Од четвртата седница на Владата: ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија; Обезбедени финансии за континуитет на работењето на ТЕЦ Неготино; Формирани се работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија
Од четвртата седница на Владата: ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија; Обезбедени финансии за континуитет на работењето на ТЕЦ Неготино; Формирани се работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија
ШОКАНТНО - НОВИОТ ДИРЕКТОР ХРИСТОВСКИ ЛОВИ ВЕШТЕРКИ ВО „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
ШОКАНТНО - НОВИОТ ДИРЕКТОР ХРИСТОВСКИ ЛОВИ ВЕШТЕРКИ ВО „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
КОВАЧЕВСКИ: ВО ИЗВРШЕН ОДБОР НА СДСМ СУМ ОД 1998-МА, ИМАМ ОДЛИЧНИ ОДНОСИ СО БРАНКО, СО РАДМИЛА, СО БУЧКОВСКИ И СО ЗАЕВ, СО СИТЕ СЕ СЛУШАМ РЕДОВНО
КОВАЧЕВСКИ: ВО ИЗВРШЕН ОДБОР НА СДСМ СУМ ОД 1998-МА, ИМАМ ОДЛИЧНИ ОДНОСИ СО БРАНКО, СО РАДМИЛА, СО БУЧКОВСКИ И СО ЗАЕВ, СО СИТЕ СЕ СЛУШАМ РЕДОВНО
(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ПЛАНИРАМ НАРЕДНИТЕ 12 ГОДИНИ ДА БИДАМ ПРЕМИЕР, ЗОШТО ДА НЕ, МОЖЕБИ ЌЕ УСПЕЕМЕ ДА ГИ ЗАДОВОЛИМЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ЈАВНОСТА
(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ПЛАНИРАМ НАРЕДНИТЕ 12 ГОДИНИ ДА БИДАМ ПРЕМИЕР, ЗОШТО ДА НЕ, МОЖЕБИ ЌЕ УСПЕЕМЕ ДА ГИ ЗАДОВОЛИМЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ЈАВНОСТА
Георгиевски до ВМРО-ДПМНЕ: Оставив 3 милиони евра во општинската каса и нула долгови
Георгиевски до ВМРО-ДПМНЕ: Оставив 3 милиони евра во општинската каса и нула долгови
(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЌЕ ОСТАНЕМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО КАРПОШ СО ФАМИЛИЈАТА, НЕМА ДА СЕ СЕЛИМЕ ВО ПРЕМИЕРСКАТА ВИЛА НА ВОДНО
(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ: ЌЕ ОСТАНЕМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО КАРПОШ СО ФАМИЛИЈАТА, НЕМА ДА СЕ СЕЛИМЕ ВО ПРЕМИЕРСКАТА ВИЛА НА ВОДНО
АЈДЕЕЕ, НЕМААТ ОПШТИНСКА ЗГРАДА А ЌЕ ГРАДЕЛЕ СТАДИОН, ОВА САМО НА ЗАБЕГАН ВМРОВЕЦ МОЖЕ ДА МУ ТЕКНЕ, ОВА Е ТАА ФОНТАНИ-ФАСАДИ-СПОМЕНИЦИ ЗАБЕГАНОСТ КОЈА ГИ КРАСИ ВМРОВЦИТЕ СО ДЕЦЕНИИ: ФФМ и општина Аеродром ќе градат стадион
АЈДЕЕЕ, НЕМААТ ОПШТИНСКА ЗГРАДА А ЌЕ ГРАДЕЛЕ СТАДИОН, ОВА САМО НА ЗАБЕГАН ВМРОВЕЦ МОЖЕ ДА МУ ТЕКНЕ, ОВА Е ТАА ФОНТАНИ-ФАСАДИ-СПОМЕНИЦИ ЗАБЕГАНОСТ КОЈА ГИ КРАСИ ВМРОВЦИТЕ СО ДЕЦЕНИИ: ФФМ и општина Аеродром ќе градат стадион
ОБВИНИТЕЛKATA ОД ЊУЈОРК НАЈДЕ ДОВОЛНО ДОКАЗИ ДЕКА ТРАМП И НЕГОВИТЕ ДЕЦА НАПРАВИЛЕ ДАНОЧНА ИЗМАМА, ГО ПОВИКА СУДОТ ДА ГО ПОВИКА ТРАМП ДА СВЕДОЧИ
ОБВИНИТЕЛKATA ОД ЊУЈОРК НАЈДЕ ДОВОЛНО ДОКАЗИ ДЕКА ТРАМП И НЕГОВИТЕ ДЕЦА НАПРАВИЛЕ ДАНОЧНА ИЗМАМА, ГО ПОВИКА СУДОТ ДА ГО ПОВИКА ТРАМП ДА СВЕДОЧИ

[Фото+Видео] Заев и Бочварски први возеа по новиот пат Штип-Радовиш: Инвестициите во инфраструктурен развој се за просперитетна иднина за сегашните и генерациите што доаѓаат и од огромен интерес за домашната економија

„Од денес граѓаните ќе можат да патуваат по експресниот пат Штип – Радовиш, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Оваа прва фаза е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија. Кога застана целиот свет, тука се работеше интензивно. Така, во рок од три години, согласно предвидената динамика добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди. Сакам да напоменам дека во последните триесет години ова е единствениот пат завршен пред предвидениот рок и силно верувам дека овој тренд на прецизност, висока професионалност и без никакви проектни и градежни отстапувања ќе се следи и во иднина“, рече премиерот Зоран Заев во воведното обраќање по повод пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза.

