Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ

ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија
Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет
Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет
ПЕНДАРОВСКИ: Очекувам третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање. Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани

(ФОТО) МВР СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Пронајдена дрога при претрес во Скопје, Пронајден хероин, Приведени две лица од Куманово, Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад

Приведен разбојник во Скопје

На 23.05.2022 во 19.30 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје, кој извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари. Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје. Парите се вратени на оштетената.

(фото) Пронајдена дрога при претрес во Скопје

Синоќа (23.05.2022), по претходно добиена судска наредба за претрес на дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје Единица за недозволена трговија извршен е претрес во домот на З.В.(65) во Скопје. За време на претресот во домот пронајдени се две паковки со амфетамин, една паковка со марихуана и вага, додека при пребарување на теренот околу куќата пронајдени се пет поголеми пакувања со амфетамин и пакувања со марихуана, закопани на различни локации. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Пронајден хероин, приведени две лица од Куманово

На 23.05.2022 во 15.00 часот во Куманово од полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово се лишени од слобода М.А.(42) и Д.Ц.(38), двајцата од Куманово, кои биле во патничко моторно возило “рено”, управувано од М.А., затоа што во возилото и кај Д.Ц. пронајден е хероин. Лицата се задржани во СВР Куманово и известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик. На 14.02.2022, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола и утврдиле дека првопријавениот, сопственик и управител на правното лице, во име на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.„Ѓорѓи Капчев“ неовластено тргувал со отпад без да поседува дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

loading...

nổ hũ go88

sunwin apk 2021