Пендаровски за ТВ21: Немам добиено информација за политички притисок врз македонските историчари во комисијата
Пендаровски за ТВ21: Немам добиено информација за политички притисок врз македонските историчари во комисијата
МНР: Според првичните информации, не е најдена никаква трага за евентуална злоупотреба на дипломатска пратка
МНР: Според првичните информации, не е најдена никаква трага за евентуална злоупотреба на дипломатска пратка
Заев од Радовиш: Многу е важно да се обединиме сите, се бориме за вистински вредности, да продолжи економскиот раст
Заев од Радовиш: Многу е важно да се обединиме сите, се бориме за вистински вредности, да продолжи економскиот раст
(ВИДЕО) Заев од Охрид: Победуваме со обединување околу политиките што гарантираат напредок и економски раст
(ВИДЕО) Заев од Охрид: Победуваме со обединување околу политиките што гарантираат напредок и економски раст
ДУИ и ДПА постигнаа договор, во втор круг се ЗАЕДНО!
ДУИ и ДПА постигнаа договор, во втор круг се ЗАЕДНО!
ЕВЕ КОИ МУ ПОМОГНАА НА МИЦКОВСКИ: РАЗОЧАРАНИ МАТЕРИЈАЛИСТИ КОИ НЕ ДОБИЈА ФУНКЦИЈА И РЕШИЈА ДА СЕ ОДМАЗДАТ НА СДСМ И ЗАЕВ!!!
ЕВЕ КОИ МУ ПОМОГНАА НА МИЦКОВСКИ: РАЗОЧАРАНИ МАТЕРИЈАЛИСТИ КОИ НЕ ДОБИЈА ФУНКЦИЈА И РЕШИЈА ДА СЕ ОДМАЗДАТ НА СДСМ И ЗАЕВ!!!
ПРОФЕСОРОТ МАЛЕСКИ СЕ ИЗНЕРВИРА ОД ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОВСКИ И БАНДАТА: Проклето опасно поведение на опозицијата!
ПРОФЕСОРОТ МАЛЕСКИ СЕ ИЗНЕРВИРА ОД ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОВСКИ И БАНДАТА: Проклето опасно поведение на опозицијата!
МВР: Категорично ги отфрламе невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ
МВР: Категорично ги отфрламе невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ

ФРЧКОВСКИ: За Гоцета од една страна би било интересно да се дознае дали би загинал за својата љубена кај која го фатиле? Дали се прашал што ќе биде со неа од кога него ќе го нема?

По повод филмот Блејд Ранер на Ридли Скот се разви странична дебата за тоа што го заснoва персоналниот идентитет на личноста: како ги создавам своите мемории и дали можам да им верувам?

Ова меѓу многуте дебати за темата меѓу социолозите, психоаналитичарите, психолозите и историчарите, а сега истото по повод „Гоце Делчев повторно меѓу Македонците“ кај Македонците и Бугарите се развива таа дебата ама малку балкански-селски, емотивно и луто!

Дали идентитетот е вроден, биолошки, етнички, или создаден, социјално конструиран, самоконструиран? Кој е тој објективен и субјективен дел од комплексот персонален идентитет?

Скоро сите сериозни дефиниции на персоналниот идентитет велат дека тој е социјално конструиран феномен или самоконструкција во социјален контекст, контекст на социјална акција, каде потеклото – етничко или биолошко игра само мала почетна условеност, но без одредувачка улога за формирање на целосниот, финалниот, ако така може да се каже, идентитет.

Ќе почнеме со Левинас: персоналниот идентитет на личноста е социјална конструкција поврзана со односите со „другите“ далеку повеќе од тоа да е биолошки факт (кој е на некој начин неопходен старт, но не и доволен). Идентитетот е социјална и релациона категорија: зависи од самоконструкција на мојата борба да се дефинирам кој сум и од односите со другите луѓе. Фино!

Следна референтна дефиниција на карактерот на идентитетот ја делат група автори (Гило, Коен, Барт, Епстејн) : идентитетот не е даден, примордијален или природен, туку конструкција. Имено, зададен поим кој е постојано во конструкција и реконструкција и тој е повеќе процес или проект отколку тврдо тело на значења.

Чарлс Тејлор го дефинира како: самоинтерпретирачка акција на индивидуата која таа ја гради, развива преку саморефлексија, наспроти тезите дека е фиксен (природен) збир на значења.

