Новиот кружен тек на булевар Никола Минчев сега има сосема поинаков лик. Фонтаната на виното веќе е во завршна фаза.
Фонтаната во облик на чаша за вино и црвената вода која го претставува виното го разубавува овој дел од градот.
Во наредна фаза ќе се изврши и доуредување на просторот како и хортикултурно уредување.