МОСКВА ВОЗВРАТИ НА САНКЦИИТЕ Путин го потпиша ембаргото за увоз на храна од САД и ЕУ
МОСКВА ВОЗВРАТИ НА САНКЦИИТЕ Путин го потпиша ембаргото за увоз на храна од САД и ЕУ
Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената болница во Тетово
Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената болница во Тетово
Како може цел објект да изгори за неколку минути? – се подготвуваат два извештаи за трагедијата во Тетово
Како може цел објект да изгори за неколку минути? – се подготвуваат два извештаи за трагедијата во Тетово
Радев на средбата со Вархеји истакнал дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати
Радев на средбата со Вархеји истакнал дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати
Бугарски Блиц: САД ја малтретира Бугарија поради Македонија!
Бугарски Блиц: САД ја малтретира Бугарија поради Македонија!
Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат
Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат
Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина

ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ ЗА МАКТЕЛ: Бугарите имаат толку блесави барања кон нас што се срамат самите од забеганоста и радикалноста на тие барања па го лажат светот и се обидуваат да креираат лажна слика дека они речиси ништо не барале од нас а наводно ние ништо не сме сакале да им дадеме, што е ноторна лага!

Мактел: Професоре, ве молам за коментар за случувањата со Бугарија овие неколку недели?

Проф. д-р Фрчкоски: Многу е речено, шокантна е политиката на Бугарија, јас можам да се сложам со сите ставови дека е тоа стратешка грешка, лошо одиграа, тешко стекната титула на лидер на проширување на западен балкан ја упропастија на оваа кафеанска експлозија на потиснати страсти кон нас, ни направија нас проблем, но низ овие драми државата јакне и јас во таа смисла имам комплименти кон нашата влада како го тера сето ова. Кој е заклучокот? За прашањата за кои нема да преговараме, спротивно на сите скептици и песимисти се докажа дека не се разговара за идентитетот и јазико, се друго може да се расправа, сега треба да почекаме дали они ќе издржат на ветото или па ќе се случи некаков спектакуларен пресврт во поселден момент, но во овој момент ситуацијата е следна, они ја блокираат и нашата држава но и цел балкан, значи тука се Албанија, Србија, Босна, Косово итн, значи сега единствена земја која го блокира целиот процес е Бугарија и тоа е многу тежок камен за нив и затоа она што сега се случува во моментов, Бугарија е во многу тешка сиутација, критиките кон нив се брутални. А ние немаме друга опција освен да издржиме отворајќи можности да преговараме за сите аскепти од договорот и ќе видиме што ќе се случи, но некогаш во вакви ситуации кога сите се на ваша страна и кога сте конструктивен во решавање на проблемот, а сепак имате проблем тоа ја засилува самодовѕербата на нацијата и тогаш како се однесувате е израз за тоа каква држава сме и во таа смисла собираме и комплименти а и самодоовербата расте, ова потсетуѕва на далечната лисабонска декларација кога цела Европа застана со Грција да не смееме да го користиме името Македонија воопшто во какво и да било широко име, и ние тогаш како влада и држава силно издржавме против тој притисок и тоа роди и самодоверба кај народот и тоа резултираше со успех, тој став на ЕУ се смени потоа на самитот во Единбург, а камо ли пак сега кога цела Европа е на наша страна ние сме далеку во подобра ситуација и мора да издржиме и ќе издржиме. Значи запознаен сум од дипломатски извори дека можно е во крај на декември да има позитивен исход, а инаку да разочарам сум од Бугарија генерално, пак се на погрешна страна на историјата како многу пати досега.

Мактел: Краток коментар за назначувањето на професорот и екс премиер Бучковски како владин преставник во преговорите во Софија, имаше многу критики за ова но не наидов на сериозен аргумент против тоа освен некаков ирационален страв дека он нешто ќе ни увалел?

Проф. д-р Фрчкоски:: Немам посебен став за назначувањето на Бучковски, мислам дека тој може само да помогне во целава работа, нема што да изгубиме, има големо искуство во меѓународната политика плус добро е примен таму тоа ќе му помогне.

Мактел: Професоре дали стварно веруватe дека Бугарија реално се исплаши од нашето малцинство таму во насока дека тоа би ја загрозило стабилноста на Бугарија, ваљда се алудира на идно отцепување на Пиринска Македонија, тоа во насока и дали Северна Македонија значело територијални претензии кон Бугарија, дали е ова реален страв или глумат лудило за да постигнат некоја друга цел?