Р. Рорти и Вонг велат дека во процесот на неговата самоизградба, саморефлексија идентитетот, сепак, развива збир на централни желби и вредности кои имаат потемелно значење за него …

Макс Вебер (една постара дефиниција е темелна за оваа линија на согледби) вели дека субјективното верување на поединецот во заедничкото припаѓање со другите, во социјалната акција, во идентитетот-во-акција, е клучна за неговото формирање независно дали е „објективна“ или дали таа индивидуа има крвни, етнички или биолошки врски со групата во која смета дека припаѓа или од која „потекнува“ (други го втренчуваат во неа со факти на потеклото на неговата фамилија и сл) .

Александар Вент за истото вели: социјалниот идентитет е збир на особини кои индивидуата си ги дава себеси во однос на другите социјални групи и актери.

Хенри Тајфел: идентитетот е дел од самоперцепцијата на индивидуата која носи емотивен набој и вредности, а Џејмс Ферон вели дека социјалниот идентитет се базира на одлука за особините и правилата кои една група ќе ја разликува од другите и така до бескрај во оваа насока која е неспоредливо пододоминантна во научната мисла за идентитетот.

Има нешто важно во таа конструкција на идентитетот што сакам да го споделам со Вас, драги мои, и таму лежи дел од конфликтот со „браќата Бугари“ за и околу Гоцета: таа конструкција не е воопшто едноставна и непротивречна! Таа по „природата“ на нештата оди преку процесот на вклучување/исклучување на другите од групата на која смета дека и припаѓа дадената индивидуа (проблемот на разлика или граница); преку акција на заземање став за некои морални конфликти кои индивидуата мора да ги реши или да се постави во однос на нив (идентитет-во-акција); и преку борба (Чарлс Тејлор) да се биде признаен и да се биде еднакво – вредносно, со достоинство прифатен од другите.

Но, за да разбереме зошто некој би го правел сето тоа, таа мака на самодефинирање па и умирање за неа, битно е да се каже зошто идентитетот му е важен на поединецот и групата.

Културната самоидентификација на поединецот го ситуира неговиот живот во некаква патека на смисла и значење, кое тој често атомизиран и сам многу тешко може да ја определи и изоди. Му дава заштита и посебно чувство на „интимност“, тие примарни сентименти кога припаѓа некаде (belonging). Судирот со невозможните прашања и немањето одговори за човековата конечност, за смислата на живеењето и смртта-посебно, кои се конститутивни прашања-без-одговори, можат утешно да се премостуваат со „одговорите“ и ритуалите на групата – заедницата, иако тие се понекогаш само фантазии, митови и ирационални гестови. Автономијата е последното барање на идентитетот на групата. Се подразбира дека културната група своите прашања треба сама да ги решава, бидејќи другите не би ги разбрале во целост. Тоа е основното начело на колективната правда за групата.

Алаксандар Вајт вели дека тоа се прашања на физичка сигурност, онтолошка сигурност, признавање и развој – барани да се задоволат низ идентитетот и автономијата на групата.

Со еден збор идентитетот има когнитивна и емотивна (афективна) страна: преку него се спознава и живее (т.н. режим на идентитети преку кои се спознава надворешниот свет) и на него се реагира и брани „напалено“.

Кога идентитетот се конструира во самоперцепција, поединецот решава некои морални конфликти во себе и меѓу себе си и групата: морални конфликти на принципи, цели, обврски и барањата. Во тие решенија тој се самодефинира кој е и што е, што сака од себе и својот живот.

За Гоцета од една страна би било интересно да се дознае дали би загинал за својата љубена кај која го фатиле? Дали се прашал што ќе биде со неа од кога него ќе го нема? Дали би го примил за неа лутиот турски куршум во своите гради вопреки се и вопреки секоја кауза? Но, да го оставиме тоа сега неволно настрана и да заклучиме дека Гоце Делчев идентитетски се самоконструирал како Македонец со целината на својата револуционерна борба. Секаде недвојбено се залагал и за тоа го гонеле и убиле на крајот, за македонската кауза на независна, автономна Македонија (тоа со факти се докажува) и дека никаде не се залагал за две бугарски држави, за Голема Бугарија или за автономна Македонија која би се приклучила кон мајка Бугарија (како Ванчо Михајлов на пример). Неговото потекло и тоа како се пријавил (кои опции за пријавување ги имал), како се пријавиле членовите на неговото семејство, кога се пријавил за учител на бугарски јазик во егзархиското училиште во Солун – не се конститутивни за неговиот социјален идентитет (можел да се пријави и како Грк, Турчин или Ерменец) . За тоа се конститутивни самоопределувањето ( идентитет-низ-акција) со целината на неговата борба и живот. Затоа е македонски национален херој и затоа првата бугарска влада по падот на фашизмот во Бугарија одлучува, со право, неговите остатоци да ги префрли во новосоздадената држава Македонија (тогаш во состав на НФРЈугославија како посебна Република).

