во рекорден рок екипи на Град Скопје, Армијата и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство расчистија простор од околу 4.000 м2 до Клиниката за инфективни болести на кој беше подигната монтажна болница. Оваа болница остана празна во пролетниот бран на пандемијата, но беше преполна во есенскиот и играше голема улога во борбата со ковид-19. Се прошири влезот во Клиничкиот центар и се отвори траса за интервентни возила до ургентниот центар, се направи и посебен влез кон Инфективната клиника, како и нов сообраќаен режим при влезот од ул. Водњанска, се прошири и горната уличка над Клинички Центар – Белградска, а реконструирани се и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија.

КУЛТУРА ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА

Повеќе од 50 настани на кои настапија над 200 уметници. Повеќе од 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници на балконите во осум скопски општини. Сето ова го донесе проектот „Култура во време на корона“, кој Градот Скопје го реализираше како дел од пакетот кризни мерки за културата. Солидарните и еднакви хонорари само за невработените изведувачи ѝ помогнаа на оваа социјална група да го надмине тешкиот удар врз нивната егзистенција, кој им беше зададен со затворањето на угостителските објекти и карантинот што се воведе на почетокот на кризата.

ИЗГРАДБА НА НОВ БУЛЕВАР ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ

Центарот на градот преку Чаир на север е поврзан со изградбата на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, во Општина Бутел – Opstina Butel. На потегот од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до клучката на скопската обиколница, оваа сообраќајница има шест сообраќајни ленти, велосипедски и пешачки патеки од двете страни, средишно и странично зеленило со повеќе од 600 висококвалитетни зимзелени и листопадни садници.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО Градски Трговски Центар – Скопје

Плочникот што го поврзува влезот на Градскиот трговски центар и плоштадот „Македонија“ доби нов урбан лик. На новоуредената површина од речиси 5.000 квадратни метри се поставени висококвалитетни плочки и клупи, корпи за отпадоци, осветлување, атмосферска канализација и заштитни столпчиња. Формирани се и дрвореди од 22 повеќегодишни дрвја.

НОВИ ЕКО АВТОБУСИ

Нови екоавтобуси на гас произведени од страна на германската компанија MAN станаа дел од возниот парк на JSP Skopje (ЈСП Скопје) и возат по градските улици на линиите 2, 5, 15 и 57. Градот Скопје набави 33 нови екоавтобуси, односно 21 нископоден автобус со капацитет од поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници. Со тоа, Скопје стана дел од европските метрополи во коишто се користат овие видови на екоавтобуси.

НОВИ ЖИТЕЛИ ВО ЗОО Скопје

Скопската зоолошка градина за првпат се збогати со егзотични птици од видот фламинго, а Градот Скопје инвестираше во изградбата на нивното ново живеалиште. Живеалиштето претставува мала лагуна со многу зеленило, езерце за фламингата, како и посебен дел за хранење на птиците.

ЧИСТ И УБАВ КЕЈ

После 30 години се чисти кејот од двете страни на Вардар и ќе добие нов лик. Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето. Паралелно, екипите на Град Скопје годинава почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЕШАЧКИТЕ МОСТОВИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Градот Скопје со донација од Халбанк целосно ги реконструира сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк. Заменети се дрвените подови, префарбани оградите и овозможени се нови безбедни и безгрижни моменти во омиленото место за релаксација на Скопјани.

SKOPJE LIGHT ART DISTRICT (Универзална Сала)

Од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градскиот парк – третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност Skopje Light Art District понуди многубројни светлосни инсталации кои ги оживеаја објектите во центарот на градот. Фестивалот испрати пораки за заштита на животната средина – преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства. Ова беше најпосетено издание на фестивалот кој што е единствен од ваква природа во нашата земја и пошироко во регионот.

СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

5000 илјади оџаци помалку во Скопје. Градот Скопје со поддршка од Влада на Република Северна Македонија, годинава ја реализираше големата акција за замена на старите нееколошки печки со современи инвертери. Градот Скопје додели околу 5000 субвенции на граѓаните за набавка на инвертери и во текот на оваа зима ќе имаме некаде околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина, што претставува значајна бројка во борбата против загадувањето.

ПРВА UPHILL ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА ВОДНО

Љубителите на планинарскиот велосипедизам од годинава може да возат по новата нагорна пионерска велосипедска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Новата планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри), со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица се до Средно Водно. Направена е согласно сите стандарди, а наменета е исклучиво за велосипеди и исклучиво за движење во еден правец – нагоре.

