Несекојдневна и преубава беше атмосферата во малиот градски парк на денешната промоција на монографијата СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО НИЗ ПРОСТОРОТ И ВРЕМЕТО на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица.
Од промоцијата беше полезно да се заклучи дека посебноста на градот, неговите карактеристики, антрополошката патека на осовременување, културниот и сеопш прогрес и уште многу други уникатни особености, прават Струмица да има одлика на нешто повеќе од град.
Ми беше задоволство да ја споделам со присутните мојата гордост, радост и среќа од пројавата на оваа монографија, да им честитам на авторите и издавачот, но и да ја изразам потребата за нови слични публикации. Струмица тоа го заслужува.