Руските амбасади и конзулати ширум европските градови и надвор од континетот во текот на денешниот беа место на протести. Илјадници граѓани со сино-жолти знамиња протестираат во знак на поддршка на Украина и против руската агресија на оваа држава која започна рано утрово по наредбата од Путин да се нападне Украина.
Додека руските воени сили од копно и воздух удираа на Украина и на главниот град Киев, илјадници граѓани во европските престолнини излегоа да го изразат своето незадоволство од почетокот на нова војна на европско тло.
Целата фото галерија од протестите ширум целиот свет на следниов линк.