ОТВОРЕН ПРВИОТ ВЕЛОШТАД

Транспортен центар е локацијата која заедно со Скопје Лаб ја одбраа велосипедистите како просторот на кој ќе биде отворен првиот ВЕЛОШТАД – плоштад за велосипеди во нашиот град. Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробери за брзо пресоблекување, кои се воедно и кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.

РЕКОНСТРУИРАНИ 15 СООБРАЌАЈНИЦИ

Во текот на градежната офанзива на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје. На градските сообраќајници е поставен нов асфалт во должина од 40 километри, а значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран и источниот влез во градот. Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови.

ЈП Лајка Скопје

Град Скопје е првиот град во регионот и пошироко со сопствено јавно претпријатие за улични животни. ЈП Лајка е многу повеќе од стационар, тоа веќе почна да се развива како место каде се пружаат различни услуги како вакцинација, чипирање, стерилизација, престојувалиште, социјализација, игралиште, посвојувалиште итн. Новиот објект на ЈП Лајка е уреден и опремен по сите светски стандарди, со подно греење, суви и чисти подови, енергетски ефикасни ѕидови, нова опремена ветеринарна амбуланта и канцелариски простор.

Дополнително, ЛАЈКА располага и со специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој учињата кои биле жртви на траума низ игра и забава добиваат прилика да стекнат навики за ресоцијализација, како и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат соодветна едукација како и прилика за вдомување на некое од кучињата стационирани во ЛАЈКА.

ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ТРОТОАРИ

Тротоарот спроти старата Пошта долго време беше окупиран со непрописно паркирани возила, билборди и останати рекламни објекти, целосно попречувајќи го слободното движење на нашите сограѓани.

Денес, овој простор е целосно трансформиран во модерен тротоар направен по сите стандарди, чија единствена цел е да го направи движењето на пешаците и велосипедистите попријатно и полесно. На оваа локација, отстранивме и три билборди коишто го попречуваат патот за слободно движење, и дополнително поставивме дрворед од 45 дрвја од видот фотинии со подни дренажни решетки и систем за наводнување по принципот „капка по капка”, нова велосипедска патека, клупи и канти за отпадоци, како и жардинјери со украсно зеленило, опремено со сопствен систем за наводнување.

ЗАЕДНИЧКИ ОБЕДИНЕТ ТИМ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (Инспекторат на град Скопје)

Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини од денеска се дел од еден заеднички тим. Ваквиот заеднички тим го формираме заради заштита на животната средина и природата, за преземање мерки за заштита и спречување на загадувањето на водата, воздухот, земјиштето, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење утврдени во Законот за локална самоуправа. Нашата заедничка цел е воспоставување ефикасна и независна инспекциска служба, целосно елиминирање на просторот за злоупотреби, со повеќе казни за оние што не го почитуваат законот и повеќе едукација за граѓаните во превентивна насока.

БУЛЕВАРОТ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

Скопје доби уште еден модерен булевар – првиот дел од булеварот Босна и Херцеговина отворен за сообраќај. Од стара улица со две ленти до современо булеварско решение со шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура, две велосипедски и две пешачки патеки, средишно и странично зеленило.

СЛАВИМЕ ЗАЕДНО

Центарот на Скопје светна во полн новогодишен сјај. Традиционално и оваа зима, иако во вонредни околности, на градскиот плоштад се постави новогодишното осветлување, заклучно со вклучувањето на големата новогодишна елка во самиот центар.

Оваа година, дури и повеќе од останатите е убаво да се потсетиме дека Новата Година симболизира испраќање на старата и дочекување на нови почетоци со нови позитивни желби. А оваа прекрасна празнична атмосфера која секоја година е извор на неизмерно уживање и радост за најмладите би требало да послужи да нѐ потсети токму на тоа.

loading...

AnimeDao: Slayers: The Book of Spells (Dub) anime episode 3 online free at https://animedao.nl animedao boruto

AnimeHeaven: The World God Only Knows anime episode 12 online free at https://animeheaven.pro anime stream

Watch Memories Off 2nd Episode 3

https://animeflv.uk animeflv

Redsea gov: http://www.redsea.gov.eg/taliano/Lists/Lista%20dei%20reclami/DispForm.aspx?ID=133383

Bonanza: https://www.bonanza.com/users/49419867/profile