Проф. д-р Фрчкоски:: Смешно е во сите договори соседите кон нав се однесуваат како да сме Русија со не знам клолку иљади тенкови и нуклеарки и авиони која ќе им земе парче од територијата, а ние сме мала земја што им даде они да ни го чуваат небото пошто сме толку мали и немоќни, и тој страв е малце смешен, бидејќи ние никогаш не сме имале таква политика ниту пак некогаш реално ќе имаме капацитет за таков потфат дури и кога би сакале такво нешто, па така тие муабети за откажување од теротирајалан претензија пазете земји кои се 5-6 пати поголеми и побогати и воено помоќни од нас, но ние сепак можеме тоа да го кажеме со разна декларација или меморандум, не е тоа проблем само да ја затвориме таа смешна тема. Инаку реално односнот кон малцинствата е проблем на Бугарија виза ви Европа и сите тие институции кои прават репорти за состојбата на малцинствата и низ тој канал нашето малцинство ќе си го најде својот пат за решавање на својот проблем и нема ние што да се ангажираме тука, така беше решено со Грција они мораа да го признаат и да им дадат права внатре во ЕУ и сега гледаме во Грција нашите вртат ора пеат песни дури ги има и на државната телевизија во разни емисии. Бугарија ги изгуби сите процеси во Стразбург и сега мислат дека ние сме им криви, треба самите со себе да се соочат по тоа прашање, нема тоа врска со нас.

Мактел: Професоре вие сте биле дел од многу вакви преговори, тоа што овој пат нема трета страна која ќе води записник за што се збори на овие средби меѓу нашите и бугарските министри како да се злоупотребува од бугарска страна, па имам чувство дека едно се збори на тие средби имено многу се поголеми и порадикални барањата од она што официјална Софија го кажува за европските особено германските медиуми, како да се прикажува поблага слика кон светот а во средбите се многу порадикални во барањата, на пример ако се следат изјавите за локалните медиуми на Каракачанов он јасно бараше сите заеднички херои да се означат како бугарски, а сега Захариева за интервју за германски медиум вели дека они барале сите херои да биле заеднички а не бугарски, но ние не сме сакале тоа да го признаеме, иако Заев и Пендаровски се отепаа од изјави дека Гоце Делчев е заеднички херој кој како таков треба да не зближува?! Како да се сака од бугарска страна они да се престават како многу умерени а ние демек ништо не сакаме да им дадеме што не е точно, обратно е, како што рекол народот дај им прст сакаат цела рака е работава зарем не?

Проф. д-р Фрчкоски: Да тоа е точно што си го забележал во изјавите кон надвор нив им е срам да го кажат тоа што го бараат од нас затоа што се свесни тоа ќе побуди гадење од Европејците не само што е тоа бизарно туку е и опасно за европаската кауза за стотици такви историски прашања низ цела Европа и сето тоа сега се решава или со историски конференции или симпозиуми или не се решаваат воопшто, оставени се тие теми во заборав на минатото, но никако не се решаваат политички и ако почнат земјите низ Европа така да влегуваат во дуели за такви прашања ќе настане општ хаос и затоа Бугарија лажно вели дека ние сме го прекршиле договорот а уствари тие се оние кои додаваат работи во договорот и ни кажуваат како ние да ја читаме нашата историја, што е прво безобразно, но и со задна намера, не отсекуваат од коренот со намера да не направат вештачка нација и јазикот ни го означуваат како бугарски дијалект па дури имаат и проблем да го споменат, а пазете збориме за јазик кој е меѓународно признат во сите светски лингвистички институции. Сето тоа за нас е неприфатливо, ние досега само со бугарија тоа им го прогледувавме низ прсти на билатерална основа, но сега такво нешто да правиме со ЕУ е небулоза и тоа нема шанси. Они имаат проблем со цел свет а не само со нас, ние не треба тука што да дебатираме само ќе ги упатиме во ООН таму да се расправаат зошто е пишан нашоот јазик како македонски јазик па дури и нека се расправаат со сите светски лингвисти кои велат дека нашиот јазик е меѓу најстарите на балканот а не обратно, тоа што е доцна кодифициран не значи дека пред тоа не постоел како народен јазик со кој се користел еден народ.

loading...

BBK/BRNK Episode 12

Website https://wcostream.cc: Watch Cannon Busters wcostream Episode 12 black clover wcostream

TwistMoe Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeFLV: Nabari no Ou anime episode 26 online free at https://animeflv.uk watch anime dub

Danluat thuvienphapluat: https://danluat.thuvienphapluat.vn/thanh-vien/animeflixnl

Classiccarsales: http://classiccarsales.ie/author/animefreakws/