На настанот свои обраќања имаа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и претставникот на Европската банка за Северна Македонија, Андри Аранитаси.

Премиерот Заев во своето обраќање рече дека ова е пример како функционира Владата, Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка со сите инволвирани страни во процесот.

„Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш има исклучително влијание врз развојот на економијата во овие три региони Штип, Радовиш и Струмица и придонесува за рамномерниот регионален развој, побрз транспорт на стоки, на услуги како и на луѓе. Модерната патна инфраструктура ќе биде од големо значење за сите граѓани, за студентите, за бизнис секторот, за земјоделците од Струмичкиот, Радовишкиот, Штипскиот и Кочанскиот регион, кои своите производи ги пласираат на пазарите во земјава и во странство. Експресниот пат, Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните на југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до главниот град, Скопје. Времето за патување возејќи прописно и безбедно – двојно се скратува“, подвлече Заев и додаде дека интензивно го градиме југоисточниот дел од нашата земја и продолжуваме да инвестираме во капиталните проекти за поврзување на татковината кои значат живот за македонската економија.

Министерот Бочварски рече дека експресниот пат Штип-Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот ако се има во предвид дека овде работат околу 12 илјади мали и средни претпријатија.

„Сакам да информирам дека интензивно работиме и на изградба на втората фаза од овој експресен пат делниците од клучка Три чешми до Штип-Југ како и делница од Бучим до Радовиш. Очекуваме оваа делница комплетно да биде завршена средината на следната година. Овој експресен пат е дел од државната А4 рута, започнувајќи од граничен премин Блаце, преку обиколницата Скопје и новиот автопат до Штип, и преку овој експресен пат се поврзуваме со соседна Бугарија. На тој начин добиваме брза патна врска по целиот Југоисточен регион. Оваа Влада докажа посебен фокус на рамномерниот развој на државата инвестирајќи во модерни и квалитетни проекти кои носат економски бенефит не само за граѓаните туку и за цела држава.

Овој пат е симбол на вербата и посветеноста на оваа наша генерација за развој и модернизација на државата, за подобар живот и задоволни граѓани. Инвестирајќи во повисоко ниво на инфраструктурен развој, инвестираме за просперитетна иднина за сегашните и генерациите што доаѓаат“, рече Бочварски.

Директорот Рустеми рече дека вкупната проектирана, должина на комплетниот експресен пат А4 е 40,46 километри, а вкупната вредност е околу 60 милиони евра.

„Со техничките квалитети на експресниот пат, со по една коловозна и помошна лента, и со ширина од 11,4 метри, тој претставува основа за можен иден автопат. Максималната брзина на движење на возилата е 110 километри на час. Оваа прва фазата од експресниот пат А4 во време на пандемија е комплетно завршена во предвидениот рок од 3 години. Изградена е согласно со важечките прописи и стандарди со издвоена вкупна вредност од 45 милиони евра. Заради подобро поврзување со блиските населени места на експресниот пат изведени се вкупно 40 објекти за премостување, односно 4 клучки согласно со највисоките стандарди, 7 надпатници и подпатници, 11 мостови и вијадукти, и сето ова за полесен пристап на граѓаните до и од експресниот пат. По целата должина на патот има заштитна жичена ограда за побезеден сообраќај“, рече Рустеми и додаде дека со спој на патниот правец А4 Штип–Радовиш со автопатот Миладиновци–Свети Николе–Штип се овозможува комуникација со регионите надвор од државава и пошироко.

Претставникот на Европската банка за Северна Македонија, Андри Аранитаси, истакна дека проектот претставува постојан придонес на Банката во насока на подобрување на транспортната инфраструктура на земјата и ја потврдува нејзината посветеност на подобрување на транспортната инфраструктура во Северна Македонија.

„Ова е еден од осумте проекти на Банката во секторот на македонските патишта. Банката е активна во овој сектор од 2001 година, поддржувајќи проекти од регионалните и локалните патишта, како и паневропските коридори 8 и 10, со вкупна поддршка од 425 милиони евра. Банката активно работи на обезбедување на финансиска поддршка на проекти за новите патишта, како Кичево-Букојчани, дел од Коридорот 8, и Скопје-Блаце, автопатот за поврзување со соседно Косово и за натамошната регионална интеграција на Западен Балкан. Ова ја потврдува нашата посветеност за помош на Владата, во насока на подобување на инфраструктурата во земјата во корист на граѓаните и го истакнува нашиот статус како најголем финансиски стратешки партнер во Северна Македонија за инфраструктурните проекти, со над 1,2 милијарди евра, инвестирани во патишта, железница, општински и енергетски сектор. ЕБОР е голем пријател на земјата и нејзините граѓани, и ќе продолжиме да бидеме пријатели се до влегувањето на земјата во ЕУ и потоа!“, рече Аранитаси.

loading...

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

My Hero Academia Season 5 Episode 24

free anime AnimeHeaven The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

animeheaven app Attack on Titan Season 3 Part 2

How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

anime heaven au The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants