Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Ковачевски по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ - ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Продолжува санацијата на оштетувањата и обновата на хоризонталната сигнализација на улиците во општина Ѓорче Петров
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство
Анѓушев со демант кон ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со „Осломеј”, апелирам партиите да не го злоупотребуваат моето име и моето семејство
Претседателот Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски
Претседателот Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование

(ФОТО + ВИДЕО) Со централна прослава во Делчево одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

Денеска со пригодна свеченост во Делчево, во присуство на државниот врв, дипломатскиот кор, локалната самоуправа, раководството на Министерството за внатрешни работи и гости, се одржа Централната прослава за одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето поздравно обраќање пред присутните честитајќи го празникот на полицијата истакна дека да се биде полицаец, припадник на Министерството за внатрешни работи е голема чест и огромна одговорност, но и дека доаѓаат времиња во кои просто се очекува од секој припадник на полицијата таа чест и одговорност да ја покажат и докажат повеќе од било кога. „Ние денес живееме токму во такво време, време кое што од нас бара да бидеме вистински и доследни чувари на законитоста, на редот и поредокот, на сигурноста и безбедноста на секој наш граѓанин. Тргнувајќи од фундаменталната премиса на секое демократско општество – дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби, размислувања, ставови, ние воспоставивме нови и модерни стандарди кои што целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата, а тоа е полиција – сервис на граѓаните на Република Северна Македонија“, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека следејќи го доследно пулсот на времето, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и очекувањата на граѓаните, од сегашна преспектива можеме слободно да заклучиме дека Министерството за внатрешни работи, сите негови организациони единици во доменот на своето работење веќе се етаблираат не само како сервис и партнер на граѓаните, туку и како респектабилен партнер на надворешен план, активно ангажирани во мноштво регионални и други меѓународни иницијативи, асоцијации и проекти во речиси сите области од безбедносната сфера.

Во духот на вчерашната промоција на монографијата „МВР за граѓаните“ Спасовски истакна: „ Навистина сум горд на тимот кој изминатите години работеше со мене, со кој успеавме да создадеме многу мостови, дел од нив сосема нови, да воспоставиме билатерални оперативни контакти со голем број на земји, гости на МВР да бидат голем број министри и европски високи претставници, храбро да ги реализираме реформите и промените во МВР за да бидеме дел од единствената европска политика. Многу мои соработници од тој успешен тим заминуваат или се подготвуваат да заминат во пензија. Дозволете ми да им заблагодарам на сите, за искрената, чесна и посветена работа и да изразам уверување дека така и ќе продолжиме – подмладени и во нови успеси!“

Првиот човек на македонската полиција истакна дека благодарение на соработка меѓу законодавната и извршната власт беше спроведена и реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем, со која УБК излезе од органите во состав на МВР и беше формирана посебната институција АНБ.

За тековните и престојните предизвици Спасовски рече дека за многу кусо време, постигнавме значителен напредок, и сето тоа, благодарение на сите општествени чинители. „Резултатите покажуваат дека нашите напори во сите сфери, вклучително и во зајакнатата борба против организираниот криминал, корупцијата, безбедносните реформи, се евидентни. И среќен сум што стратешката определба на земјата за членство во Европската Унија е приоритет број еден – и тука нема компромиси! Би сакал да верувам дека час поскоро и ние ќе бидеме приоритет за европското семејство, бидејќи Европа ни го должи тоа! Ние, пак, тоа им го должиме на идните поколенија, но и на нашите предци. На херојот чие име го носи градот-домаќин на денешната свеченост, Гоце Делчев, симболот на македонскиот непокор, по убедување социјалдемократ, по дела револуционер и визионер, како и на неговите соборци. Но, и на учесниците во НОБ, на нашите борци благодарение на кои нашата земја даде огромен придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна и го дочекавме сопственото ослободување!“, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во своето обраќање, рече: Апелирам до сите Вас, во име на нашите граѓани – бидете првата врата на која што ќе тропнат, првиот број на кој што ќе се јават секогаш кога ќе се чувствуваат беспомошни, обесправени, загрозени или пак заплашени по својот сопствен живот, животот на најмилите, по својот имот и сопственост. Да тропнат, затоа што Ви веруваат, затоа што сте дел од нив и затоа што се безбедни се додека Вие сте тука до нив. Важно е да ја стекнете и одржите високо довербата на граѓаните, важно е да бидете пример за тоа што значи професионален полициски службеник во служба на граѓаните. Длабоко сум убеден дека взаемната доверба, соработката и застанувањето секогаш на вистинската, праведната страна на законот ќе придонесе да имаме побезбедни улици, подемократски и поправедни институции кои по ништо нема да заостануваат зад високо стандардните европски и светски полициски сили. Добро е што постоите, добро е што сте чувари на мирниот сон на нашите деца, внуци и браник пред криминалот, тероризмот и секакво друго современо зло кое демне врз нашиот демократски поредок и лична и колективна безбедност.

На свеченоста беа доделени и плакети за успешно реализирани оперативни акции во МВР, а специјалнa плакетa за посветеност и соработка со МВР во реализирање на целите од заеднички интерес за граѓаните доби претседателот на Собранието, Талат Џафери, додека на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од страна на претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Д -р. Марјан Кицев, му беше врачена плакета за личен придонес во унапредувањето
на условите за работа на полицијата и промоција на професионализамот во МВР.

Денеска, во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај, делегации од Министерството за внатрешни работи положија свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите и починатите припадници на Министерството за внатрешни работи во кругот на МВР: на споменикот пред зградата на граничната полиција, во полицискиот центар “Ѓорче Петров”, во паркот „Жена“, во базата „Брест“ и во касарната „Илинден“.

Свежо цвеќе на споменикот во кругот на МВР беше положено од страна на министерот за внатрешни работи г.Оливер Спасовски, државната секретарка при Министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска , директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. Цвеќе положија и претставниците на Здружението на бранителите и семејствата на загинатите припадници на МВР, како и претставниците на Македонскиот полициски синдикат.

loading...

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

SHAMAN KING (2021) Episode 51

anime sites Ranking of Kings

4anime 4Anime My Dress-Up Darling (Dub)

SK8 the Infinity

4Anime My Hero Academia Episode 13

tải go88