Зошто е ова сепак проблем за Бугарите да го прифатат, а за Македонците да го разберат и одбранат ?

Конструкцијата на идентитетот, па и Гоцевиот во овој случај, е секогаш правење избор и разлика, поставување граници. Личноста дијалошки постапува (свесно или несвесно) прави разлики за тоа што сака да биде во однос на другите и кон нив (вклучувајќи ги тука и сопствените етнички корени). Во Гоцевиот случај тој го напушта бугарскиот социјален дискурс (со кој е поврзам можеби со потеклото и пријавувањето таму или ваму) и бира македонски во процес на борба која е антагонистичка и тоа го чини живот на крајот. Тој не прави компромиси меѓу нив и јасен е во целината на својата борба. Тој е пример на јасна дистинкција која за него создава нов идентитет. Во тие историски околности разликите се несведиви и суштествени меѓу бугарската кауза и новата македонска која се создава конкретно и низ борба за која Џон Бартон вели дека само таква е можна, имено дека само така се создава и стабилизира социјален идентитет. Ова Бугарите треба да го прифатат како дел од расправата за гоцевиот идентитет, а нив им се чини тешко тоа сега кога можат, по ова прашање, се уште да искористат гола моќ на притисок кон Македонија.

Но, како и секогаш за вакви прашања, кога се работи за нации и држави, проблемот е покомплициран, драги мои и се однесува на прашањето на моќ и потчинување. За да го разјасниме ќе ја користиме категоријата на Чарлс Тејлор „потреба од признавање“ на идентитетот како различен и посебен, како конститутивна за неговото опстојување со достоинство.

Имено, да се биде признаен значи да се биде прифатен на специфичен начин – со достоинство, а тоа значи во својата автентичност со почит. Да се признае еднаква вредност на различни човекови култури е длабока човекова потреба безусловно да се биде прифатен. Да се биде прифатен така го ситуира потенцијалот на индивидуата и е суштествен дел од имањето идентитет. Политиката на еднакво достоинство подразбира дека сите луѓе заслужуваат подеднакво почит.

Обратното, отсуството на признавање или погрешното признавање создава „рани“, повреди, нанесува штета, создава облици на потчинување и го затвара човекот во редуциран облик на постоење .

Во нашиот случај погрешното признавање кое Бугарија се обидува да го наметне е одречувањето македонската нација да може како секоја друга ретроактивно да ја чита историјата препознавајќи ги трагите на создавање посебен национален, социјален и персонален идентитет кај своите херои (што на никој начин не го исклучува споделувањето на историјата таму каде таа е споделива). Лоцирајќи го тоа како можност само од 1944 наваму и иронизирајќи за октроирана одлука (Тито, Коминтерна и сл.) за создавање на нацијата и јазикот, Бугарите нанесуваат повреда на македонското самопоимање. И дополнително инсистираат нацијата да го повнатрешни тоа редуцирано гледање на својата ‚‚нормалност‚‚ како основа на политиката на доминација во иднина .

Она пак што Македонците можат да го разберат во градење на својата позиција е дека создавањето социјален идентитет не подразбира стереотипизирање на другите, дополнителни сентименти на загроза, страв и омраза кон другите со што се потенцира сопствената несигурност. Социјалниот идентитет не го загрозува етничкото потекло или биолошката детерминираност на националниот херој – него го одредува неговата јасна самоперцепција во создавање на својот идентитет. Таа за Гоце Делчев е недвојбено Македонска. Македонија како и секоја друга нормална нација (ако нациите се воопшто „нормални“) ќе може заедно со другите Бугарите, Албанците и Грците да може да ги препознава трагите на сопствениот посебен идентитет, ретроактивно во историјата и да го реконструира како процес и проект истиот тој идентитет како европски во иднина. Тоа е тоа, ништо повеќе но ни помалку!

СФСН.

Љубомир Д. Фрчкоски

loading...

Website https://animeflv.uk: Watch The Demon Girl Next Door animeflv Episode 12 anime sites

Website https://wcostream.cc: Watch Tsuredure Children (Dub) wcostream Episode 12 wcostream dragon ball

Black and White Warriors 3 (https://animepahe.cc/m/yR8b) Episode 6

https://4anime.biz 4anime unblocked

Woddal: https://www.woddal.com/gogoanimebe

Wordlab: https://www.wordlab.com/forums/users/animeflixnl/